Што збори човеков?

  • Креатор на темата Креатор на темата POWER-MKD
  • Време на започнување Време на започнување

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645

Името ни го дале грците, ние не сме македонци дека сме македонци, туку дека така се викала територијата...??? WTF? Ај видете сами...
 
Овој човеков е од Виножито?
 
Od videoto e izvaden samo delot koj na nekoj mu odgovara...
Ne veruvam deka ovie 36 sekundi se poentata na muabetot...
 
Od kade ovoj pravo da zboruva vo imeto na site koi sme i sto sme???
 
Овој е професор по историја, Донев мислам.
 
Od videoto e izvaden samo delot koj na nekoj mu odgovara...
Ne veruvam deka ovie 36 sekundi se poentata na muabetot...
Дефинитивно нешто смрди. Ќе се обидам да го најдам целото интервју. Само знае ли некој како се викаше човекот?
 
Човекот се вика Јован Донев, проф.д-р и е или беше извршен директор на институтот Евро Балкан.

Еве ви еден текст.

Трибина „Македонија меѓу античкиот и ариевскиот модел“

Скопје, 8 април (МИА) - Чистота на идентитетот не постои сама по себе и единствено може да се исконструира. Идентитетот е многуслоен и многузначаен заради што не може да важи тезата искажана од грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани дека античката историја е веќе напишана и нема потреба да се задира во неа.
Ова е главниот заклучок на трибината „Македонија меѓу античкиот и ариевскиот модел“ организирана од Светскиот македонски конгрес, Институтот Евро-Балкан и Издавачка куќа „Табернакул“ на која дебатираа еминентни македонски професори и авторот на книгата „Црна Атена“ професор Мартин Бернал.
Професорот Бернал истакна дека започнал со изучување на историјата на Грција заради привлечноста кон грчката култура, но како што рече неговиот поглед кон aнтичка Грција е многу поразличен од вообичаениот.
- Грција не е така чиста и единствена култура. Јас во книгата прикажувам дека античката традиција на Грција е микс на различни култури и јазици. Грчкиот јазик како и македонскиот е индо-европски и во него има голем број странски зборови особено за религија, култура и политика, рече Бернал.
Тој посочи дека античката историја на Грција е резултат на западноевропскиот, особено германскиот обид на почетокот на 19-от век да ги прикажат Грците над останатите култури за да го истакнат ариевското во своите нации.
Петар Илиевски, укажувајќи на различноста на македонската нација уште од античко време преку записите во Библијата за Апостолот Павле со зборовите „Кога Павле од Македонија ја напушти Македонија и замина за Елада“, рече дека веќе 60 години на Филозофскиот факултет во Скопје излегува списанието „Жива антика“ кое како што кажа, на научна основа открива колку е поврзано населението на овие простори со антиката.
- Македонија немала во својата историја долго политичко влијание, но имала културно и верско преку Охридската aрхиепископија. Со нејзиното укинување под влијание на Цариградската pатријаршија во 1767 година настануваат црни дни за Македонија, рече Илиевски и нагласи дека постојат странски патеписци кои опишуваат сведоштва за палење на ракописите во македонските манастири по наредба на грчките поатријарси.
Михајло Миновски рече дека заради политички интереси македонската нација во моментов се прикажува како млада нација која ги бара своите корени.
- Не може да се каже дека македонската е нова нација, туку потиснувана и потисната нација. Тоа е можеби последица што подоцна создадовме држава која беше федерална единка во една друга држава која пишуваше своја историја и имаше свои политички интереси, рече Миновски.
Тој нагласи дека континуитетот на земјата и народот доаѓа од антиката, а не од Словените како што се учеше во поранешна СФРЈ. Античките корени на Македонците, како што кажа, ги истакнувале нашите преродбеници и револуционери во 19-от век, а тоа во СФРЈ било маргинализирано.
- По осамостојувањето нашето античко минато почна да се прикажува не како историја и географија, туку како етнос... Иако по 2001 година некој се обидува да не прикаже како хибридна нова политичка нација, не се работи за нова, туку за потиснувана и потисната нација, рече Миновски.
Ана Шукарова истакна дека во најголем дел се согласува со тврдењата во „Црна Атена“, но додаде дека Феникија има огромно влијание врз европската цивилизација и оти митовите во грчката митологија доаѓаат од другите континенти, однoсно од Азија и Африка, како и од македонските митови.
- Забележав дека сметате оти античкиот македонски јазик е дијалект на хеленскиот. Не постојат факти за ова тврдење бидејќи Македонците говореле Коине, хеленски книжевен јазик, а не дијалект, му порача Шукарова на Бернал и додаде дека во тоа време Коине бил користен како меѓународен јазик исто како англискиот сега.
Таа истакна дека постојат голем број докази оти античките Македонци говореле на свој јазик кој бил варварски за Хелените и го наведе примерот со обраќањето на Александар Македонски кон своите војници во Азија. Од тоа време, како што кажа, се останати околу 150 зачувани зборови од античкиот македонски јазик од кои се гледа неговото индо-европско потекло.
Аристотел Тентов посочи дека заедно со академик Томе Бошевски успеале да го дешифрираат средното писмо од „Каменот од Розета“ напишан на античкото македонско писмо.
- Преку тоа покажавме дака имаме директна врска со античките Македонци бидејќи има голема јазична блискост. Кога го почнавме дешифрирањето во 2001 година тоа воопшто не го очекувавме, но со завршувањето во 2008 година видовме дека на Каменот од Розетата има зборови кои и денес се живи во современиот македонски литературен јазик, а особено во неговите дијалекти, рече Тентов и нагласи дека успеале да дешифрираат и некои артефакти во Македонија напишани со тоа писмо кои се три илјади години постари од Каменот од Розета што датираа од 197 година пред нашата ера.
Тој истакна дека и рускиот академик Шутинов му потврдил дека Словените не се селеле од север на југ, однсоно од зад Карпатите кон Балканот туку обратно, поради што како што рече, некои работи треба да се ревидираат.
Митко Панов рече дека грчката историографска конструкција и ја краде античката и византиската историја на Македонија за да ја оправда окупацијата на дел од нејзината територија.
За директорот на Евро-Балкан Јован Донев целта на денешната трибина е на научно базирана расправа да се помогне во решавањето на проблемите што Македонија ги има со својот идентитет.
- Имам впечаток дека навлегуваме во сферата на „детски болести“ на нација која се раѓа и навртува во барање на своите корени. Тоа не е ништо ново и е нормално, се преиспитуваме кој сме што сме и каде да продолжиме. Тоа другите го правеле пред нас, рече Донев.
Тој посочи дека секоја нација е политичка креација и истакна дека Македонија во времето на формирањето на државата била федерална едиинка во СФРЈ каде постоела идејата за јужнословенство.
- Нација без мит не постои, но митот не е вистината туку приказ што не обединува и не тера напред. Ние за жал се уште го немаме заживеано митот, рече Донев и нагласи дека името на македонската нација е врзано со географијата, а не со етносот и крвта
 
Абе секогаш и отсекогаш ке си има оние кои мислат дека нешто ке ни наметнат,јадници:toe:
 

Името ни го дале грците, ние не сме македонци дека сме македонци, туку дека така се викала територијата...??? WTF? Ај видете сами...

Знаеш што збори човекот па тој со неговите филозофии на маката на народот живее како цар па дали ќе сме ние Македонија или Македонци нему не му е битно битно му е тој на купачи да шета по 30 дена на Егејот,а работниците и земјоделците не можат сироти ни до Дојран да одат еден виќенд.
 
Знаеш што збори човекот па тој со неговите филозофии на маката на народот живее како цар па дали ќе сме ние Македонија или Македонци нему не му е битно битно му е тој на купачи да шета по 30 дена на Егејот,а работниците и земјоделците не можат сироти ни до Дојран да одат еден виќенд.

Ajde sega nov bran na radost na Grcite kako sho beshe slucajot so videoto na Kiro Gligorov
 
Човекот само потврдува дека географијата е појдовна основа за правото на секој народ да се нарекува според територијата на која живее,и никој нема право да му го одземе тоа свето наследство.:toe:
 
Човекот само потврдува дека географијата е појдовна основа за правото на секој народ да се нарекува според територијата на која живее

Јели бре Абецедар, која ти је то логика?

Кад би вам неки Бугарин, или не дај Боже Србин, рекао ово исто, да Македонац није националност, него само географска одредница, псовали бисте га најмање недељу дана. Али кад вам те исте речи изговара невладини партијски соросоид, говно вам је слатко као мед.

Па имај мало самопоштовања, човече!
 
Јели бре Абецедар, која ти је то логика?

Кад би вам неки Бугарин, или не дај Боже Србин, рекао ово исто, да Македонац није националност, него само географска одредница, псовали бисте га најмање недељу дана. Али кад вам те исте речи изговара невладини партијски соросоид, говно вам је слатко као мед.

Па имај мало самопоштовања, човече!

Не си го разбрал бе Чича,не си го рабрал,убаво си кажува човекот дека географската одредница е основа за секој народ да се нарекува според територијата каде што со векови се раѓа и живее истиот тој народ,па никој нема право тоа да му го одземе.Народите всушност така и го стекнале правото на сопственото име,според географската одредница каде се раѓале и живееле,а најпрвин соседите започнале да ги нарекуваат така.Значи Србите ние меѓу првите сме ги нарекувале Срби,Бугарите ние сме ги нарекле Бугари како што и самите Грци нас меѓу првите не не нарекувале Македонци,ама сега го одрекуваат тоа присвојуваќи ја Македонија како своја географска територија,а народот што живее на таа територија како Грчки народ,иако очигледно дека такво нешто не е возможно доколку цела Македонија е слободна и независна.:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom