Сакав да прашам поупатени.
Лекот што моментално го даваат кај нас ( и наназад некое време), за луѓе што се заразени или веќе сомнителни, го даваат како тамифлу во сируп варијанта. Значи како антибиотик сируп, а не како вакцина. Сакав да прашам дали ги има истите нус појави како и вакцината?
Тамифлу не е антибиотик, туку антивирусен лек.
Освен во таблетарна форма, може да се даде и како течен сируп, тогаш се вика дека се дава како суспензија и нема никаква разлика од таблетите. Обично во таква форма се дава кај деца.
Вакцината не е исто што и тамифлу.
Тамифлу се дава да се излекува заболен од грип, и нема врска со негативните ефекти од вакцината.
Вакцината сама по себе не е смртно опасна, но како и сите други вакцини, ако се даде на човек кој е веќе заразен ќе предизвика реакција која може да е опасна.
А, во овој период тешко е да се утврди дали некој ако нема симптоми бил во контакт со вирусот, бидрјќи симптомите се појавуваат по одредено време.
А, тоа дека вакцината била опасна, бидејќи содржела жива, е помалку важно.