Сакам да го прашам администраторот на темата ако може да ми помогне. Вака имам две партиции на харддискот една каде што ми е windows-от и друга за податоци. Е сега кога треба да инсталирам ubuntu треба уште две партиции да направам една за linux и другата што е swap,меѓутоа и самиот претходно инсталиран windows си креирал некоја партиција WINREG па не ми дава да креирам уште една партиција(онаа втрата потребна за swap) пошто не може да се креираат повеќе од 4 партициии. Па ќе ве замолам за помош, да ми кажете начин тоа да го решам а да ми стојат тие две партиции што претходно ми беа направени
Друже, темава нема админ, тие што се админи се админи на цел форум, а си има и модератор (Junkie), али за помош нема везе тоа.
WINREG партиција до сега немам видено, едино ако таа партиција е од лиценциран Windows, а јас до сега немам користено лиценциран Windows, а за партиции зашто само 4 ?
До сега не сум направил над 3 (+2 Линукс), али еден другар има 8 партиции, башка и мене ми се има десено да направам Dual Boot со 3 Windows и 2 Linux партиции
Ако не ти е тешко малце подетално да објасниш, што ти вика кога пробуваш да креираш нова партиција, како ја креираш новата партиција и слично, дека ваков случај до сега друже не сум сретнал. :/