Кузман Шапкарев е зет на Димитар Миладинов за една од неговите ќерки. Неговото крстено име е Космос Пасхали. Во својата биографија Кузман Шапкарев запишува “дедото и стриковците на татко ми биле нешто влијателни во Цариград...Кога станало грчкото востание на Хиос, меѓу многуте обвинети и обесени во Цариград Грци, обесиле и двјаца од нашите, имено дедо му и едниот од стриковците на татко ми“. Од една страна вели дека меѓу обесените Грци биле и негови предци, за понатаму да истакне дека потекнува од Бугари, подоцна преселени во Охрид, познати како Пасхалевци, но дека старото семејно презиме им било Шапкареви. За своето презиме пишува “
Старото презиме Шапкареви, само ние двајцата браќа го подновивме во 1856 г. откога почнавме да учиме бугарски“ (За в'зраждането на б'лгарштината в Македонија. Неиздадени записки и писма, стр. 27, Кузман Шапкарев, објавено во Б'лгарски писател, Софија 1984). Дилема за секој читател на автобиографијата на К. Шапкарев е зошто еден “бугарин“ од “бугарско“ семејство не знаел бугарски, па морал да учи бугарски, како и зошто неговите предци “Бугари“ од Цариград учествувале во востанието на Грците од островот Хиос? За разлика од тоа што морал да учи “бугарски“, Кузман Шапкарев без никакво едукација говорел влашки и албански јазик, а творец е и на влашко-бугарски и албано-бугарски речник (Б'лгарски прикаски и вѣрованија с' прибавление на неколко Македоновлашки и Албански, С'брал' и издава К. А. Шапкарев', Сборник' от' б'лгарски народни умотворенија, кн. VIII и IX, 1892, 1894. Софија, Печатница на “Либералниј Клуб'“).
Од преписките на Кузман Шапкарев со неговите пријатели од Охрид дознаваме дека во својата Биографија излажал дека го променил своето презиме во Шапкарев 1856 г., исто како што излажа дека дедото на Димитар Миладинов избегал од с. Магарево од влашките зулуми, за да го скрие влашкото потекло на Миладинови.
Во сите свои писма до охриѓани, Кузман Шапкарев се потпишува како Космос Пасхалис или Паскали и секогаш комуницирал на грчки јазик, за што сведочат подолуобјавените писма од 1861 г. на натаму. Од писмата јасно се гледа дека не го користел “бугарското“ презиме Шапкарев од 1856 г., како што самиот напишал во својата Биографија, објавена во Софија.
(Горе) Писмо на К
осмос Пасхалис, Георгиос Тсакарис и Јоанис Евроф до Димитре Робе од 1861 г. (извор "Братја Миладинови – преписка", стр. 176, ред. Никола Трајков, БАН, Софија).
Вујко на Кузман Шапкарев е Јанаки Стрези, познат учител и собирач на народни умотворби. Неговиот дедо по мајчина страна, Георги Стрези целиот негов живот бил домаќин на грчкиот владика Калиник во Охрид (За в'зраждането на б'лгарштината в Македонија. Неиздадени записки и писма, стр. 475, Кузман Шапкарев).