БУГАРИТЕ ФОРМИРААТ ПАРТИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

Член од
7 февруари 2009
Мислења
5
Поени од реакции
0
„Радко“ ќе се тепа на избори
Игор Чавески

Здружението на Бугарите во Македонија „Радко“ има намера до почетокот на летото да се пререгистрира во политичка партија, дознаваме од кругови блиски на здружението. Членовите на ова здружение интензивно се подготвуваат за регистрација на партија, која, според најавите, ќе брои околу 10.000 членови, дознава „Време“. Претставници на „Радко“, кои говорат анонимно, велат дека се охрабрени од позитивниот резултат во Судот во Стразбур, кој пресуди во нивна корист, и веруваат дека без проблем ќе ги соберат потребните 1.000 потписи за регистрација на партијата. - Седиштето на партијата ќе биде во Охрид бидејќи овој град важи за место каде што има најголем број приврзаници на идејата Бугарите во Македонија да имаат своја партија - вели нашиот соговорник. Освен тоа, вели тој, членовите на „Радко“ се чувствувале побезбедно во Охрид зашто во Скопје неколку пати биле нападнати при обидот да ја чествуваат годишнината од смртта на контроверзната хероина Мара Бунева. Покрај Охрид, партијата ќе има разграноци и во Велес, Скопје, Струмица, Штип и во Кавадарци, тврди соговорникот. Промоцијата на партијата се најавува за 2 август, на Илинден, а на неа, велат, ќе присуствува и бугарскиот ултранационалист Красимир Каракачанов, кој води кампања против регистрацијата на партијата на македонското малцинство во Бугарија, ОМО Илинден “ Пирин. Оваа иницијатива на „Радко“ се подготвува во најголема тајност. Засега не се открива ништо за тоа кои ќе бидат првите луѓе во партијата, како ќе се вика партијата, или која ќе биде нејзината платформа и цел. Речиси е извесно дека претседател на партијата ќе биде Владимир Паунковски од Охрид, првиот човек на „Радко“, кој важи за еден од најголемите промотори на бугарското движење во Македонија. Идната партија на „Радко“ очекува поддршка, пред се, од Македонците што извадиле бугарски пасош и притоа потпишале изјава дека се чувствуваат како Бугари. Велат, на тие што имаат такви пасоши или во моментот аплицираат, преку посредниците и агенциите што им ги вадат документите, ќе им биде „сугерирано“ да потпишат пристапници во новата партија што ќе ја регистрира „Радко“. Се проценува дека во последниве неколку години околу 20.000 македонски граѓани имаат бугарски пасоши со кои може да патува во земјите од ЕУ без визи. „Радко“ се уште не ја добило од државата отштетата од 5.000 евра што ја досуди Европскиот суд во Стразбур, како надомест што македонските судови пред седум години го забрани ова здружение. Судот образложи дека со забраната на „Радко“ Македонија ја крши Европската конвенција за човекови права и за правата на здружување. Минатиот месец здружението „Радко“ испратило писмо до Владата, до претседателот на државата и до Уставниот суд во кое бара Бугарите да се вметнат во Уставот како еден од конститутивните народи, а бугарскиот јазик како еден од службените јазици во Македонија
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
ajde pasosi za clenski partiski kniski :tv:
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443

LINK, od kade e vesta????
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Кога ке се регистрира ОМО Илинден како партија во Бугарија, тогаш и Ратко во Македонија....

Па да видиме каде има повеќе Македонци во Бугарија, или Бугари во Македонија.
 
ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
askol sun...taman sega sosedive da vidat kolku ima bugari i ednas da si gi zatnat muckite....na izbori partijata moz e da osvoi 1200 glasa najveke )))).

ama pak sega taman i omo ilinden da go registriraat...da ne se sebicni !
 
mozebi ke napravat koalicija so VMRO-NP :tv:
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Освен тоа, вели тој, членовите на „Радко“ се чувствувале побезбедно во Охрид зашто во Скопје неколку пати биле нападнати при обидот да ја чествуваат годишнината од смртта на контроверзната хероина Мара Бунева. ...

...Промоцијата на партијата се најавува за 2 август, на Илинден, а на неа, велат, ќе присуствува и бугарскиот ултранационалист Красимир Каракачанов...
:)))))))))))))))))))))

Дојди ми Лено, на езеро бело....
И Лихнида, и кајчиња и Билјана, се ќе видите. Уште и Каров да најави присуство....мерак.

Неможам да ја сокријам возбудата.
 
theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Како се вика партијата?
Нови Татарски Евро Перспективи?

Нека се формира таа партија... ама што бива ако влезат во парламент и треба да зборуваат? На Албански или на Македонски ќе зборуваат?

Веста според тоа што пишува е од „Време“.

Инаку да ве подсетам дека сите смеат да имат партии во Македонија, само Македонците не смеат никаде освен во Македонија (каде што сите смеат да имаат партија) да имаат партија.
 
corba666

Аполитичен промакедонски
Член од
3 април 2008
Мислења
266
Поени од реакции
55

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Се радувам на што побрза регистрација. Најдобар начин да им се плесне у фаца на бугарите дека во Македонија такви има едвај 100, од кои ниеден нема бугарско потекло, туку се наши со измиен мозок. Како што има и „срби“.

Прашање е дали ќе ги соберат потребните потписи.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
ќе соберат и потписи и се ....
колку има со бугарски пасоши у МК се знае?
сите тие ќе ги уценат ... ако не потпишат ќе им укинат државјанство ....
ц ц ц ц ц
за џабе ли ги даваа пасошите ...
е сега на кој му треба тој пасош со 2 раци ќе потпише ... кој станал зависен од пасошот ....
ај ако ништо друго барем ќе ги имаме бугарофилите на куп ... овака не знаеш кој каде е ....
ја незнам стварно покрај притисокот доле у гејција зошто не се притисне и потпомогне ОМО у бугарија ...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom