igor108367
Dark Lord Sauron
- Член од
- 25 јануари 2009
- Мислења
- 2.516
- Поени од реакции
- 113
Гласајте за светско чудо и преку телефон!
Охридското Езеро во моментов се наоѓа на 55-то место
И по телефон може да се гласа за Охридското Езеро и пештерите Врело на светскиот избор за нови 7 чуда на природата.
Гласањето на бројот 0041773124041 ќе ве чини колку 1 минута за меѓународен повик кон мобилен телефон во Швајцарија, или околу 100 денари.
Телефонски ќе можат да гласаат сите заинтересирани насекаде во светот од телефон со тонско бирање. По снимената порака на англиски јазик и тон за почеток на гласањето, треба да притиснете 602 за Охридското Езеро или 429 за пештерите Врело.
Крајот на гласањето го означува снимена порака „благодарам“ на неколку светски јазици.
„Гласањето за првопласираните 77 кандидати ќе заврши на 7-ми јули 2009-та година. Затоа гласајте за да изберете кои ќе бидат во групата 77 природни убавини од кои ќе се изберат 21 финалист“, изјави Тиа Виеринг, портпарол на организаторот.
Охридското Езеро во моментов се наоѓа на 55-то место, односно влегува во потесниот избор од 77 кандидати кои ќе влезат во полуфиналето. Пештерите Врело се наоѓаат на 22 место во својата конкуренција и потребно е да се искачат за 16 места за да влезат во полуфиналето.
Гласањето ќе трае до 7 јули оваа година кога жири ќе ги избере 21 финалист за седум светски чуда на природата. Во тек е изборот на град домаќин за официјалното прогласување на новите седум светски чуда на природата во 2011 година.
Македонскиот комитет за номинација го кандидираше Скопје за домаќин, за чиј избор исто така се гласа преку интернет страницата (http://www.new7wonders.com/) на светскиот избор.
„Гласањето за град домаќин е лесно, преку интернет страницата на изборот. Ако вашиот град не е меѓу номинираните можете да го предложите. Изборот на домаќин ќе биде демократски, преку гласање од целиот свет“, рече Виеринг.
Засега кандидирани се дваесетина градови од целиот свет, меѓу кои Истанбул, Софија и Букурешт од нашето поблиско соседство.
Епа луѓе да гласаме бидејќи да имаме барем едно светско чудо на наша територија може да направи чуда за туризмот.:smir:
Да и помогнеме еднаш ние на нашата земја и да не чекаме политичките партии да прават се.