Bratot
Стоик и Машкртник!
Ако е вистина тоа што го тврди Bratot дека наставата за тие два предмета е неконфесионална, тогаш паѓа во вода одлуката на судот како неоснована.
Не си ме разбрал.
Веронауката е конфесионална, додека Историјата/Запознавањето со религиите е неконфесионална.
Меѓутоа и двата се модели/облици на верското образование.
Членот кој што го укина Уставниот суд гласеше:
Во основното училиште може да се остварува и верско образование како изборен предмет
Со укинување на овој член во целост, судот го забрани и НЕКОНФЕСИОНАЛНОТО верско образование.
Текстот кој што ти го постираше за наводното непочитување на одлуката на Уставниот суд со продолжувањето на наставата Историја на религиите, беше целта на мојот коментар и затоа велам дека имаме работа со лаици од “експерти“ и коментатори мотивирани од политичка позадина да се спротивставуваат на секоја владина одлука, наместо фактички да размислат кои се последиците и дали сепак членот кој беше укинат вистина ја рушел секуларноста на начин како што опозицијата го толкуваше.
Јас сметам дека членот 26 е многу добро конструиран и воопшто не ја задира секуларноста.
Неконфесионалното верско образование ( кое исто претставува учење или запознавање со религиите, меѓутоа и со други освен сопствената ) мора да биде прифатливо за сите без разлика на конфесионалната припадност и неутралното формирање на ставовите во однос на другите религии.
Ова е во склоп со препораките на Советот на Европа во однос на системот на образование, каде децидно велат дека ВЛАДИТЕ се тие кои треба да ја негуваат верската едукација.
Е сега, дали во заложбите на Македонија, без разлика која влада, доколку еден од условите за усогласување на образовните програми со ЕУ налага и неконфесионално верско образование во училиштата, ќе го смениме ли Уставот за да ги исполниме стандардите на Е.У. ?
Не е вистина. Секој час започнува со ритуал. Во неконфексна анстава немаш изучување на ритуали. Мислам дека барем овој дел е јасен. Ни еден филозоф нема да ти бара да се молиш кога ќе влезеш во училница.
Изгледа си премногу арогантен, но и прилично голем игнорантус.
Неконфесионална настава подразбира настава водена од професори, историчари, теолози, филозофи, социолози кои за разлика од веронауката на една одредена конфесија тие ги запознаваат учениците со сите општи религии, вклучувајќи ги секако и верските ритуали на секоја одделно.
Преку конфесионалното религиско образование се дава акцент на зацврстување на конкретниот религиски став и чувство за припадност.
Дека позади оваа одлука на судот не стои чувањето на секуларноста туку политичкото поентирање, може да се долови со примерот што секое едно училиште во земјава е осветено од свештено лице.
И не само школите, туку и најголемиот број на објекти пред се од јавен карактер како болници, фабрики, спортски сали и сл.
Меѓутоа никој не го оспорува тој факт, како што никој не го оспоруваше благословувањето на нашите војници и бацување крст пред да тргнат на фронт во 2001. Или можеби и тоа некому му сметало и ќе се обиде да го забрани?
Се работи за чисто политички интерес кој има за цел да ја претстави сегашнава влада оспорена од Уставниот суд како орган кој мора да се почитува без приговор, иако е во партиска функција уште од неговото основање.
Еден од папагалските коментари на опозиционерите е дека оваа Македонска влада е рекордер во светот по оспорени одлуки од страна на Уставниот суд.
И тоа е она што се брои за нив, а дали укинатиот закон бил квалитетен и противуставен нема никаква допирна точка со нивниот интерес.
Никој нема критикувано одлука на уставен суд во америка во ниедна дебата. Се коментира што тоа значи но не се напаѓа. Никогаш не било кажано одлуката на Врховниот Суд во УСА нема законска основа или дека е тој исполитизиран и под водство на некои постари гарнитури и дека работи против македонскиот народ.
Затоа што можеби и не работи против Американските интереси... знаеш и тоа е опција.
Што доколку Уставниот суд работи спротивно на нашите интереси, хипотетички земено, а има реални аргументи за тоа, ќе му се покориш на одлуките и ќе ги спроведуваш без приговор?
Врати се во минатото (не толку далечно) и види како по судски пат ( легално правно ) беа осудувани на затвор политички неистомисленици, па продолжи да ми баеш за судска “праведност“.