igor108367
Dark Lord Sauron
- Член од
- 25 јануари 2009
- Мислења
- 2.516
- Поени од реакции
- 113
Владата ги скуси државните трошења, но не доволно за да обезбеди домаќинско работење во време на криза, оценуваат експертите.
Буџетот е покус за 173 милиони евра, но и натаму остануваат огромни суми за нестопански прокети, администрација, вработувањата на дело. Еве што покажуваат бројките. Годинава, кабинетот на Груевски планира да потроши повеќе од 426 милиони евра за договорни услуги - пари со кои директно се финансираат вработувања со договор на дело.
Споредбено со 2002., кога актулениот премиер беше министер за финансии - договорните услуги во буџетот тежеа 20,5 милиони евра. За седум години оваа ставка, преку која се финсисраат партиските вработувања - пораснала за повеќе од 405 милиони евра. Драстичен раст е регистриран и кај трошењата за мебел, опрема, службени патувања.
Во 2002. за службени патувања биле потрошени 6,6 милиони евра, годинава планирани се 23,4 милиони евра. Голем раст и кај ставката за мебел, опрема, машини, 2002. - 95,7 милиони евра, годинава 143,8 милиони евра.
„Владата сега да ги отпушти оние партиски кадри што ги примала и се товар за државата, но таа само ги замрзна, а сите знаеме дека малку само да помине време повторно ќе продолжи да ги прима, не како вработени туку со договорни услуги ставка која во буџетот драстично е зголемена, она на сиво ќе продолжи да ги вработува и тоа е политичка измама што вчера го соопшти“, изјави Никола Поповски, поранешен министер за финансии.
Дел од економистите велат дека и покрај ребалансот државата реално не скрати од сопствениот комфор - буџетскиот дефицит останува на 2,8% од БДП - што укажува дека натаму со пари од стопанството ќе финансира нестопански трошења.
„Намалувањето на буџетот од 9 проценти не е доволно, јас мислам дека во втората половина од годината тој ќе биде намален барем за 20 проценти. Многу важно е Владата да го стимулира извозот со директни субвенции на производи кои можат да постигнат краткорочен извоз, да се дестимулира увозот на луксузни производи со покачување на акцизите на пример“, Ванчо Узунов, универзитетски професор.
Ребалансот на буџетот пред собарнието ќе се најде за еден месец.
Државава може без се освен без партиски вработувања. огромна мегаломанска администрација, ама не се може без нив ќе немаат подршка тогаш партииве сироти ќе нема кој да ги гласа.