СЗО прогласи пандемија на свински грип! [Швајцарците пронајдоа вакцина!]

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
дали лошо разбарв или што ??? препорака од министерството ... да не се носеле масовно маски ?????????? ЛОЛ ?:lud:
 
Јас како што гледам и читам повеќето заразени се средношколци кои се биле на екскурзии во други држави.:toe:
 
Шо велат дека маскиве траеле 2 часа после нови???
И кај ги има само во аптеки или?
 
Шо велат дека маскиве траеле 2 часа после нови???
И кај ги има само во аптеки или?
Заборавив која професорка беше, ни кажа дека ако се намократ со вода или нешто у тој фазон, не би биле корисни то ест нова купувај си..:/
 
Една работа, од новиов грип умираат повеќе него од обичниот но незначително повеќе.

Мерките кои се преземаат би требало да важат за сите типови сезонски грип. Маски, затварање школи на одреден период. додатно ц и д витамин но без вакцини!

Нешто што би требало да се направи на прво место кај сите типови грип досега не го кажуваат црна на бело:

Не им се бутајте на други во лице, не им кивајте и кашлајте во фаца туку исклучително во марамче! Драстично ќе се намалат сите инфекции ама тоа не кошта ништо па не дезинформираат со глупости и опасни неиспитани вакцини.

Срамота :nenene:.
Јеееее!!!
 
Ти знаеш дека ако се изгубат 200 часови, тогаш мора секој ученик да полага класен испит? Не е само губење часови. И да не се учи одреден период тогаш мора изгунените часови да се надоместат. А на вестите и во весниците многу ги преувеличуваат работите за да добијат поголема гледаност. Обичниот вирус е 95% поопасен од овој. И туку гледам некој идиоти нашколо со маските кренати на чело и се муваат со партнерите...важно се направија важни со маските...Преголема паника се крена со маски и вакцини, а насекаде пишува дека вакцините имаат опасни состојки кои го оштетуваат мозокот.
 
Има два вида на маски. Оние што се продаваат во аптеки што се само со еден - два слоја и уште еден вид кои имаат епидемиолошка облога (не знам татко ми како ми ги кажа). Првиве маски се гола вода, нема врска дека штитат нешто, ама вториве се подобри, само што ќе се испотиш ко стока за едно половина час.
Всушност, маската каква и да е, не е решение во време за епидемија, друго е решението, но ај, нека биде.
 
Како може да биде решение една маска кога грипот се пренесува со допир..ако не одржуваш хигиена..може и гас маска да носиш исто ти се фаќа..следниот допир со нечисти раце се доволен...
 
Како може да биде решение една маска кога грипот се пренесува со допир..ако не одржуваш хигиена..може и гас маска да носиш исто ти се фаќа..следниот допир со нечисти раце се доволен...

Затоа и јас им се чудам, но ајде, да видиме до когаќ е трае. Ќе се малтретираме сите за џабе со маски, ќе се потиме како стоки без ефект. Од утре е задолжително кај мене во школо. :tapp:
 
Затоа и јас им се чудам, но ајде, да видиме до когаќ е трае. Ќе се малтретираме сите за џабе со маски, ќе се потиме како стоки без ефект. Од утре е задолжително кај мене во школо. :tapp:
Во мода било низ цел свет бе..шо се буниш:pos2:
 
дали лошо разбарв или што ??? препорака од министерството ... да не се носеле масовно маски ?????????? ЛОЛ ?:lud:

да да така рекоа демек само тие што имаат симптоми да носат, нема логика али ај
 
Нема шанси да ги затворат дискотекиве. Шо ви е, им треба профит нив, макар и од 2-3ца ..За да не ги затвораат решија да пуштаат само со маски.
Али кое искачање е тоа? У стилу угуши се, ама јас правам пари тука. :uvo:
Најдобро ќе биде да ставиме сите прст на чело и некое време да се изолираме што повеќе од надворешниов свет.
Учениците и родителите се во паника, некои и со причина не доаѓаат на настава. А некои и радо би дремеле на час.
На Тв само се бламираат, не убедуваат да не паничиме, а грипов е неизбежен, едина тема на разговор последнава недела. Изгледа треба да почнат смрните случаи за да го сфатат како real threat.
Инаку за вакцината ко што читав, содржела опасни состојки и луѓе останувале стерилни од истите.. па и да дојде некад, јас не планирам да примам.
Некои се тешат дека вакцините се во ред, ќе бидат тестирани на медицински лица најпрвин... Ама јас не би. Сумњиво ми е :/:
 
на тв рекоа дека предност при вакцинација ќе имаат: медицинскиот персонал, децата до 10 години, трудниците и хронично болните. Јас баш денес настинав.
 
на тв рекоа дека предност при вакцинација ќе имаат: медицинскиот персонал, децата до 10 години, трудницита и хронично болните. Јас баш денес настинав.

Oди на матичен лекар што поскоро,незнаеш што може да е.Од тоа најмаце што очекуваш тоа може да е.Кај нас во градов како што знам нема до сега некој заразен а и по школо се е по старо нема никој со маски или слично.
 
Како може да биде решение една маска кога грипот се пренесува со допир..ако не одржуваш хигиена..може и гас маска да носиш исто ти се фаќа..следниот допир со нечисти раце се доволен...

Грипот најповеќе се пренесува преку дишни патишта, значи кивање и кашлање или некој ако ти диши во лице од близина. Тоа е би рекол во 90% случаи како грип се пренесува. Сеа за рацете. Доволно е да не пикаш раце во нос и нема така да добиеш грип. Не се пренесува преку кожа туку треба да дојде до дишни патишта.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom