Е, Народе Македонски, на Форумов, со незначителни исклучоци, не видов нешто здраво - сè безбожници и еретици.
Црквата била добра кога со сите сили го ШТИТЕЛА МАКЕДОНСТВОТО - и преку ПАТРИОТИЗМОТ , и преку писменоста, и преку јазикот, и преку културата, и...
Таква ќе биде и вашата казна од Бога, за тоа што се определивте да се борите на страната на црнилата од минатото.
оваа парола- пропаганда дека Македонецот своето чувство за национална припадност и го должи на никој друг туку на " верата во бога " проповедана од МПЦ и дека "верата" ги создавала патриотите е обична црковна измислица и измама .
затоа дај да ја проанализираме да ја видиме одблиску дали и колку има вистина во тоа
1 ) Македонците во Албанија од 1945 до 1990 год немаа своја црква а ја немаа ниту албанците оти беше комунистички режим . Режим кој имаше асимилаторски амбиции да ди претопи Македнците па затоа Македонскиот Јазик беше комплетно забранет за јавна употреба а во школите се учеше иклучиво на албаски јазик . Дали денешното постоење нa Македоците во Албанија може да и се припише на некаква "вера во бога" .? Кој свештеник им проповедал на Македонски и им зголемуал национални и патриотски чувства кога религијата беше апсолутно забранета и непостоеше ?
2 ) Македонците во Бугарија исто така и во потешка ситуација од тие од Албанија оти од 1945 до 1990 год имаше забрана за веронауки и религии И таа една во Бугарија е Бугарска православна црква . Бугарија едвај денес признава турско малцинство а никакви други малцинства не признва . Бугарија која никогаш и не ги криела својате асимилаторски претензии кон Македонците . Па така и бугарската православна црква проповеда на бугарски јазик и во содејство со држава тежнее да ги асимилира Македонците . Бугарската Држава од 1945 наметнува исклучиво само бугарски јазик во јавна употреба и школство на сите нивоа . Па ете Македонците си останале Македонци . И тука треба да се нагласи дека Бугарската државна религија е Православна значи ИСТИ верувања со тамошното Македонско религиско население исти традиции - крштавања , велигдени , ..се исто па од Македоците не се очекувало да ја сменат верата оти е ИСТА туку Националноста ама ете тие си останале Македонци . И целата тежина на тамошните Македонци да биде поголема се работи за еден различен народ но јазично доста разбирлив за Македонците . Па така тежината на Македонците во Бугарија е доста голема но без разлика на се тие Национално си останаа Македонци . Може ли сето ова да и се припише на верата во бога ? Глупости . !Па кој свештеник на МПЦ отишол во Бугарија и проповедал на Македонски ?
3 ) Во Грција забранет Македонски јазик за јавна употреба од 1945 до 1990 год а колку гледаме бил забранет и за домашна употреба . Освен Грчка православна црква друга и не постои . Грција е единствената верска Држава од православниот свет ( барем колку мене ми е познато ) . Брутален терор врз Македонците за асимилација и претопување во Грци . Немало никаква македонска религија и нема до денес па ете Македонците си останале Македонци .
Е кај нив станува збор за јазично несроден народ како Грчкиот но ете Грчката православна црква како дел од механизмот за асимилација имала што да понуди а тоа се ИСТИТЕ православни традиции адети верување во бога . Па ете Македонците си станале Македонци . Може и се венчаваче и праеле крштевки и погребни церемонии во храмовите на Грчката православна црква ( што е многу веројатно ) но ете националното чуство никогаш не ги напуштило . Епа како може тогаш нивното национално опстојување да и се припише на некоја тукашна религија која сака нејзе да и се припише .?
4 ) Ако зборуваме за времето на Отоманската Империја значи за време на 5 вековното Турско владеење дека МПЦ имала клучна улога за одржување на Македонскиот Национален идентитет е обична лага . МПЦ не постоела тогаш .
Ако се мисли дека Турците освојувачи кој со себе го носеле и Исламот па преку него вршеле асимиллација повторно е обична ЛАГА . Па ако е така и самите Турци ќе биле асимилирани ќе станеле Арапи . Дури 20- тите или 30 - тите години од 20-тиот век по наредба на Мустафа Кемал Ататурк била создадена - измислена турската АЗБУКА која дотогаш ја немале . Непостоеле образовни институции јавно школство , имало многу мал процент на писмени писмени луѓе од вкупното население еве нека биле 0,3 - 0,5 % писмени нема шанси да имало повеќе ( бар по моја проценка ) . Доказ е дека и тие што преминале во Ислам си го задржале Националниот идентитет кај нас се Македонците со исламска вероисповед . Опстанале и Бошњаците во Босна..итн. Незнам стварно не ми е познато негде каде владеела Отоманската Империја некој народ да исчезнал поради Исламот .
Поголема опасност за асимилација и во време на Турското владеење на овие простори имало не од Исламот туку од грката глупост наречена Орто -славиие . Оти Грчката измишљотина Орто-славието е баш затоа измислено да врши асимилација на околните народи . Според концептот на оваа грчка глупост ако се нема национална Државна религија несмее да постои ниту народ . Меѓутоа вековите и настаните тотално го демантираа ваквиот концепт на грчката религиозна глупост . Без разлика што е создадено да врши асимилација Орто - славието не успеа да асимилира ниту еден народ . И тоа без разлика што што регрутирало петоколанаши и квислинзи меѓу народот кој бил предмет на асимилација . Еве го примерот :
Книга "историја на Македонскиот народ"..од др-Александар Стојановски , д-р Иван Катарџиев д-р Данчо Зографски и д-р МИхаило Апостолски..( култура мисла Скопје 1988 година )..........
Стр 45 .
Во Самоиловото царство црквата била фаворизирана . свештениците имале повластена положба , а особено епископите и архиепископите .
Стр 50 . Императорот василиј 2-ри му оставил извесни привелегии на високото свештенство на Архиепископијата И ГО ПРИДОБИЛ ДА СОРАБОТУВА ВО ЗАЦВСТУВАЊЕТО НА ВИЗАНТИСКАТА ВЛАСТ во провинцијата Македонија . Дури и на чело на Архиепископијата бил поставен дебарскиот игуман Јован .
Но ете финтата неуспеала Македонците си останале Македонци иако токму религијата ги убедувале дека националноста нее битна оти еден е бог за сите луѓе .
.
Па ете и покрај домашните предавници , петоколонаши кој и за време на Турското владеење им ги давале својте услуги или на грците или на бугарите или на србите сепак Македонците си останале Македонци .
ВЕРСКОТО УБЕДУВАЊЕ НЕМА ВРСКА СО НАЦИОНАЛНОТО .
5 ) Народите не се создадени од некоја религија па за нивното постоење да и се благодарни на некоја религија туку обратно . Ете гледаме дека не само МПЦ која ја создадоа комунистите во време на социјализмот туку и после 1990 год се создадени и Црногорската и Украинската православна црква .Тоа значи дека ниту Македонците ниту Црногорците ниту Украинците своето постоење не и го должат на религијата .Но тие - ние како народи сме постоеле и пред религијата и кака многубошци или атеисти . Нашето Национално опстојување никогаш ниту се должело на некаква религија ниту ќе се должи .
Црногорците и Укранците не се создадени од религиите туку они сега ги создаваат религиите за да им докажат на околните орто-славни екстремисти дека нее проблем да се создаде религија ако е тоа како што тие мислат дека е доказ за Национално постоење .
Па очигледно е дека орто-славието иако создадено да врши асимилација никогаш дури и под најтешки тортури неуспело да си ја заврши работата . Орто-славието без разлика што форсира екстремизам и национализам никогаш ниту некого одбранило воено ако бил послаб ниту национално елиминирало асимилирало ниту му го зајакнало националното чуство . Тоа е обична црковна пропаганда да си даде на знечение кое реално го нема .
6 ) Комунистите кој не веруваа во неков бог или богови па зар не земаа пушки во раце да се бијат за ослободување на Македонија . Па зар нивното национално чувство било помало . Па баш тие го остварија вековниот сон на Макеонецот за своја држава . Тие создадоа Азбука , писменост јавно образование бесплатно за сите , институции ...држава со сите салтанати и редови како што треба . Далеку од тоа дека треба да се плука врз крвта на Илинденците или други буни каде се гинело И тие гинеле за оваа земја..... и нивната крв обврзува . Ама победите се бројат . А победите ги остварија Комунистите и тие создадоа држава и Македонски државни институции . Па зарем од 1945 - 1990 год во социјализмот му се негираше правото на Македонецот да биде Македонец а ете религијата беше отсутна од јавниот живот . Па зарем тогаш не се величеа и Илинденците и сите жртви што биле дадени низ вековите за слобода на македонецот . Тоа не го правеше никаква религија туку Македонската држава која ја создадоа комунистите .
Така да преку примерот на Комунистите се побива Лагата на религијата дека била " ИЗВОР И ИНСПИРАЦИЈА ЗА ПАТРИОТИЗАМ " .
7 ) Па зар некој што се иселиле од Македонија (а биле Македонци ) во странска држава каде непостоела религија престанале да бидат Македонци .Македонци во Австралија Америка се иселувале и пред 100 години па си останале Македонци .Дури и Македонците со Исламска веросповед кој се отселиле во Туција после 1945 год пак се декларираат како Македонци и си говорат на Македонски разбирлив јазик без разлика што никогаш не се школувале на македонски јазик ..
.
.
НАЦИОНАЛНО СИ Е НАЦИОНАЛНО ЧУВСТВО НА ПРИПАДНОСТ
ВЕРСКО СИ Е ВЕРСКО ЧУВСТВО НА ПРИПАДНОСТ
МЕШАЊЕ НА ОВЕ ДВЕ РАБОТИ Е МЕШАЊЕ НА БАБИ И ЖАБИ .