Компромис за името за членство во НАТО

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување
Џабе е Трну што е заљубена кога и она е ороспија ккао нејзините колеги од другите држави.
Инаку Дејан, низоземкава е заљубена во macedonium.org па нон-стоп прашува кога ќе бидне англиската верзија :)
 
Абе она у принцип многу сака коњи да јава... :))) Па ете ми идеја...да ја наместам да „јавне“ еден коњ, чичолина стајл. И така тие европјанките се „европоумни“. А м`жот и е и онака старче...го навлековме на ракија, а од ракија не се дига...притисокот :)
Нема потреба од толку жестење на амбасадорката.Таа само си врши задачата за која е овде дојдена.Проблемот е во нас.Дај да ги истресеме вошките од нас па потоа да ги бараме кај комшијата.Како да му кажеме на нашиве дека политикава што ја водат е катастрофа.Едните име не мењаваат ама биле за компромис другите да сме го сменеле името дури не ни избегале пријателите во еУ и светот.Да нее трагично би било смешно.Па и ова со референдумот.Тоа па капак е.Па изборите ги добија поради до некаде тврдиот став околу името.И што сега референдуми курци палци.Другиве пак се приказна за себе.Пријателите ќе ни помогнеле.Се чуделе каков циркуз сме правеле.Кој пријатели бе да му ебам племето нивно.Што не кажат Фрчко и компанија кој се тие пријателите.Еве нека ги наброи па ќе видиме дека 80% од нив биле учесници во Букурешт во 1913.И не запина Грција да ни го смени името туку токму тие што ни ја искасапија државата во 1913.Не само на Грција отворањето на договорот во 2013 не му одговара токму на "Пријателите".При очи се правиме слепи и не можеме да видиме дека Грција е само обичен играч.Но точно е како што рече некој (мислам реалниот беше)постојат две опции:Или да ги прекинеме преговорите или да се завртиме па нека менуваат што сакаат.Вака само продолжуваме со нашата мила Циркуска Македонија.
 
Сакаат да нè видат во НАТО? Нека си ги средат внатрешните проблеми. Ние во меѓувреме ќе си продолжиме да си бидеме Македонија и да учествуваме во мировните мисии на НАТО, т.е. да си ја вежбаме војската колку што се може.

Сакаат да нè видат во ЕУ? Нека си ги средат внатрешните проблеми. Апсолутно е глупаво да се спријателуваш со некого кој ти го негира идентитетот и сè што си. Со други зборови: за да имаш право да бидеш она што се, треба прво да бидеш она што не си. Нека се гони и таа организација.

Според мене, секој кој доаѓа од ЕУ или НАТО треба да се третира само маргинално, без многу помпа, зашто не заслужуваат. Ако зборат во интерес на Македонија и Македонскиот народ, треба да се пофалат. во спротивно, треба само да се испроцедурираат и да се периферизираат, зашто не ни се од интерес.
 
Овие од странство лаат ама не касаат. Мене повише ме плашат овие домашниве. Немој не мењаме име и да им текне утре, ааа го сменивме мораше, па после ко Киро да се правдаат. Ама уште сеа да си кажам кој ќе го смени името на Македонија ќе му купиме еднопосочен билет за на спејсшатл и ќе го испратиме на вечно крстарење околу Марс.
 
Овие од странство лаат ама не касаат

Овие од странство лаат,ама претераа.
Дали толку им боде у очи нашето име МАКЕДОНИЈА или пак нешто друго е во прашање,незнам.Само знам дека ми се преку .........
Кој како сака така си бара компромис.Па имавме и германска визија за Македонија и што уште не.
Па добро бе ако се слепи и глуви да видат и слушнат дека народот МАКЕДОНСКИ не е за менување на ИМЕТО МАКЕДОНИЈА,да им препорачаме некој од стручниве наши очни и ушни доктори.
И искрено ќе кажам само едно,дека нема НИШТО ПОВРЕДНО ОД ВЕКОВНОТО ИМЕ МАКЕДОНИЈА.
А гејците,НАТО и ЕВРОПСКАТА КУРВА можат да :pusk:
 
Овие од странство лаат,ама претераа.
Дали толку им боде у очи нашето име МАКЕДОНИЈА или пак нешто друго е во прашање,незнам.Само знам дека ми се преку .........
Кој како сака така си бара компромис.Па имавме и германска визија за Македонија и што уште не.
Па добро бе ако се слепи и глуви да видат и слушнат дека народот МАКЕДОНСКИ не е за менување на ИМЕТО МАКЕДОНИЈА,да им препорачаме некој од стручниве наши очни и ушни доктори.
И искрено ќе кажам само едно,дека нема НИШТО ПОВРЕДНО ОД ВЕКОВНОТО ИМЕ МАКЕДОНИЈА.
А гејците,НАТО и ЕВРОПСКАТА КУРВА можат да :pusk:
Некој пост погоре веќе кажав.Прочитана е и нивната игра.Грција е само ситен играч.Промена на името бараат истите држави кои ја искасапија Македонија во 1913.Но најлошо е тоа што некој не убедува дека тие се нашите пријатели.2013 не само на Грција туку би требало да биде резил за нашите "пријатели" кој по никоја цена нема да дозволат да се откријат нивните говна.
 
Некој пост погоре веќе кажав.Прочитана е и нивната игра.Грција е само ситен играч.Промена на името бараат истите држави кои ја искасапија Македонија во 1913.Но најлошо е тоа што некој не убедува дека тие се нашите пријатели.2013 не само на Грција туку би требало да биде резил за нашите "пријатели" кој по никоја цена нема да дозволат да се откријат нивните говна.

А... зошто?

Која е поентата да се уништи Македонија и сè што е Македонско? Знае ли некој?

Во секој случај, ако се вклучени светски структури, чија цел е да се уништи Македонија, немој некој да ми кажал дека не е битно човек да е Македонец и дека никому не сме му важни. И тоа како сме важни. И гледајте тоа истиов момент да си го ставите во главата: ако целиот свет сака да ве уништи, и тоа како сте важни.

И почнете да се цените. Многу. Колку целиот свет, зашто сте му противници, како Македонци, ако сака да ве уништи.
 
А... зошто?

Која е поентата да се уништи Македонија и сè што е Македонско? Знае ли некој?

Во секој случај, ако се вклучени светски структури, чија цел е да се уништи Македонија, немој некој да ми кажал дека не е битно човек да е Македонец и дека никому не сме му важни. И тоа како сме важни. И гледајте тоа истиов момент да си го ставите во главата: ако целиот свет сака да ве уништи, и тоа како сте важни.

И почнете да се цените. Многу. Колку целиот свет, зашто сте му противници, како Македонци, ако сака да ве уништи.
Тогаш дај ти кажи која беше поентата истите тие сили да ја поделат Македонија.Апетитот на соседите никогаш не престанал.Факт е дека и "пријателите" се учесници во неправдата врз нас.А ние сме прикаска за себе.Најмногу ме нервира тоа што некои мирно прифаќаат да бидеме северни горни долни Македонци.
 
Нашиве требаше да дадат изјава „НАТО ги исполни сите услови за Македонија да влезе во него. Останува уште Нато да се демократизира.“ Донекаде се согласувам со твоето размислување и нашиве се за стап ама и странциве се циници и кога им е потребно се користат со демократски и останати принципи а кога истите ги обврзуваат се прават на тошо. Требаше нашиве да ги прашаат „ако во нато се носат одлуки со консенсус дали тоа значи дека нато членките имаат постигнато консенсус и сите подржуваат геноцид врз еден народ. Дали кога нато тргна да ја бомбардира југославија имавте консенсус и одобрување од советот за безбедност на ОН?“ Џабе е се кога си имаш работа со цинични и дволични говеда.

Не може така директно да се нападнат,најдобро е со нивни камења по глава и како што велам:

-Всушност и основната цел за членство во НАТО на една земја како Македонија треба да биде опстанокот како таква,со сопствено име и идентитет,кој си го избрал народот на таа земја,која пак преферира да членува во таква една институција токму за да ги задоволи потребите на граѓаните од земјава која аспирира за членство во НАТО,да си ги задржи името,националниот идентитет,јазикот и безбедноста на својата територија.Во спротивно членството во НАТО станува за нас како држава станува беспредметно.

А... зошто?

Која е поентата да се уништи Македонија и сè што е Македонско? Знае ли некој?

Во секој случај, ако се вклучени светски структури, чија цел е да се уништи Македонија, немој некој да ми кажал дека не е битно човек да е Македонец и дека никому не сме му важни. И тоа како сме важни. И гледајте тоа истиов момент да си го ставите во главата: ако целиот свет сака да ве уништи, и тоа како сте важни.

И почнете да се цените. Многу. Колку целиот свет, зашто сте му противници, како Македонци, ако сака да ве уништи.

Која беше поентата да се споебе Палестина пред 60тина години кога Израел од 100 000 порасна на 5 милиони луѓе?Истата поента и од истите планери е скован еден план да се уништи се што е Македонско.Зацртаната година за комплетна реализација на тој план опасно и немилосрдно се приближува.Иранецот Ахмадинеџат денес малку потсети на таа “поента“ на состанокот во Швајцарија организиран против расизмот.:toe:
 
Тогаш дај ти кажи која беше поентата истите тие сили да ја поделат Македонија.Апетитот на соседите никогаш не престанал.Факт е дека и "пријателите" се учесници во неправдата врз нас.А ние сме прикаска за себе.Најмногу ме нервира тоа што некои мирно прифаќаат да бидеме северни горни долни Македонци.

Па, знаеш што се вели: најдобра одбрана е нападот.

Со други зборови: ај да се насочиме кон воспоставување на Македонскиот јазик како присутен во Грција, Бугарија и Албанија, за почеток, бидејќи таму има Македонско малцинство кое воопшто и не е признаено. Не знам како стојат работите во Србија, но некако мислам дека не е проблематично (повторно: не знам за таму).

Значи: бараме признавање на Македонскиот јазик и таму и негово присуство и да биде воведен да се изучува во училиштата.

Би го сакале ли ова?
 
Ако некој во периодот зад нас, во годините кои поминаа, НАТО и ЕУ не ги земаа како главно оружје во предизборните митинзи, партиски програми, говори при отварање на фабрика за текстил, нов водовод итн. и ако постојано не трубеа дека Македонците едвај чекаат да влезат во НАТО и ЕУ, сега истите тие НАТО и ЕУ немаше да јадат лај*а и да не уценуваат со тешки и непоимливи глупости. Сакам да кажам дека нашите политички актери во изминативе петнаесетина години премногу изедоа лај*а за на Македонскиот народ му сервираат една фантастична нереалност која сега ни се врати како бумеранг кој нон стоп не удира таму каде што највеќе не боли.

Наравоучението е следново: Во наредниов период истите тие политички партии (сите наши) кои не доведоа до таа ситуација, да се исправат пред македонската јавност и да ни објаснат дека она што тие нам ни го сервирале, а ние сме го проголтале без да го жвакаме, всушност е само воздух и дека ждригањето што сега ни се јавува е резултат на кружниот процес на воздухот во нашите желудници кој повторно сака да излезе.
Резултати: По нивното објаснување ние веќе нема да ждригаме, ќе си ги испразниме стомаците од насобраниот воздух, а потоа бидејќи ќе биде препорачливо да направиме една пауза и да се храниме внимателно додека стомаците не почнат нормално да ни ја варат храната.
Кулминација: Здрава нација со сите нишани. Име, народ, јазик.
 
Никоj не сака компромис со името за влез во НАТО.Много погрешна е турена темата.
Проблема е решение на спора со ГР за влез во НАТО.
Заштото НАТО нема ништо против името,па има против една от неговите членки-ГР.
Никоj не вели-сменете името от НАТО.Сите велат-решете проблема со ГР.Това как ке се реши е политика на вас и на вашата влада.
Нештата са малкооо поинаку.
 
Никоj не сака компромис со името за влез во НАТО.Много погрешна е турена темата.
Проблема е решение на спора со ГР за влез во НАТО.
Заштото НАТО нема ништо против името,па има против една от неговите членки-ГР.
Никоj не вели-сменете името от НАТО.Сите велат-решете проблема со ГР.Това как ке се реши е политика на вас и на вашата влада.
Нештата са малкооо поинаку.

Ај не се прави сега и ти многу паметен......добро знаеме што мустри сте:drk:
 
Незнаев баш каде да го ставам но еве:

http://novamakedonija.com.mk/Deskto...=2&fCat=1&top=1&EditionID=374&ArticleID=22915

Финансиската криза ги уништи надежите на Грција за придобивање на сојузници по прашањето за името преку купување на големи количества оружје. Премиерот Костас Караманлис пред новинарите на „Та неа“ на 9 април призна дека планот за набавка на француското вооружување се одлага на неодредено време, додека воениот буџет од 2,2 милијарди евра на Грција за оваа година ќе претрпи ребаланс. Грчките медиуми јавуваат и дека Караманлис се обидел да му се извини на Николас Саркози на неодамнешната средба во Париз, но францускиот претседател си заминал незадоволен од средбата без да даде изјава за медиумите.
По ова прашање вчера добивме само молк и од француската и грчката амбасада во Скопје.

На минатогодишната средба во Атина, двајцата лидери не го криеја задоволството од склучениот договор. И тогаш грчките медиуми наведоа дека Грција со договорот си обезбедува постојана поддршка од Франција во спорот со името со Македонија.

Тој договор предвидува набавка на шест фрегати од класата „Фрем“, како и 15 хеликоптери од марката „супер пума“ наменети за спасувачки мисии. Неофицијално, двете земји преговараа и за набавка на неколку примероци од новиот француски ловец „Рафал“. Сето ова сега паѓа во вода. Договорот за Франција беше од исклучително значење бидејќи нивната воено - наменска индустрија се соочува со прејаката германска и руска индустрија. Во една анализа, магазинот „Џејнс дифенс“ пишува дека авионите „Рафал“ далеку заостануваат зад германскиот „Еурокоптер тајфун“ и американскиот „Ф-16“.

Но, Грција нема проблеми само со Франција. Веќе две години трае натегањето со германската групација „Тисенкруп марин системс“ во чиј состав спаѓа конструкторот на подморници „Хауалдверке дојчевелт“ (ХДВ) од Киел. Договорот со Грција предвидува германската фабрика да испорача четири напаѓачки подморници од типот 214 дизел - електрик. Договорот склучен во 2000 година, вреден четири милијарди евра никако да се реализира бидејќи Грција одбива да ги исплати преостанатите 100 милиони евра. Грчкото Министерство за одбрана тврди дека подморниците се дефектни, односно дека независниот систем за воздушно ладење не функционирал како што треба, па температурата во подморницата била многу висока за екипажот. Германската компанија гневно реагира, со тврдење дека сè е во ред со системот и дека грчкото МО се обидува да издејствува пониска цена за подморниците. Американскиот весник „Сипауер“, повикувајќи се на свои извори тврди дека системот за ладење бил намерно расипан од грчките инженери. Имено, само првата од четирите подморници, кои во грчката морнарица се водат како „класа Папаниколис“ се комплетно произведени во Германија. Другите биле склопувани во Грција. И да постоел дефект, се сомневаат во германската компанија, причината за тоа е начинот на склопување во Грција.

Од целата ситуација во ќар е само Русија. Таа веќе и продаде оружје на Грција, но ова за јужниот сосед не значи ништо по прашање за името, бидејќи претседателот Медведев и премиерот Путин не го менуваа ставот за името на Македонија. Русија уште во времето на Борис Јелцин нè призна под уставното име.

Грција лани од Русија ги набави антиракетните системи „ТОР 2“. Овие системи се гордост на руската воена индустрија бидејќи можат да го регистрираат сигналот на авионот ловец или бомбардер, пасивно, без да испраќаат радарски сигнали кон леталото, но и активно кога треба да се стрела од земја. Тоа значи дека пилотите во авионите не знаат дека се откриени или тоа доцна го дознаваат. Неколку примероци од овој систем, грчката армија ги инсталираше на грчкиот дел од Кипар, што предизвика жестоки реакции на Турција и другите членки на НАТО. Грција сега се правда дека системот е ставен во магацините во Кипар. Грција купува и 1.200 руски тенкови од најновиот модел Т-90.
 
Црвенковски: Да се соочиме со реалноста




prazno.gif
21.04.2009 15:12


Во 21-иот век не е можно една мала држава да биде изолирана енклава, додека сите од соседството се интегрираат во НАТО и ЕУ, изјави претседателот на заминување Бранко Црвенковски на прошталната средба со дипломатскиот кор во земјава.
„Македонија треба да се соочии со реалноста и да најдеме фер компромисно решение за името за да не губиме драгоцено време, бидејќи мала држава како Македонија не смее да си го дозволи тоа“, рече Црвенковски на средбата со дипломатите во скопскиот хотел Александар Палас.
Три од петте постојани земји членки на Советот за безбедност на ОН, Франција, САД и Британија, оценуваат дека иднината на Македонија и нејзиниот просперитет е во евроатлантските интеграции.
„Проблемот со името може да се реши и САД ги охрабруваат Владата и новиот Претседател да го направат тоа. Само со упорност и ставање на преговарачка маса може да се дојде до решение, а истата порака ја имаме се разбира и за Грција“, вели американскиот амбасадор Филип Рикер.



„Да се реши спорот со Грција и тоа прашање во оваа дебата не треба да се заобиколува, да се најде компромис“, се надоврза и францускиот амбасадор Бернард Валеро.
За разлика од дипломатите претставници на членките на НАТО, рускиот амбасадор Владимир Солоцински смета дека членството во Алијансата нема да и помогне на Македонија за развој.
„Очигледно е дека интеграцијата на Македонија во Алијансата нема да и нанесе штета на Русија, прашањето е во друго, дали тоа ќе биде од корист за Македонија и европската безбедност во целина. Според нас не сосема“, рече рускиот амбасадор Солоцински.
И кинескиот амбасадор со оценка дека за развојот на Македонија се потребни добри односи со соседите.



„Пријатели може да се избираат, но соседи не. Пријателството и партнерството со соседите е единствениот пат кој мора да се следи кон иднината“, вели Донг Чунг Фенг.
За Британија идните години за Македонија ќе бидат тешки и поради последиците на светската економска криза.
„За Македонија прашањето кое треба да се реши во следните години, е како да сае справи државата со сите оние прашања кои произлегуваат од разрешувањето на светската економска криза“, изјави британскиот амбасадор Ендру Ки.
„Можеби најдобриот одговор е поттикнување на претприемништво, иновација и креативност“, додаде Ки.
Оценка на сите дипломати присутни на прошталната средба со Црвенковски е дека земјава треба да продолжи со реформите за да добие датум за преговори со ЕУ.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom