Крај на верското образование во училиштата

  • Креатор на темата Креатор на темата igor108367
  • Време на започнување Време на започнување
Да да. Практика во цел свет е одлука на врховен суд да не се коментира и да се прифати. Македонија од односно владата е една од ретките земји кои се обидува да го спречи работењето на врховниот суд и да го присили преку напади и медиумски кампањи како и најави за менување на закони да го покори под своја власт.

Ќе биде судот реформиран кога ќе престанат сите овие работи како и многу други кои се одвиваав на пониско ниво и во општинските и апелациските судови.

Почитувањето на одлуките на Уставниот Суд никогаш и никаде не значело и не значи некоментирање, а особено нема врска со конечноста и спроведливоста. Да почитуваш нешто или некого не значи да го прифаќаш “здраво за готово“, беспоговорно.
Тоа значело и значи единствено во тоталитарни општества и држави.

Не постои закон со кој се забранува да се коментираат одлуките на Уставниот суд!

А Уставниот суд на Македонија е еден од ретките во светот каде од 365 закони и владини одлуки , секој петти е оспорен во Уставниот суд, а секоја трета одлука укината.

Влијанието кое го искористува дволично е повеќе од политичко мотивирано.
Повикувањето на “некоментирање“ на неговите одлуки служи како изговор и покритие за политичката мотивираност на судиите во толкувањето на уставноста.
Тенденциозноста во одлуките на судот е неприфатлива, а оваа одлука меѓу двата изборни круга како и уставната неоснованост е повеќе од очигледна.

Ни еден од условите за одржување на секуларноста на Државата не беше прекршен.

Особено во укинувањето на членот 26, кој гласеше:
Во основното училиште може да се остварува и верско образование како изборен предмет.

Значи Владата донесе закон за два изборни предмети кои можат, но не мораат да бидат воведени.

А како што напоменав претходно верското образование се дели на неконфесионално и конфесионално, објаснив претходно.

Неконфесионалното верско образование е еден од условите за усогласување со наставната програма на Европската Унија каде самиот Совет на ЕУ порачува дека ВЛАДИТЕ СЕ ТИЕ КОИ ТРЕБА ДА ЈА НЕГУВААТ РЕЛИГИОЗНАТА ЕДУКАЦИЈА.

Судот со укинување на членот 26 за верското образование директно се спротивставува на оваа препорака од Парламентарниот Совет на Е.У.

Во меѓувреме СДСМ обвинува дека Груевски ја има сета Власт и го обвинува за тоталитаризам, а притоа самите укажуваат дека не е исполнет основниот услов за таков режим - контрола врз Судските органи.
Значи самите си противречат, тоталитаризам нема, а доколку Груевски нема контрола врз Уставниот суд..тогаш се наметнува логичното прашање кој ја има?

Контрадикторност број 2, Фуере како гласноговорник на ЕУ вели истовремено дека Судството мора да се деполитизира и да се реформира како услов за членство во ЕУ, притоа повикувајќи на почитување на одлуките на истиот тој суд.

Судот кој директно го кочи имплементирањето на препораките на Е.У. во образованието.
 
Не треба да има закон. Тоа се подразбира. Никој не смее да ги критикува одлуките на уставниот суд бидејчи сепак на истиот цел му е да го имплементира уставот. Тоа исто како некоја партија да се обиде да спроведе неуставен закон.

А Уставниот суд на Македонија е еден од ретките во светот каде од 365 закони и владини одлуки , секој петти е оспорен во Уставниот суд, а секоја трета одлука укината.

Влијанието кое го искористува дволично е повеќе од политичко мотивирано.

Не се согласувам дека е политички мотивирано. А за одлуките зошто воопшто има толку пријави до самиот суд?

Повикувањето на “некоментирање“ на неговите одлуки служи како изговор и покритие за политичката мотивираност на судиите во толкувањето на уставноста.
Тенденциозноста во одлуките на судот е неприфатлива, а оваа одлука меѓу двата изборни круга како и уставната неоснованост е повеќе од очигледна.

Не е наше да коментираме. Се знае кои се судии во уставен како и кој ги носи. Сите одлуки кои се оспорени имаат некаква законска основа за истото. Ако не им се допаѓа на власта нека го смени уставот. Инаку уставниот суд има за право да не се сложи со нивното мислење.

Ни еден од условите за одржување на секуларноста на Државата не беше прекршен.

Ма немој. Уставот гласи не смее да се има ритуали во училиштата.
Наставна програма: секој час започнува со молитва.

Особено во укинувањето на членот 26, кој гласеше:
Во основното училиште може да се остварува и верско образование како изборен предмет.

Значи Владата донесе закон за два изборни предмети кои можат, но не мораат да бидат воведени.
???????????????????????????????????????????????
Сакаш да кажеш дека ако некое дете не сакало не морало да оди? За ова прв пат слушам и не верувам дека е вистина.
А како што напоменав претходно верското образование се дели на неконфесионално и конфесионално, објаснив претходно.

Неконфесионалното верско образование е еден од условите за усогласување со наставната програма на Европската Унија каде самиот Совет на ЕУ порачува дека ВЛАДИТЕ СЕ ТИЕ КОИ ТРЕБА ДА ЈА НЕГУВААТ РЕЛИГИОЗНАТА ЕДУКАЦИЈА.

Судот со укинување на членот 26 за верското образование директно се спротивставува на оваа препорака од Парламентарниот Совет на Е.У.

Не е задача на уставниот суд да спроведуа политики на ЕУ туку да го штити уставот.

Во меѓувреме СДСМ обвинува дека Груевски ја има сета Власт и го обвинува за тоталитаризам, а притоа самите укажуваат дека не е исполнет основниот услов за таков режим - контрола врз Судските органи.
Значи самите си противречат, тоталитаризам нема, а доколку Груевски нема контрола врз Уставниот суд..тогаш се наметнува логичното прашање кој ја има?

Ама ич не ми е гајле барем мене што вика СДС.

Контрадикторност број 2, Фуере како гласноговорник на ЕУ вели истовремено дека Судството мора да се деполитизира и да се реформира како услов за членство во ЕУ, притоа повикувајќи на почитување на одлуките на истиот тој суд.

Судот кој директно го кочи имплементирањето на препораките на Е.У. во образованието.

Вршење на притисок медиумски или каков било се вика обид за политизација на судот.
 
Во ситуација кога судот е политизиран, неможе да станува збор за негова повторна политизација.

Незнам во што “не веруваш“, кога се' ти е предочено со аргументи. Немам јас толку волја да ти објаснувам колку што можеби ти не си доволно кадарен да сфатиш.

Со членот 26 децидно се употребуваат два клучни збора “може“ и “изборен“.
 
Да да. Практика во цел свет е одлука на врховен суд да не се коментира и да се прифати. Македонија од односно владата е една од ретките земји кои се обидува да го спречи работењето на врховниот суд и да го присили преку напади и медиумски кампањи како и најави за менување на закони да го покори под своја власт.

Напротив, во цел свет се коментираат одлуките на врховните судови.

Ако е вистина ова што го тврди Bratot дека наставата за тие два предмета е неконфесионална -- јас не знам, не дал извор, ако таков воопшто има -- тогаш паѓа во вода одлуката на судот како противуставна и дибидус исполитизирана.

А дека судството во Македонија е политизирано (од СДСМ) е факт.
 
Грешка си човек. Врховниот суд е бо и батиње. Нема да најдеш никаде во европските земји некој да напаѓа одлука на врхоен суд јас ти гарантирам.

Колку и да е политизирано мора да има некаква основа за своите одлуки. Да не било така немаше од влада да најават промена на уставот во односна верското образование.
 
Колку и да е политизирано мора да има некаква основа за своите одлуки. .

Ако е вистина тоа што го тврди Bratot дека наставата за тие два предмета е неконфесионална, тогаш паѓа во вода одлуката на судот како неоснована.

Да не било така немаше од влада да најават промена на уставот во односна верското образование

Без извор, тоа е чаршиски муабет. Кој најавил, кога, што е најважно зошто...?
 
Грешка си човек. Врховниот суд е бо и батиње. Нема да најдеш никаде во европските земји некој да напаѓа одлука на врхоен суд јас ти гарантирам.

Колку и да е политизирано мора да има некаква основа за своите одлуки. Да не било така немаше од влада да најават промена на уставот во односна верското образование.
Да се напаѓа и да се коментира одлука на суд не е исто.
Правнички, напад на одлука е жалба :)
Одлуките на Уставниот суд не се напаѓаат :) Конечни се и извршни.
Од друга страна, не е забрането да си дадам свое мислење за судска одлука, на кој и да било начин. Дали да пишувам на форум, да пишам колумни, да излегувам на прес...
Знаеш...дури постојат и книги со Одлуки на судови и нивни коментари :)
 
Кога ќе кажеш дека одлука на суд не е исправна тогаш ја напаѓаш. Тоа е барем просто. Кога ќе кажеш ова доаѓа од овде ова може таму и таму да се искористи тогаш е коментирање.
 
Напад на која и да било Одлука е единствено со жалба по неа, а сето останато е коментирање!
 
Ако е вистина тоа што го тврди Bratot дека наставата за тие два предмета е неконфесионална, тогаш паѓа во вода одлуката на судот како неоснована.

Не е вистина. Секој час започнува со ритуал. Во неконфексна анстава немаш изучување на ритуали. Мислам дека барем овој дел е јасен. Ни еден филозоф нема да ти бара да се молиш кога ќе влезеш во училница.

Без извор, тоа е чаршиски муабет. Кој најавил, кога, што е најважно зошто...?

http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=542EF660B9A3A144A589DA2038BAB31E&arc=1

Еве линк.

Напад на која и да било Одлука е единствено со жалба по неа, а сето останато е коментирање!

Не критикување на одлука на врховен суд е напад на истата. Овакви критики какви што беа дадени нема да најдеш никаде во цел свет. Кога ќе пресудиврховен суд тоа е тоа и сите го прифаќаат. И гледаат како да се работи по тоа.
 
Не е вистина. Секој час започнува со ритуал. Во неконфексна анстава немаш изучување на ритуали. Мислам дека барем овој дел е јасен. Ни еден филозоф нема да ти бара да се молиш кога ќе влезеш во училница.

http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=542EF660B9A3A144A589DA2038BAB31E&arc=1

Еве линк.

Не критикување на одлука на врховен суд е напад на истата. Овакви критики какви што беа дадени нема да најдеш никаде во цел свет. Кога ќе пресудиврховен суд тоа е тоа и сите го прифаќаат. И гледаат како да се работи по тоа.
Се извршува одлуката на Врховен без поговор, тоа да.
Ама, како што спомнав погоре, никаде не е забрането да се коментира околу неа.
 
Не е забрането ни да се напаѓа ни да се коментира. Ова што денес го изјавуваат политичките партии без разлика кој како го разбира јас лично како критикување не е практика речиси никаде во европските земји и по таа демократијата која сакаме да ја постигнеме.
Не се практикува тоа затоа што се покажало историски дека ништо добро не може од тоа да излезе освен да се раздрма стабилноста во демократијата. Одлука на уставен суд пред се е битно да се прифати бидејќи устав може да не се менува и со стотици години. овие одлуки на уставниот ќе важат за генерации во иднината. Судиите ќе може да се повикуваат на нив принивното одлучување. Затоа и е лошо да се критикуваат без разлика дали некој смета дека е фер или не. Во уставот има простор за тумачење и тоа е факт сега дали тумачењето е извршено во ред е дискутабилно но судот има право да одлучува.
 
Bratot,Trnorushka vaka ne ja biva rabotava,pa toa komunjarite ve driblaat.Jas da sum kako vas (nedaj bozhe da sum) kje mavnam shtrajk i protest!
 
Не е забрането ни да се напаѓа ни да се коментира. Ова што денес го изјавуваат политичките партии без разлика кој како го разбира јас лично како критикување не е практика речиси никаде во европските земји и по таа демократијата која сакаме да ја постигнеме.
Не се практикува тоа затоа што се покажало историски дека ништо добро не може од тоа да излезе освен да се раздрма стабилноста во демократијата. Одлука на уставен суд пред се е битно да се прифати бидејќи устав може да не се менува и со стотици години. овие одлуки на уставниот ќе важат за генерации во иднината. Судиите ќе може да се повикуваат на нив принивното одлучување. Затоа и е лошо да се критикуваат без разлика дали некој смета дека е фер или не. Во уставот има простор за тумачење и тоа е факт сега дали тумачењето е извршено во ред е дискутабилно но судот има право да одлучува.
Прво, една корекција:
Кај што сум пишал Врховен треба да е Уставен. Лапсус :)
Напаѓање...објаснив што е. законот дава (не)можност за напад.
Другото е коментар.
Знаеш ли кои дебати се водат во САД на пр. за одлуки на нивниот Врховен суд?
Флоскулите од типот „погубно за демократија“ и сл. не држат.
Напротив!
Јавната дебата околу одлуките само може да ја зајакне демократијата и да биде на некој начин совест на Уставниот суд, бидејќи со Уставот на РМ не е предвидена директна контрола врз него.
Во македонскиот правен систем нема примена на претходните одлуки на судовите како модел за во иднина. Тоа е во т.н. Common law системи, претежно во англосаксонската правна пракса.
 
Никој нема критикувано одлука на уставен суд во америка во ниедна дебата. Се коментира што тоа значи но не се напаѓа. Никогаш не било кажано одлуката на Врховниот Суд во УСА нема законска основа или дека е тој исполитизиран и под водство на некои постари гарнитури и дека работи против македонскиот народ.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom