Роботизирани и индиферентни души

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
266
Незнам колку е соодветен подфорумов за темава но мене постов навистина ме замисли...

Перцепција

files

Во едно ладно јануарско утро, човек застанува во метро станица во Washington DC и почнува да свири на виолина. За 45 минути отсвирува шест најпознати нумери од Бах. Најверојатно сметајки дека тоа е време кога станицата е најпрометна и ке поминат илјадници луѓе, надевајки се дека ке привлече нечие внимание, што секако ке му донесе и некој профит.
После три минути, средовечен човек подзапрел, почнал да ја слуша музиката но потоа забрзал да го фати на време совјот воз.
После една минута пристигна и првиот долар, жена во поминување без да запре го спушти својот долар.
Неколку минути подоцна еден човек заинтересирано се наслонил на зидот и почнал да го слуша, но потоа погледнал на часовникот и побрзал кон возовите.
Најмногу внимание му посветило едно трогодишно дете. Мајката го влечера но малиот сепак застанал да го слуша виолинистот и се тегнел со мајката да остане да го слуша. Но најпосле мајката победила и го одвлекла детето кон возовите. И ова со децата тоа утро се повторило неколку пати.
За 45 минути колку што свирел виолинистот, само шест луѓе застанале и го слушале подолго виолинистот како свири. Дваесетина му фрлиле пари и продолжиле да корачаат со истото темпо. Виолинистото собрал 32 долари. Кога завршил со свирењето тишината во станицата продолжила. никој не приметил кога тој заминал.

Ова е вистинска приказна. Спонзор на оваа приказна е Washington Post, кој го испитувал вкусот, приоритетите и перцепцијата на обичниот човек. Виолинистот кој никој не го препознал е Joshua Bell, еден од најдобрите во светот, ги отсвирел најдобрите ноти било кога напишани за виолина, а виолината на која свирел е проценета на 3.5 милиони долари. Два дена претходно Joshua Bell свирел на концерт во Бостон кој бил веднаш распродаден по цена од 100 долари влезница.

Заклучокот од ова би бил:

Кога немаме време да застанеме и да ги слушнеме најдобрите ноти што било кога се напишани, отсвирени од најдобриот музичар, тогаш колку други работи во животот пропуштаме?

едит од ada:
За да не се загуби низ редовите овој пост на Леандра, кој ја анализира дополнително содржината на цитираниот текст, го вметнувам во тука, односно во првичниот пост.

Темава ќе ја започнам инспирирана од еден текст кој го прочитав во АГ магазин.Започнува со прераскажување на текст добитник на пулицерова награда (Washington Post),кој иде вака:
Виртоузот на виолина Џошуа Бел (http://www.joshuabell.com/),маскиран како уличен свирач,во едно обично утро застанува на прилично фрекветно метро во Вашингтон,со својата виолина Страдивариус (која чини 3,5 милиони долари) и свири неколку класични дела.За цело време додека трае неговиот перформанс,тој е сниман со камери кои го анализираат однесувањето на обичните минувачи кои брзаат на своите бирократизирани работни места во американската администрација.За целиот негов настап кој трае половина час,музичарот кој настапува со најдобрите филхармонии во светот,каде карта чини по неколку илјади долари,во метро во станица успева да добие само четириесеттина долари бакшиж и внимание од неколкумина минувачи,кои одвојуваат неколку секунди да го слушнат генијалниот виолинист.
Поентата на текстот е дека повеќе суштински не се интересираме за ништо околу нас.„Единствено сме способни нешто налик ова,пост фестум квази-интелектуално да ги анализираме работите откако ќе се случат,а потоа се прашуваме каде ни беше паметот.И се така во последниве две децении откако се обидуваме да живееме во плурално општество кое претендира да изгради демократски систем на вредности на кои се темели таа толку посакувана Европа,која истата таа пука по сите свои шавови и крахира пред хипокризијата на глобалните играчи.Така станавме роботизирани индиферентни идиоти и летаргични морони кои сркаат само она што ќе ни го послужат,при тоа убедени во одличниот вкус.Но зар ова треба да не изненади . Највеоајатно не.Ние немаме време да восприемиме поинаква естетика,критички став и да размислиме со сопствените глави,затоа што некои други се обидуваат да ја наметнат својата естетика и општествени вредности,правила и норми на однесување и преку нив да не убедат дека тоа е она што ние го сакаме“.
Понатаму во текстот вели:„Нашите рецептори од константно силување повеќе незнаат да донесат правилна одлука.Не силуваат со политички ток шоу емисии,музички ѕвезди,шпанско-португалски хитови кои траат по милион серии без поента,јавни дебати,реалити програми,копи пејст рецитали.На рецепторите ништо повеќе не им смета.нашата моќ за расудување повеќе не постои.Се сведовме на роботизирано ниво,каде студентите како идни интелектуалци немаат право на свој став,каде архитектите наместо да се грижат за својата професија - дебатираат,професорите наместо да едуцираат - компензираат,уметниците - вегетираат,а свештените лица наместо да проповедаат,политизираат.“

Прекрасен текст,верувам ќе поттикне дискусија.Зарем навистина станавме програмирани роботи?Јас не се сеќавам во последниве десет години некој да стане јавно и гласно да искаже свој став,да се побуни.Јас не се сеќавам дека студенското тело некогаш било послабо и со жиг од партија.Секој оној што ќе каже нешто му лепат етикета,зарем не е тоа системот кој го посакуваат за да можат да не овцаат до крајот на животот?Се чувствувате ли немоќно кога ги гледате сите проблеми околу вас?Кога минувате по улица,а некој стар дедо буричка во контејнерот по парче мувлосан леб кој некој го фрлил,а вие едвај во џебот имате дваесет и пет денари за автобус?Кога деноноќно на тв гледате само политичари кои знаете дека ве лажат,а вие срамежливо климате со главата?
Како дојдовме до овде?Како им успеа да ни ги затворат устите?

се пропуштаат многу ствари браче.. некои свесно некои несвесно...само шо животот мора да тече... ако некој шо му зависела работата застанел и го слушал.. за неколку моменти задоволство може да остане на улица...затоа во слободно време треба да се сетиш па да направиш нешто да направиш нешо шо предходно немаш направено.. доколку е во твои можности...само ретко кој има време и кој му текнуе на тоа...боље му звучи на 90% од народот слободното време да го преседи на компјутер/плејстејшн или у кревет спиејки.. мрза...
 
nema nisto cudno vo prikaskava,ednostavno lugeto si imaat obvrski nekoj na rabota,nekoj na faks drug na nekoj sostanok i taka natamu site go ziveat zivotot.ako sakale eksperimentov da go napravat i so voskresnat paganini pak ista pesna ke bilo
 
Кога немаме време да застанеме и да ги слушнеме најдобрите ноти што било кога се напишани, отсвирени од најдобриот музичар, тогаш колку други работи во животот пропуштаме?

Селекција.
Секогаш имаме избор помеѓу една и дваесет други работи во животот, ако некој од нив избрал да остане да го слуша виолинистот ризикува отказно место, на некој друг тој ист ден му умрела мајката и не може да поднесе звуци или било каква музика, без разлика дали ја свири најдобриот од сите нив или не.
Како и да е, поентата ми е дека сите бираме кое искуство ќе го имаме, како ќе го добиеме и што се ќе пропуштиме за да го имаме баш тоа.

Иронијата е во тоа што има веројатност некој од гостите на неговиот концерт да поминале таму, а не го препознале звукот, со што се гледа многу повеќе дволичната природа на луѓето, а не нивниот вроден и присилно општествено инсталиран инстинкт да прават селекција помеѓу работите што ќе ги испуштат.
 
Но,човекот има право на избор. За секоја пропуштена работа во животот добиваме некоја друга работа и за секоја добиена работа пропуштаме некоја друга работа. Човекот сеуште не е толку развиен да може да се најде на повеќе места одеднаш. Токму поради тоа е и сосема јасна и сосема оправдана постапката на луѓето во погорниот текст.

Можеби и бил препознаен виолинистот, но што ако? Сопствените обврски во животот односно сопствениот живот се далеку повредни од било која позната ѕвезда на патот.
 
Некако нема врска целава приказна. Јас на пример, ниту би дал пари за да слушам светски виолинист, ниту пак би отишол да го слушам доколку некој ме одвлечка таму без да платам влезница. Значи, уште помалку би го слушал на железничка станица и би го одминал за да си го фатам возот на време.

Затоа пак, би гледал како играат деца фудбал во маало доколку знаат да „везат“, а можеби не би отишол на Челзи-Ливерпул доколку ми се укаже прилика. Релативно е ова. За некого „убавите работи“ се „досадни глупости“. И обратно.

Луѓето што отишле на концерт биле вљубеници во музиката која само Џошуа знае да ја продуцира. Верувам дека истите, доколку се нашле на железничката станица - би останале да го Џошуа слушаат без двоумење.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ada

Морам да се сложам со божицата дека секоја донесена одлука или постапка наспроти друга, свесно ни носи последици дали добри или лоши, и свесно се откажуваме од последиците и можностите од другата опција.
Ова е како опортунитетен трошок во економијата, ако застанеш да го слушаш,ќе го испуштиш возот, а ако тргнеш кон возот пак нема да ги слушнеш најубавите ноти. Индивидуален е изборот за сите нас, секој знае што е најдобро за него што пропушта а што добива.
 
Убавината е релативна работа.
Вкусовите истотака.

Онда, тоа што некој кој свири виолина мене не ми го буди центарот за естетика па,аналогно, не ме тера да застанам да го слушам, ама воопшто НЕ значи дека пропуштам убав миг во животот. Макар виолинистот,виолината и музичкото дело, биле најдоброто од најдобрите.

Поконкретно, а и полично...Монализа и другите слики на Леонардо Да Винчи ме оставаат рамнодушна. Од друга страна пак, дефинитвно имам некој осет за визуелна естетика, па затоа и студирам ликовна академија.
Но, тоа е прашање на личен вкус. А, Леонардо не ми нуди фрагменти на убавина, мене лично.

Затоа приказнава е малку безвезе, и не е никакво мерило, а Washington Post си пополнил редови.

Кога би сакал да проговори за тоа како френетично живееме и испуштаме ситни естетски задоволства во животот, дефинитвно требало да склопи поинаква приказна. Вака, суштината е утната.
 
Mislam deka moze i od malku poinakov agol da i se pristapi na prikaznava.

So mislite, so ke se desese da bese tamu recimo Britney Spears so mikrofon vrace?
Ke bea isto tolku ramnodusni site? :)
 
Некако нема врска целава приказна. Јас на пример, ниту би дал пари за да слушам светски виолинист, ниту пак би отишол да го слушам доколку некој ме одвлечка таму без да платам влезница. Значи, уште помалку би го слушал на железничка станица и би го одминал за да си го фатам возот на време.

Затоа пак, би гледал како играат деца фудбал во маало доколку знаат да „везат“, а можеби не би отишол на Челзи-Ливерпул доколку ми се укаже прилика. Релативно е ова. За некого „убавите работи“ се „досадни глупости“. И обратно.

Луѓето што отишле на концерт биле вљубеници во музиката која само Џошуа знае да ја продуцира. Верувам дека истите, доколку се нашле на железничката станица - би останале да го Џошуа слушаат без двоумење.

Сигурен си???Луѓето најчесто одат на сигурно.....Па кога знаат дека некој славен виолинист свири на некој концерт,би дале и многу повеќе само за да го слушнат,но бидејќи изгледа само како неков парталав од на улица,луѓето не имаат време да го слушнат,зарем 5 мин се многу за нив?Верувам дека за многу мина од нив тие пет минути не вределе многу...Но тоа е човекот,најлесто пресудува според изглед и според што е модерно во времето во кое живее,па слушнале дека некој познат виолинист ќе свири,па секој како демек има слух за музика,ќе оди да го слушни,а замисли дел од нив поминале и покрај "парталавиот" вилолинист,па не ја препознале квалитетната музика..Но и поентата на темата не е баш тоа,а во врска со тоа,ќе додадам дека секој дневно пропуштаме многу важни работи во животот...И не е чудно што на некој начин им завидувам на децата.....
 
Mislam deka moze i od malku poinakov agol da i se pristapi na prikaznava.

So mislite, so ke se desese da bese tamu recimo Britney Spears so mikrofon vrace?
Ke bea isto tolku ramnodusni site? :)
Затоа имаме mass-медиуми и celebrities кои се "славни затоа што се славни", односно не поседуваат никаква осебена виртуозност, морално се безлични итд...Нивната просечност како индивидуи, комбинирана со примамливиот сјај на нивниот луксузен живот, оправдан со она НИШТОто релевантно што го сработиле/оствариле во кариерите, ги прави магнет за толпата.

Истото пак не важи, односно станува збор за исклучително ретки исклучоци, кога објективно талентирани луѓе/виртуози, се привлечни за масата.

Како и да е, тоа е сосема друг муабет, и може да заклучиме дека САД е крив :icon_lol:

За конкретниов пример на темава пак, останува тоа дека Washington Post го "утнал" методот за докажување на својата иницијална "теза".
 
Epa bas radi toa i rekov deka moze od nekolku agli da i pristapime na prikaskava.
Koja e inicijalnata "teza" na Washington Post?
Da nagagjame? :):)

Znaes, zavisno kako tumacis, krie bajagi poenti prikaskava.

Jas samo radi toa sto mnogumina se osvrnaa na relativnosta vo vkusot na razlicnite luge i so toa ja opravduvaa ramnodusnosta na istite ( sto donekade i drzi, neli? :)) ja izesnov sporedbata so Britney Spears. Pri takov slucaj ke se slozime site deka ne ke bea do tolku ramnodusni.
Dali so toa izleguvaat na videlina nekoi izvrteni vrednosti na moderniot zivot? :)

Ete edna poenta koja mozeme da ja izvleceme od tekstot.

Druga nekoja?
 
Темава ќе ја започнам инспирирана од еден текст кој го прочитав во АГ магазин.Започнува со прераскажување на текст добитник на пулицерова награда (Washington Post),кој иде вака:
Виртоузот на виолина Џошуа Бел (http://www.joshuabell.com/),маскиран како уличен свирач,во едно обично утро застанува на прилично фрекветно метро во Вашингтон,со својата виолина Страдивариус (која чини 3,5 милиони долари) и свири неколку класични дела.За цело време додека трае неговиот перформанс,тој е сниман со камери кои го анализираат однесувањето на обичните минувачи кои брзаат на своите бирократизирани работни места во американската администрација.За целиот негов настап кој трае половина час,музичарот кој настапува со најдобрите филхармонии во светот,каде карта чини по неколку илјади долари,во метро во станица успева да добие само четириесеттина долари бакшиж и внимание од неколкумина минувачи,кои одвојуваат неколку секунди да го слушнат генијалниот виолинист.
Поентата на текстот е дека повеќе суштински не се интересираме за ништо околу нас.„Единствено сме способни нешто налик ова,пост фестум квази-интелектуално да ги анализираме работите откако ќе се случат,а потоа се прашуваме каде ни беше паметот.И се така во последниве две децении откако се обидуваме да живееме во плурално општество кое претендира да изгради демократски систем на вредности на кои се темели таа толку посакувана Европа,која истата таа пука по сите свои шавови и крахира пред хипокризијата на глобалните играчи.Така станавме роботизирани индиферентни идиоти и летаргични морони кои сркаат само она што ќе ни го послужат,при тоа убедени во одличниот вкус.Но зар ова треба да не изненади . Највеоајатно не.Ние немаме време да восприемиме поинаква естетика,критички став и да размислиме со сопствените глави,затоа што некои други се обидуваат да ја наметнат својата естетика и општествени вредности,правила и норми на однесување и преку нив да не убедат дека тоа е она што ние го сакаме“.
Понатаму во текстот вели:„Нашите рецептори од константно силување повеќе незнаат да донесат правилна одлука.Не силуваат со политички ток шоу емисии,музички ѕвезди,шпанско-португалски хитови кои траат по милион серии без поента,јавни дебати,реалити програми,копи пејст рецитали.На рецепторите ништо повеќе не им смета.нашата моќ за расудување повеќе не постои.Се сведовме на роботизирано ниво,каде студентите како идни интелектуалци немаат право на свој став,каде архитектите наместо да се грижат за својата професија - дебатираат,професорите наместо да едуцираат - компензираат,уметниците - вегетираат,а свештените лица наместо да проповедаат,политизираат.“

Прекрасен текст,верувам ќе поттикне дискусија.Зарем навистина станавме програмирани роботи?Јас не се сеќавам во последниве десет години некој да стане јавно и гласно да искаже свој став,да се побуни.Јас не се сеќавам дека студенското тело некогаш било послабо и со жиг од партија.Секој оној што ќе каже нешто му лепат етикета,зарем не е тоа системот кој го посакуваат за да можат да не овцаат до крајот на животот?Се чувствувате ли немоќно кога ги гледате сите проблеми околу вас?Кога минувате по улица,а некој стар дедо буричка во контејнерот по парче мувлосан леб кој некој го фрлил,а вие едвај во џебот имате дваесет и пет денари за автобус?Кога деноноќно на тв гледате само политичари кои знаете дека ве лажат,а вие срамежливо климате со главата?
Како дојдовме до овде?Како им успеа да ни ги затворат устите?
 
Дали навистина станавме програмирани роботи?
Мислам дека навистина станавме програмирани роботи затоа што навистина ние веќе не размислуваме самостојно и донесуваме заклучоци за се она што е околу нас само од тоа што ни се сервира и наметнува.
И нашата претстава за светот односно реалноста не ја создаваме ние самите туку ја создаваат медиумите.
Медиумите станаа наш ум и разум и на овој начин ние станавме стадо овци кое лесно со контролира и манипулира се во интерес на оние кои се во врвот на институциите на системот.
И права реткост е некој да погледне и размисли за тоа што се случува без да гледа низ призмата на наметнатите но сепак и прифатени верувања и филтри, преку кои ние ја создавама нашата слика за реалноста.
 
Програмирани? Ух, до најмал детал.
Никој не гледа со свои очи, не слуша со свои уши, и не ја користи својата глава како своја.
Се' се работи по брошура, потпаднати под малограѓанска пропаганда. Се се зима здраво за готово, се следи некој тред, некоја мода, фраер си да си неписмен и некултурен, идиЈот.. Мангуп си да си у партија..
Се дружиш со затворен круг на луѓе.."БЕГАЈ! Со оној наркоманон?!" а не си седнал никад у живот муабет да свртиш со него..
Ете, фраер си и сеа као мене, коа збориш апстрактно за тема која треба да се разглаба директно дел по дел, wow колку е паметен малиов, или, шо лупа малиов, пред да го размислиш постот..
Класика муабети, врска немотија..
Никој не зазема став, нема гз да се спротистави на предпоставен, кога стварно не е у право..Претпоставениот со своето ЕМО его стиска "APPLY RULEZ" директива, без дискусија, пошо мисли дека е мангуп.
Нејасен пост, знам, не се умарај да го читаш 3 пати..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom