Дали македонските научници можат да придонесуваат во ЦЕРН?

  • Креатор на темата Креатор на темата Goran Stoimenov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 април 2009
Мислења
1.311
Поени од реакции
21
Денес во ЦЕРН или Европскиот Институт за Нуклеарни Истражувња Македонија има светски влијателен научник со македонско потекло - професор Златко Димчовски кој речиси 40 год.работи со прекин во овој институт,попознт кко ,,булдужерот од Македонија,,
 
Тешка работа Македонија да може да се занимава со нуклеарни истражувања,далеку сме ние од тоа :smir:
 
АБЦ е компетентен по ова прашање...бидејќи он се матка по владиве за инвестирање во нуклеарка...така да сигурно се има среќавано со научници од овој тип...така да не е лошо да не шпекулираме,туку да почекаме АБЦ да гукне нешто ако знае!
:salut:
 
Тешка работа Македонија да може да се занимава со нуклеарни истражувања,далеку сме ние од тоа :smir:

Можеби Македонија како држава да, но зошто да не научници од Македонија. Јас верувам дека можат македонските научници да придонесат многу во овој дел од науката.
 
Човеков 40 години рабори таму а прашањето гласи Дали нашите научници може да придонесуваат??? Па зошто би го држеле тој човек 40 години ако е безкорисен и не придонесува?
 
АБЦ е компетентен по ова прашање...бидејќи он се матка по владиве за инвестирање во нуклеарка...така да сигурно се има среќавано со научници од овој тип...така да не е лошо да не шпекулираме,туку да почекаме АБЦ да гукне нешто ако знае!
:salut:

Oд вакво изолирано ГЕТО во кое што живееме,безпредметно е да се дискутира дали Македонците можат да придонесат нешто во ЦЕРН,затоа што не можат ни да му се приближат во радиус од 1000 километри од центарот.:toe:
 
За научници сигурно ќе има визи, за мозоци секогаш има „one way ticket“ се знае тоа одамна. Туку колку нашите физичари и нуклеарни експерти се со научно (значи вистински научници) педигре? Ако нема такви сега, можеби ова е за во иднина т.е. за идните генерации.
 
И тие научници што ги имаме ќе изумрат додека добиеме визна либерализација.Од Македонија батка,можат да заминат само дебилни типови на кој науката им е последна помисла.Другите се осудени да возат такси,да одгледуваат крави произведувајќи млеко кое нема да им го платат,или да работат за дневница од 5 евра за да преживеат.
Знаеш ли што работи поранешниот Европски првак и Светски Вице првак во ракетно моделарство од Прилеп?Штампа запалки и приврзоци со сито-штампа за да преживее.Пред неколку години не можеше да обезбеди виза а и немаше 1000 евра да учествува на Светското првенство во Чешка па го “батали“ ракетното моделарство.Ете така можат нашите млади и талентирани деца да учествуваат во ЦЕРН.
Истовремено во Европа или во САД таквите таленти веќе работат за НАСА или ЕРБАС.:toe:
 
Можат да придонесат ако однесат со себе лорандит... На времето со специјални летови ги носеа македонските стручњаци да држат предавања по истражувачки центри во бивша Југославија, во Македонија не се знаеше ни како се викаат луѓето.
Лично запознав еден професор Нике Кузмановски кој држеше предавања од Астрономија со многу специфични теми додека астрономија како предмет во Скопје беше тотално маргинализирана.
Стручњаци имало и ќе има, кај нас не се на цена умови, на цена се монетарни сунѓери.
 
Се е убаво, но што бара премиер од некоја држава да прави договори со ЦЕРН?
Од каде на каде е работава...
 
Чудно временско совпаѓање со натрапниците на Кожуф...
 
Можеби Македонија како држава да, но зошто да не научници од Македонија. Јас верувам дека можат македонските научници да придонесат многу во овој дел од науката.

Сите успешни македонци се наобразуваат во странство,нема светски познат македонец кој се школувал во Македонија :smir:
 
Сите успешни македонци се наобразуваат во странство,нема светски познат македонец кој се школувал во Македонија :smir:

Не е битно каде се образувал, битно е дека можат да се носат рамо до рамо со светските научници. Ни една држава не образува целосно еден научник. Сите тие својата наобразба ја стекнуваат низ целиот свет, онаму каде што има услови.:smir:
 
Да ама кога ќе покажат некој подобар резултат автоматски не се македонски научници,туку научници од тој и тој универзитет во Франција,Германија итн :smir:
 
Се е убаво, но што бара премиер од некоја држава да прави договори со ЦЕРН?
Од каде на каде е работава...

ЦЕРН е организација која соработува со држави. Ете на нашиве немале некој покомпетентен да пратат за склучување договор. Еден-човек цел тим. Тоа е....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom