Црнилата од минатото ја укинаа веронауката

  • Креатор на темата Креатор на темата pravoveren
  • Време на започнување Време на започнување
Некаде прочитав: „Се роди нова Коалиција: Сојуз на безбожници и еретици!“


Прашање:

Што мислите: Кој е основачот?

p.s. Среќно - во неповрат!

ЕВЕ КАДЕ СИ ПРОЧИТАЛ



весник Дневник сабота 18 април 2009 год

Веронауката ги разгоре страстите

И честитки и навреди стигаат на сметка на Уставниот суд, откако одлучи дека на веронауката не и' е место во државните училишта. МПЦ и ИВЗ, но и партијата на власт се во офанзива. Целта на нападите е Уставниот суд кој, според нивното толкување на одлуката што ја донел, не е брана од неуставни решенија и заштитник на демократијата, туку последниот бастион на комунизмот. Загрижените верски заедници, кои поради одлуката на Судот ќе изгубат работни места за нивните кадри во државните училишта, и ВМРО-ДПМНЕ, најавуваат дека ќе бараат начин веронауката да остане во јавното школство. Во тие најави се оди дури и до идејата за измен ИЗМЕНА а на членот 19 од Уставот, кој го сметаат за пречка за нивните напори ПО СЕКОЈА ЦЕНА ДА ГИ СПОЈАТ ДРЖАВАТА и Црквата

Поглаварот на МПЦ г.г.Стефан, кој вели дека заедно со другите верски заедници по празниците ќе бара начин и место да се обжали одлуката на Уставниот суд, бидејќи била спротивна на волјата на речиси 70 отсто на учениците кои избрале да учат веронаука. Притоа, тој не се осврна на начинот на кој беше направен „изборот“, кога учениците и нивните родители со закон БЕА ПРИНУДЕНИ да " избираат " меѓу веронаука и историја на религии, а во практика во многу училишта изборот поради „кадровски причини“ беше сведен само на веронаука.
..
..
.

ЗА ОСНОВАЧОТ ПРАШУВАШ ? БЕ ГО ЗНАЕМЕ КАКО НЕ .......ЕВЕ ГО

Книга на пророкот Исаија 14 - ред 12 Како падна од небото Деницо (Бивш Светлоносецу = Сатано = Ѓаволу ), сине Зорин? Како ли си симнат на земјата ти, Угнетувачу - Експлоататору - Приватизеру - Криминалецу ОНЕПРАВДУВАЧУ на народите?
 
Е, Народе Македонски, на Форумов, со незначителни исклучоци, не видов нешто здраво - сè безбожници и еретици.

Ако велите дека писменоста дојде преку Црквата (светите Кирил и Методиј, светите Климент и Наум), кој ѓавол ве споулавел, и ви го уништил разумот па сега велите: веронаука не во образованието?! Црквата била добра кога со сите сили го штитела македонството - и преку патриотизмот, и преку писменоста, и преку јазикот, и преку културата, и...

Гледате ли што направи од вас вашиот бог и татко „човекоубиецот“?!

Знаете ли што се случува кога слепец води слеп - двајцата ќе паднат во јама!

Таква ќе биде и вашата казна од Бога, за тоа што се определивте да се борите на страната на црнилата од минатото.
 
И боље да се укине, нема фајде од неа, само се пропагира лажен морал и квази-љубов кон ближниот... Демек ако не веруваш у севишниот ти ќе гориш, тебе ќе те следи казна цел живот, тебе само лошо ќе ти се дешава...Така ги плашат малите деца у некои семејстца....
Само да знаете каде одат парите од црквите, само да знаете за кого остаавте пари, само да знаете дека поповите курот ги заболе за тоа дали ќе има веронаука во школите пошо само им е грижа колку ќе се најадат...

Уште едно што страшно ми смета...Детето се раѓа во семејство каде што родителите му се верници, го крстат у некоја црква (појма неам шо претставува самиот чин, али нешто добро не ќе да е ), цело детство му трубат над глава дека мора да празнува, дека мора да се крсти у црква а без притоа да му се објасни што, како, кој, кога , демек напраил па он сеа него го поштува...
Ги жалам тие семејства каде што детето е воспитувано на тој начин ,јадни се тие деца кога немаат право на избор, среќа па ја сум се родил у нормален дом па не ми се наметнувало ништо туку сум имал сам можност да изберам дали ќе верувам или ќе се '' препуштам на сатаната ''...

А па децата уште у школо да ги трујат со тоа дека настанале од ребро и слични теории поттикнати од болен ум на некој што очигледно немал што да прави па смислувал приказни кои денес се широкоградо прифатени...
Срамота...
 
Нешто многу тажно:

Еднаш, многу одамна, еден пријател ми вели: „Верник си од кога те знам. Сите бегаат од црква (не одат) под притисок на овие, безумниве (мислејќи на комунистите) а ти не се откажуваш од Бога. Да те прашам нешто? Дали ѝ се радуваш на денешницава, слободни сме, не сме ни под српска ни под бугарска власт?“.
А јас му велам: „Ти слободен се чувствуваш? Еве, ти самиот ми велиш дека многумина се под притисок на безумниве па не можат да бидат слободни. Јас, под слободен подразбирам да можам да избирам. Дали сакам да бидам верник, дали да живеам по Божја волја, или, пак, да се претворам во богоборец, плукач на
сè што е свето и богоугодно, за да им угодувам на мрсулковциве, што се подготвени и да убиваат за ѓаволот? Еве ти пример: Ако речиш нешто богохулно против Христа Господа - како волови ќе рикаат - ќе се изнасмејат, а ако, пак, речиш нешто против Тито, што ќе биде со тебе?! Гледаш ли како полудела денешницава?! Затоа воопшто не [FONT=&quot] ѝ се радувам на ваквата „слобода“! Ти знаеш дека срцево ми гори за мојата втора мајка, Македонија, и наместо да [/FONT] [FONT=&quot]ѝ се изнарадувам, јас стенкам под јаремот на безбожнициве![/FONT]

Пријателот остана без збор. а јас бев сигурен дека нема да ме нашпионира пред „народната“ власт. Така и се случи.

По извесно време му предложив да го продолжиме разговорот, а тој, како добар и верен другар, прифати.

Му велам: „Ти знаеш дека сум патриот, но сум и верник! Знаеш дека се чувствувам како во зандана. Да те прашам нешто, ама те молам, прво размисли: Дали сум виновен што повеќе би сакал да сум под (телесно) ропство отколку духовно?! Додека биле нашите под ропство (српско, бугарско...) духовно биле слободни. Можеби ќе речеш: И духовно сме биле под ропство? Има вистина и во тоа, но јас сум во црква и со Бога си разговарам преку молитви, и Тој најдобро ме разбира. Јас мислам дека духовната слобода е неизмерно поважна од телесната“.

Човекот, мојот другар и пријател, долго време не ми беше дал одговор на моето прашање.

Еднаш, додека седевме со него, и со други луѓе, во црковниот двор од „Стара Црква“ - „Свето Благовештение“ во Прилеп, од еден човек слушнавме пеколни работи. Имено, тој на другите им зборуваше за некој настан што се случил во манастирот „Света Богородица“ во Трескавец, а тој бил очевидец.

Првоборецот Вера Ацева, со свита, прославувала нешто во кругот на Манастирот. Биле присутни повеќе нејзини пријатели.

За да се направи важна и да покаже дека е првоборец, наредила да го донесат монахот што бил во манастирот. Тој, пак, се пикнал во еден ќош од една соба - келија за да не го гледа и да не го слуша рикањето на свитата. Го зеле и го донеле пред неа, а таа „свињата“ го јавнала, му се качила на грб, го држела и тегнела за брада како за грива од коњ, и му викала: Диии (извик што се користи при јавање или терање на коњ, за да оди), и го терала да оди низ двориштето и да врти кругови. Некои од присутните пирувале и
[FONT=&quot]ѝ[/FONT]ракоплескале, а оние што биле со здрав разум се стаписале, но не смееле да реагираат, зашто „свињата“ тогаш колела-бесела и можела да им направи непријатности.

Ова дивјаштво многу ме потсетува на еден момент опишан во Светото Писмо.

Станува збор за царот Ирод, т.е. за моментот кога, по повод роденденот, се опил и кога неговата внука од брат, Саломија, играла на забавата и му угодила. Со играњето успеала да го зачара па тој
[FONT=&quot]ѝ ветил [/FONT]дека што ида побара ќе добие.
Во тоа време, во затвор бил светиот Јован Кртител затоа што Ирода јавно го изобличувал и му велел дека не му е дозволено да ја земе жената од брата му Филипа за жена. Иродијада, жената на брата му, која незаконско живеела со Ирода, од ќерка си побарала да ја добие главата на Јована. Така и се случило.

Пријателот, откако си заминавме, ми рече: „Во право си“.

И сега, додека ова го пишувам, многу се растревожив.

А вие, што велите?


 
Mене ми е жал што нас паганите не прогонуваше христијанската црква, што ни ги запусти храмовите на древните богови, ни забранија да им принесувасме жртви и да ги славиме. Ми е жал за иљадниците спалени и убиени, прогонувани и измачувани во името на Христа, ми е жал за книги, дела на древните писатели кои се до последна уништени така да до денес не остана ништо од нив.
Секој си има своја жалост, нели?
 
Mене ми е жал што нас паганите не прогонуваше христијанската црква, што ни ги запусти храмовите на древните богови, ни забранија да им принесувасме жртви и да ги славиме. Ми е жал за иљадниците спалени и убиени, прогонувани и измачувани во името на Христа, ми е жал за книги, дела на древните писатели кои се до последна уништени така да до денес не остана ништо од нив.

и мене ....
посебно шо во името на христа водеа војни, палеа луѓе, убиваа и прогонуваа ....
и како денеска да ги почитуваме тие цркви ? и да им веруваме?
 
Големо искушение за верните чеда на Црквата Христова, токму во очи на најголемиот христијански празник - Воскресението Христово.

Ѓаволот посака да не повреди, ама си најде и верни слуги.

Денес над Македонија се надвисија аветите од минатото. Сатанистите од, таканаречениот, Уставен (сатански) суд, ја исполнија желбата на својот ментор - ѓаволот.

А мислевме дека сме раскрстиле со црнилата од мрачното минато!


Кој ’ѓавол’? Уставот?
 
Ѓавол е човекоубиецот - сатаната, а некои од неговите слуги се на „привремена работа“ во Уставниот (нечестивиот) суд.

Тие се ’слуги’ на Уставот на Република Македонија.

Сакаш да кажеш дека нашиот Устав е ѓаволско дело?
 
prvo so siris dezinformacia be
koj ukinal veronauka be
more, koj vi brani da si praite veronauka po crkvite??
ej znaci svasta seljacana.:uvo:
 
Одговор

Тие се ’слуги’ на Уставот на Република Македонија.

Сакаш да кажеш дека нашиот Устав е ѓаволско дело?


Ти што мислиш, ако сатаната го штити Уставот - кој му е интересот?! Се разбира, се знае - црнилата од минатото!!!
 
Ти што мислиш, ако сатаната го штити Уставот - кој му е интересот?! Се разбира, се знае - црнилата од минатото!!!
Уставот е највисокиот законски акт на една држава....сите плукачи по него се плукачи по државата.....

Да беа црнилата од минатото ни на крај памет немаше да ви текне плукањато по него...црнилото ќе ве проголташе....
 
Уставот е највисокиот законски акт на една држава....сите плукачи по него се плукачи по државата.....

Не, бе, не верувам дека здрав човек би плукал по државата...

Само, води сметка, овде не станува збор за Уставот, туку за Судот кој е задолжен да го чува. Патем, не заборави, дека таму има и здрави луѓе, не се сите сатанизирани!
 
Ти што мислиш, ако сатаната го штити Уставот - кој му е интересот?! Се разбира, се знае - црнилата од минатото!!!



Кој му е интересот? Да се заштити државата од непотребни трошоци и разидувања?

И не знам што ти пречи тебе толку да одиш во недела во црква да слушаш пеење? Не ти се бендисва во црквите, затоа сакаш на школо да се образоваш за Бога?
 
А КОЈ СЕ ЦРНИЛАТА НА МИНАТОТО ?

ОВИЕ ?

.
.
РАНИ КУЧЕ ДА ТЕ ГРИЗЕ

Поглаварот на МПЦ направи еден од смртните гревови: излажа. Отворено, без срам, во време на големите пости, во име на Господа и Исуса Христа. Тој изјави дека имало погром на црквата и на верниците во периодот до осамостојувањето на Република Македонија.

Прогонот на православната црква во периодот на “комунизмот“ меѓу другото се состоеше во:

1. Заштита на манастирите и црквите како културно наследство

2. Промовирање на независноста на МПЦ со декрет (кога и стана Македонска црква) во 1967 г.

3. Отстапување на најпрестижно место во центарот на градот за изградба на Соборен храм во 1973 година

4. Донесување на еден од најлибералните закони за верските заедници во светот во 1977 година

превземено од kvadraturanakrugot.crnaovca.mk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom