Ама имај предвид дека прв сервис ти е повеќе од 9.000 денари за Lancer-от. Башка, почна да не ми прави мерак. Се имам возено, премногу крута вожња има и премногу брчи. Ама селско брчење, не спортско. Нервира ептен. И некако тапа пластика имаат тоа штоповити. Доближи се до некој Lancer што е возен повеќе од 2 месеци. Ќе видиш како му се цели заматени и пожолтени. Како да го возеле 10 години.... А битен фактор е и неквалитетната боја, која е премногу осетлива и многу лесно се гребе. Ова се искуства кои ги споделуваат бројни возачи на Lancer по македонските автомобилски форуми.
И јас бев загреан за Lancer бајаги време, ама се откажав...
Уплатив за C4 Coupe, 1.4, црна боја. Ваљда другата недела ќе го имам :zlo:
Илјадници различни мислења ќе се изнаслушаш. За некого твојата најдобра кола е срање, а за тебе предлозите на другите ти се бесмислени. Гледај тебе што ти се допаѓа, а не што коментира некој што првпат го читаш на форум. Али, ако ги имаш тие пари во кеш - најдобра варијанта ти е одлично сочувано половно возило. Имаш огромен избор. Па дури и да го возиш една година и да ти скурчи - ќе изгубиш 100/200 евра, а не 2000/3000 како кај ново возило.