- Член од
- 7 февруари 2009
- Мислења
- 5
- Поени од реакции
- 0
„Радко“ ќе се тепа на избори
Игор Чавески
Здружението на Бугарите во Македонија „Радко“ има намера до почетокот на летото да се пререгистрира во политичка партија, дознаваме од кругови блиски на здружението. Членовите на ова здружение интензивно се подготвуваат за регистрација на партија, која, според најавите, ќе брои околу 10.000 членови, дознава „Време“. Претставници на „Радко“, кои говорат анонимно, велат дека се охрабрени од позитивниот резултат во Судот во Стразбур, кој пресуди во нивна корист, и веруваат дека без проблем ќе ги соберат потребните 1.000 потписи за регистрација на партијата. - Седиштето на партијата ќе биде во Охрид бидејќи овој град важи за место каде што има најголем број приврзаници на идејата Бугарите во Македонија да имаат своја партија - вели нашиот соговорник. Освен тоа, вели тој, членовите на „Радко“ се чувствувале побезбедно во Охрид зашто во Скопје неколку пати биле нападнати при обидот да ја чествуваат годишнината од смртта на контроверзната хероина Мара Бунева. Покрај Охрид, партијата ќе има разграноци и во Велес, Скопје, Струмица, Штип и во Кавадарци, тврди соговорникот. Промоцијата на партијата се најавува за 2 август, на Илинден, а на неа, велат, ќе присуствува и бугарскиот ултранационалист Красимир Каракачанов, кој води кампања против регистрацијата на партијата на македонското малцинство во Бугарија, ОМО Илинден “ Пирин. Оваа иницијатива на „Радко“ се подготвува во најголема тајност. Засега не се открива ништо за тоа кои ќе бидат првите луѓе во партијата, како ќе се вика партијата, или која ќе биде нејзината платформа и цел. Речиси е извесно дека претседател на партијата ќе биде Владимир Паунковски од Охрид, првиот човек на „Радко“, кој важи за еден од најголемите промотори на бугарското движење во Македонија. Идната партија на „Радко“ очекува поддршка, пред се, од Македонците што извадиле бугарски пасош и притоа потпишале изјава дека се чувствуваат како Бугари. Велат, на тие што имаат такви пасоши или во моментот аплицираат, преку посредниците и агенциите што им ги вадат документите, ќе им биде „сугерирано“ да потпишат пристапници во новата партија што ќе ја регистрира „Радко“. Се проценува дека во последниве неколку години околу 20.000 македонски граѓани имаат бугарски пасоши со кои може да патува во земјите од ЕУ без визи. „Радко“ се уште не ја добило од државата отштетата од 5.000 евра што ја досуди Европскиот суд во Стразбур, како надомест што македонските судови пред седум години го забрани ова здружение. Судот образложи дека со забраната на „Радко“ Македонија ја крши Европската конвенција за човекови права и за правата на здружување. Минатиот месец здружението „Радко“ испратило писмо до Владата, до претседателот на државата и до Уставниот суд во кое бара Бугарите да се вметнат во Уставот како еден од конститутивните народи, а бугарскиот јазик како еден од службените јазици во Македонија