- Член од
- 28 март 2006
- Мислења
- 17.791
- Поени од реакции
- 12.273
Ајде уште малку информации за искреноста на овие компании и институциите (као ФДА, СЗО) као нивна десна рака
Фармацевтски гигант криел дека лекот за дијабетес е опасен
Фармацевтски гигант криел дека лекот за дијабетес е опасен
Еве податоциБританската фармацевтска компанија „Гласко –Смит- Клајн“ која е втора по големина во светот, криела дека лекот против дијабетес Авандија (Avandia) e причина за десет илјади срцеви напади.
Овој податок го објави сенатот на САД.
Сенатот исто така ја критикува администрацијата за храна и лекови (ФДА) на Соединетите Американски држави која “избегнала“ да соопшти за опасноста на штетниот лек.
„Американците имаат право да знаат колку се сериозни здравствените ризици поврзани со лекот Авандија, а компанијата „Гласко –Смит- Клајн“ имала должност да им го каже тоа на своите корисници“, изјави сенаторот Макс Баукус.
Фармацевтскиот гигант ги отфрла обвинувањата.
„ Не се согласуваме со заклучоците од извештајот“, рече Ненси Пекарек, претставник на британската компанија.
Во извештајот од 334 страници кој е плод на двегодишни анализи, се наведува дека ФДА одобрила користење на лек кој бил предизвикувач на 83.000 срцеви удари во периодот меѓу 1999 и 2007 година.
Комитетот прегледал повеќе од 250 000 страници документација кои биле доставени од „Гласко –Смит- Клајн“, ФДА и неколку истражувачки институти.
Покрај загрижувачките податоци поврзани со бројот на срцеви напади кај пациентите кој земале од лекот Авандија , во извештајот на сенатот на САД се наведува и дека челници на „Гласко –Смит- Клајн“ пробале да “заплашат“ неколку независни лекари.