Странските инвестиции во иднина уште поскромни

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Возраст
39
Странските инвестиции ќе бидат поскромни во иднина, се согласуваат надлежните и упатените. Поради светската економска криза не може да се очекуваат поголеми странски приливи на сретства, предупредуваат експертите. Од Агенцијата за привлекување на странски инвестиции, пак, тврдат дека странските инвеститори се позиционираат на македонскиот пазар за да инвестираат откако ќе заврши кризата.

Граѓаните не се оптимисти за економскиот развој на земјава, не очекувајки дека работите ќе се опорават.
„Вакво нешто не ми виделе очи никогаш, никогаш, ова е уби боже!“
„До сега, сме имале прилика повеќе гарнитури политичари да ветуваат нешто. После извесно време сведоци сме дека многу малку се исполнува од тоа што го ветуваат.“
„Тие си решаваат сами, како што ќе им текне, не почитуваат ниту закон ништо.“

Додека граѓаните се видно загрижени за иднината, од надлежните инсититуции уверуваат дека Македонија не е комплетно прешкртана од листата на потенцијалните странски инвеститори. Директорот на Агенцијата за привлекување странски инвестиции Виктор Мизо вели дека странските инвеститори се уште изразуваат интерес за Македонија, позиционирајки се на Македонскиот пазар за да инвестираат кога кризата ќе заврши

„Постои група компании кои моментот на светска економска криза го гледаат како можност и излез од кризата, како тие да се позиционираат веднаш по завршувањето на кризата и започнување на економиите, како тие да имаат нова локација и дестинација, каде што ќе се поефтини, поконкурентни и подобро ситуирани на пазарот. И од таа гледна точка, ако земеме во последните шест месеци, бројот на компании кои доаѓаат и ги гледаат можностите за директни инвестиции во Македонија воопшто не е намален од она што се случуваше на, да кажеме, крајот на летото, или почетокот на есента, дури во некои случаи имаме и мало зголемување на бројот на компаниите кои сакаат да ги согледаат можностите.“

Мизо додава дека за сега има една компанија која во слободната економска зона Бунарџик е заинтересирана за изградба на фабрика во која ќе се произведуваат ЛЦД телевизори и компјутери:

„Компанијата е joint venture, корејска и кинеска фирма, заедничка инвестиција во фабрика која ќе произведува ЛЦД телевизори, монитори, деск топ и лап топ компмјутери. Од нивна страна е завршен процесот. Следно е да се доврши договорот што се потпишува со институциите на државата, за закуп на земјиштето и за сите бенефиции кои се нудат во технолошко индустриската зона. Очекуваме процесот да заврши до крајот на април, почетокот на мај, а тие пролетва ќе започнат со активности за изградба на нивниот иден објект во Македонија“

Експертите, од друга страна, сметаат дека не може да се очекува нов прилив на странски инвеститори. Кога матичната земја на инвеститорот е во криза, тој не може да се шири во странство, тврди економскиот аналитичар Сем Вакнин

„Македонија е мал и занемарлив актер во глобалната економија. Ова има и добри и лоши страни. Добрата страна е што ома помали шанси постоечките странски инвеститори во Македонија комплетно да затворат. Трудот е ефтин, трошоците се минимални и има шанси постоечките инвеститори да ги зачуваат инвестициите за во посткризниот период. Од друга страна, Македонија има мали шанси да привлече нови инвеститори. Македонските инвестиции се фокусирани на сектори кои се силно погодени од кризата: автомобилската индустрија, рударството, текстилната индустрија, и индустријата за преработка на комодитети - сите овие сектори се соочени со најголемата контракција во изминативе 70 години и мали се шансите да инвестираат свеж капитал. Не се ни големи шансите да имаат широки погледи кон пост кризниот период. Тие се борат за опстанок, и немаат прилив на пари доволен за да ги задржат своите постоечки проекти а камоли да инвестираат.

Вакнин вели дека најдобри перспективи за странски инвеститор во земјава има во информациските технологии

„Долгорочно, Македонија може постепено да се развие во центар за информатички технологии.Во иднина земјава може да обезбедува подршка за обработка на податоци, да нуди сервиси за авиокомпании, да обработува податоци од кредитни картички и да има активности за развој на помали софтверски апликации. Но да се каже дека Македонија е стратешка шанса за компаниите, според мене, е голема заблуда.“

Странските стопанственици со слични мислења како експертите.
Шефот на германската стопанска комора во Македонија, Србија, Косово, Црна Гора и Албанија Михаил Шмит вели дека во следниов период поприоритетни треба да бидат домашните инвестиции

„И приоритетот на сите Влади од регионот, како и на бизнис асоцијалциите и стопанските комори како нашата е да ги задржат постоечките инвестиции и да ги довршат проектиоте кои беа иницирани во изминативе неколку месеци или во минати години“

Најперспективни за германските стопанственици во следниов период за германските стопанственици се инфраструктурните проекти

„Очигледно Mакедонија страда од намален извоз од намален извоз од металопреработувачката и текстилната индустрија како и намален интерес за транспортни услуги. Ова се случува поради надворешни влијанија кои не може земјата да ги контролира. Перспективите за германските инвеститори во Mакедонија ги гледам во инфраструктурните проекти и владините програми.“

Експертите до сега неколку пати посочија дека за задржување на постоечките странски инвеститори и за привлекување нови, битна е стабилноста. Шефот на аналитичкиот оддел на германската ДЗ Банк Ханс Јекел посочува дека за странскиот инвеститор битна е макроекономската стабилност.

„Претпоставувам дека во Македонија нема многу неискористен капитал од заштедеди, па би требало да се потпрете на приливи од странските пазари. Моето прашање е дали инвеститори од Кина или Арабија ја гледаат Македонија како најбезбедно место каде би ги инвестирале своите пари?“

Сепак, домашнмите експерти посочуваат дека макроекономската стабилност е благо нарушена поради кризата. Двата поголеми проблеми, според Марјан Николов од центарот за економски анализи се истиснувањето на приватниот сектор и силните удари по девизните резерви, што се заканува на стабилноста на девизниот курс

„На крајот, се завршува со топење на девизните резерви. Тоа е едниот негативен ефект, а вториот е истиснувањето на приватниот сектор и достапноста на финансиски средства во финансискиот сектор. Бидејќи владата и НБМ ја исцрпуваат ликвидноста и остануваат помалку средства за приватниот сектор, да може да финансираат проекти.“

Дел од сликата за состојбата со странските инвеститори миоже да се добие од македонската берза. Според последниот извештај, учеството на странските инвеститори на официјалниот пазар на берзата во Март е 21,33 проценти или за 0,09 отсто помалкју во споредба со фебруари годинава.
Официјалните податоци од берзанските извештаи покажуваат дека странците повеќе продаваат отколку што купуваат акции. Имено странските инвеститори во март учествувале со 8,11 отсто во купувањето и со 40,74 отсто во продавањето. Домашните инвеститори, од друга страна повеќе купувале одошто продавале. Вкупно 91,89 отсто од купувањето на берзата им припаѓа на домашните инвеститори кои во продажбата учествувале со 59,26 проценти. Директорот на „Илирика Фунд Менаџмент“ Александар Манев вели дека за инвестициските фондови пиоатрактивни се светските пазари

„Фокусот во минатото беше на Источна Европа и на пазарите кои имаат потенцијал за раст и развој. Сега тоа е тотално променето и фондовите инвестираат на берзите во САД, Лондон, Франкфурт. Зошто? Затоа што најпрвин се очекува опоравување на берзите каде што и се случи кризата.“

Инаку во изминатиов период посебно актуелен беше стгранскиот инвеститор „Сведмилк“ кој се истакна во негативно светло со милионски долгови кон локалните фармери. Додека фармерите формираат здружение, надевајки се дека ќе ги наплатат побарувањата од млекарата, Тутунска банка веќе ја активираше хипотеката на фабриката поради неисплатени долгови. Меѓу другото, поплаки за нефер услови на Македонскиот пазар пристигаа и од австрискиот ЕВН.

Извор:http://www.makdenes.org/content/article/1615675.html
 
EVN i telekom ne se investivcii, toa e grabez da prodades nesto sto ti nosi sigurna para treba da si imas nekoj problem sa sobom ili pak da si prinuden na toa.
 
EVN i telekom ne se investivcii, toa e grabez da prodades nesto sto ti nosi sigurna para treba da si imas nekoj problem sa sobom ili pak da si prinuden na toa.


Точно......нарочито Телекомот кој беше во состојба да ги купи сите околни телекоми топ-тан.....

Што сме запнале толку за странски инвестиции.....и овде лежи голема пара (искраденото) само оди натерај ги да ја инвестираат....си знаат со што ќе си имаат работа.
 
А како очекувате инвестиции кога светската економија е во криза компаниите неможат месец со месец да врзат а вие очекувате да инвестираат во Македонија/?
 
А како очекувате инвестиции кога светската економија е во криза компаниите неможат месец со месец да врзат а вие очекувате да инвестираат во Македонија/?

Не знам......
ова прашање постави и го на владата,од таму ветија странски инвестиции :toe:
 
Незнам што толку сме лавнале по тие странски инвестиции...
Секој странец што ќе ти влезе очекува ЌАР цивање од државните ресурси ...
Особено оние стратешките, како Рудните богатства и енергијата...
Мислам дека овдека треба самите да бидеме многу поактивни...
Да не ме разберете погрешно не сум против Странски инвестиции , туку не сум нити да се потпреме целосно на нив...
Незнам поради кој причини Македонија внатрешно не зајакнува и не гради стратегија за домашните инвеститори...
Туку се нудим ена странците заборавајќи ги домашните производители...
Мислам дека има области во кои Македонија има потенцијал да се развива и на тој потенцијал треба да се инвестира...
Мора прво внатрешно да зајакнеме а инвестициите ќе си дојдат сами по себе...
Инаку како да дојде некј странец да инвестира во Македонија кога ниту домашните фирми неуспеваат ...
Затоа мислам дека успешни домашни фирми ќе бидат магнет за странскиот инвеститор...А и ќе имаат со кој да соработуват...
 
Не ни требаат инвестиции, особено Грчки!

Знамиња големи по плоштади ни требаат и цркви, повеќе, за коа ќе почнат да умираат луѓето од глад, да има место кај да ги пеат... Попојне...
 
Незнам што толку сме лавнале по тие странски инвестиции...
Секој странец што ќе ти влезе очекува ЌАР цивање од државните ресурси ...
Особено оние стратешките, како Рудните богатства и енергијата...
Мислам дека овдека треба самите да бидеме многу поактивни...
Да не ме разберете погрешно не сум против Странски инвестиции , туку не сум нити да се потпреме целосно на нив...
Незнам поради кој причини Македонија внатрешно не зајакнува и не гради стратегија за домашните инвеститори...
Туку се нудим ена странците заборавајќи ги домашните производители...
Мислам дека има области во кои Македонија има потенцијал да се развива и на тој потенцијал треба да се инвестира...
Мора прво внатрешно да зајакнеме а инвестициите ќе си дојдат сами по себе...
Инаку како да дојде некј странец да инвестира во Македонија кога ниту домашните фирми неуспеваат ...
Затоа мислам дека успешни домашни фирми ќе бидат магнет за странскиот инвеститор...А и ќе имаат со кој да соработуват...

Се сложувам потполно со ова што си го напишал.
Инаку доколку реално ги погледнеме досегашните срански инвестиции,ќе видиме дека уствари ние како држава МАКЕДОНИЈА немаме ама апсолутно никаков ќар од нив.
Наместо да се трошат реклами од типот "инвестирајте во Македонија",треба да им се помогне на домашните фирми и внатрешно да зајакнеме,а после тоа нема да има ни потреба од реклама ни ништо.Сами ќе си доаѓаат странските инвестиции.
Попросто здравје:Ако дрвото е шупливо,може ли да се очекува плод????:toe:
 
Што сме запнале толку за странски инвестиции.....и овде лежи голема пара (искраденото) само оди натерај ги да ја инвестираат....си знаат со што ќе си имаат работа.

За “странски инвестиции“ запињаат сите влади затоа што со такви “инвестиции“ најмногу може да се штекнат пари во џебовите на министрите и службениците од високите владини кругови.Најпрвин од процентот за доделување на тендерот или концесијата кој се движи на “легани“ 5-10% од целокупната инвестиција,потоа со уцените да се вработат одредени луѓе во објектот кој се нарекува “странска инвестиција“,за на крај да се дотолчат потенцијалните инвеститори со доделбата на земјиштето каде ќе се гради инвестицијата.
Со домашните инвеститори не е интересно да се работи затоа што сите овие помалку тајни податоци брзо излегуваат во јавност,па следат скандали со несогледиви последици за политичкиот рејтинг но и уцени од домашниот инвеститор за “подмачкувањето“ што го дал пред да стартува со инвестицијата од домашен карактер.:toe:
 
Не знам......
ова прашање постави и го на владата,од таму ветија странски инвестиции :toe:
Не сте нормални сега и груевски стана крив што има светска ркономска криза
бог да чува
 
Не сте нормални сега и груевски стана крив што има светска ркономска криза
бог да чува

:oftopic:Дај боже ти да си нормален........кога ние не сме,па да не просветлиш малку.

он топик:Па некој викаше и дека нема економска криза кај нас.Мене добро ме држи памтењето.Или и тоа беше предизборно :sekss: во здрав мозок??????
 
А како очекувате инвестиции кога светската економија е во криза компаниите неможат месец со месец да врзат а вие очекувате да инвестираат во Македонија/?
Па како да не очекуваме инвестиции во држава која е светски даночен рај за потенцијалните инвеститори. Нели така беше ?
 
:oftopic:Дај боже ти да си нормален........кога ние не сме,па да не просветлиш малку.

он топик:Па некој викаше и дека нема економска криза кај нас.Мене добро ме држи памтењето.Или и тоа беше предизборно :sekss: во здрав мозок??????
Е тоа дали било пред изборно незнам а колку да знаеш најголемите економии во светот се во рецесија па паралелно на тоа и нашата, не треба да си економист за да сватиш дека ако ти откажат аранжман партнерите од европските економии ке нема за кого да работиш
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom