Bratot
Стоик и Машкртник!
Да да. Практика во цел свет е одлука на врховен суд да не се коментира и да се прифати. Македонија од односно владата е една од ретките земји кои се обидува да го спречи работењето на врховниот суд и да го присили преку напади и медиумски кампањи како и најави за менување на закони да го покори под своја власт.
Ќе биде судот реформиран кога ќе престанат сите овие работи како и многу други кои се одвиваав на пониско ниво и во општинските и апелациските судови.
Почитувањето на одлуките на Уставниот Суд никогаш и никаде не значело и не значи некоментирање, а особено нема врска со конечноста и спроведливоста. Да почитуваш нешто или некого не значи да го прифаќаш “здраво за готово“, беспоговорно.
Тоа значело и значи единствено во тоталитарни општества и држави.
Не постои закон со кој се забранува да се коментираат одлуките на Уставниот суд!
А Уставниот суд на Македонија е еден од ретките во светот каде од 365 закони и владини одлуки , секој петти е оспорен во Уставниот суд, а секоја трета одлука укината.
Влијанието кое го искористува дволично е повеќе од политичко мотивирано.
Повикувањето на “некоментирање“ на неговите одлуки служи како изговор и покритие за политичката мотивираност на судиите во толкувањето на уставноста.
Тенденциозноста во одлуките на судот е неприфатлива, а оваа одлука меѓу двата изборни круга како и уставната неоснованост е повеќе од очигледна.
Ни еден од условите за одржување на секуларноста на Државата не беше прекршен.
Особено во укинувањето на членот 26, кој гласеше:
Во основното училиште може да се остварува и верско образование како изборен предмет.
Значи Владата донесе закон за два изборни предмети кои можат, но не мораат да бидат воведени.
А како што напоменав претходно верското образование се дели на неконфесионално и конфесионално, објаснив претходно.
Неконфесионалното верско образование е еден од условите за усогласување со наставната програма на Европската Унија каде самиот Совет на ЕУ порачува дека ВЛАДИТЕ СЕ ТИЕ КОИ ТРЕБА ДА ЈА НЕГУВААТ РЕЛИГИОЗНАТА ЕДУКАЦИЈА.
Судот со укинување на членот 26 за верското образование директно се спротивставува на оваа препорака од Парламентарниот Совет на Е.У.
Во меѓувреме СДСМ обвинува дека Груевски ја има сета Власт и го обвинува за тоталитаризам, а притоа самите укажуваат дека не е исполнет основниот услов за таков режим - контрола врз Судските органи.
Значи самите си противречат, тоталитаризам нема, а доколку Груевски нема контрола врз Уставниот суд..тогаш се наметнува логичното прашање кој ја има?
Контрадикторност број 2, Фуере како гласноговорник на ЕУ вели истовремено дека Судството мора да се деполитизира и да се реформира како услов за членство во ЕУ, притоа повикувајќи на почитување на одлуките на истиот тој суд.
Судот кој директно го кочи имплементирањето на препораките на Е.У. во образованието.