Крај на верското образование во училиштата

  • Креатор на темата Креатор на темата igor108367
  • Време на започнување Време на започнување
Исто така дознав дека Велика Британија т.е. Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска воопшто немало устав.

Точно ама имаат еден куп статути , договори и case laws. Нема разлика освен што не се вика устав.
 
ЕВРОПСКИТЕ ИСКУСТВА СО ВЕРОНАУКАТА И НИЕ
Опасно е Дарвин и Господ да се во иста училница Креационизмот не е научна дисциплина и постои реален ризик да се предизвика конфузија во умовите на децата,предупредува Советот на Европа
E33ED4BF92D39F408DC9D4A473A271EF.jpg

Верата да се одвои од науката, препорача лани Советот на Европа, кој притоа укажа на опасностите од навлегувањето на креационизмот во образованието, учење според кое Бог ја создал човечката душа при создавањето на телото. Но, наспроти овие препораки од Советот, кои укажуваат на опасноста од мешање и негирање на верата и науката, државата и религијата, владејачката ВМРО-ДПМНЕ тврди дека во речиси сите европски земји веронауката била задолжителен предмет во јавните училишта. Притоа гласноговорниците на партијата забораваат да кажат дека во тие училишта не се изучува класична веронаука со молитви и обреди и библиски содржини за настанокот на човекот и светот, туку морални поуки, историја на религиите, филозофски теми, а во некои децата дури учат и за секуларизмот.

„Тоа не е прашање на спротивставување на верата и науката, но неопходно е да се спречи верата да ја негира науката. Ако не бидеме претпазливи, креационизмот може да стане закана за човековите права, кои се клучно прашање за Советот на Европа“, пишува во Резолуцијата од 4 октомври 2007 година.

Советот предупредува дека креационизмот, настанат од негирањето на еволуцијата на живите организми низ процесот на природна селекција, долго беше исклучиво американски феномен, а денеска пронаоѓа пат кон Европа. Основната цел на денешните креационисти, од кои мнозинството се христијани и муслимани, е образованието, односно вметнување на нивните идеи во училишните програми по природни науки. „Но, креационизмот не е научна дисциплина и постои реален ризик да се предизвика конфузија во умовите на децата“, предупредува Советот на Европа.

Еве што пишува м-р Искра Максимовиќ, соработник на Центарот за квалитетно образование во Белград, за споредбените искуства за наставата за религијата во Европа и тамошниот систем на образование. „Религијата во многу земји има клучна улога во вредносните системи што треба да се изградат кај учениците во рамките на образовниот процес. Така е во земјите во кои овој предмет е од конфесионален карактер - религиското образование е конципирано така што овозможува стекнување вредности усогласени со религиските вредности на официјалната или доминантна религија. Во Норвешка во законски документи за образованието е предвидено наставата да биде заснована на фундаментални христијански и хуманистички вредности. Тоа е случај и во Грција, Ирска, Италија, Полска“, пишува таа.

Според нејзиното истражување, во Белгија во 1958 година со закон е раздвоен училишниот систем - во мнозинството католички приватни училишта религиозното образование е интегрирано како вредносно образование и е задолжително, а во државните јавни училишта учениците избираат меѓу религиозно и морално неконфесионално образование.

Попрецизно, и таму каде што религиите се силни, во училиштата, особено во јавните, верата се изучува од нејзината морална, етичка страна. На пример, во Ирска ставот на Црквата кон образованието ја „формира рамката за вредносната компонента на образованието - филозофија во која верата, културата и животот се доведени во хармонија“. Просветните стручњаци постојано преиспитуваат кои знаења, вештини и способности учениците треба да стекнат изучувајќи го овој предмет. Во некои држави, како Норвешка и Велика Британија, е засилена наставата по религија, но во насока на јакнење на мултиконфесионалноста и кон општите хуманистички и христијански вредности. Утврдена е потребата и од јакнење на моралното воспитување, Во австриските училишта се форсира побрз развој на талентите и потенцијалите на младите во согласност со етичките, религиозните и општествени вредности - што е вистина, што е добро, што е убаво.

Шведска при практикувањето на оваа настава се заснова на Декларацијата за човековите права и на Конвенцијата за детски права и христијанска етика. Во Данска преку овој предмет се развиваат индивидуалната одговорност, подготовките за активно учество во животот и во демократското општество и духовната слобода. Во Италија се промовираат размислувањата за религиозната стварност во нејзиниот историски, културен и општествен израз, почитувањето на различните ставови во однос на религијата, а родителите имаат право на избор при определбата дали сакаат нивните деца да го учат тоа.Наспроти ваквите морални поуки за мирољубие, толеранција, разбирање, почитување и слични хуманистички вредности, кои во Европа се изучуваат како религиозно образование, во нашите училишта теолозите ги учат децата на молитви, верски обреди и догми за настанокот на светот и животот.

Молитвата одамна исчезнала од часовите по религија во Белгија. Во тамошните училишта католичката религија се изучува за децата да научат за добрината, на пример. Таму приказните од Библијата служат за да се научи дека треба да се биде великодушен, да се помага... Програмата ја утврдува Црквата, но ја контролираат државни органи. Во неа нема место за приказната според која човекот настанал од Адам и Ева, ниту за безгрешното зачнување на Богородица. Не сакаат да предизвикаат збунетост кај децата. Подоцна, во повисоките одделенија, учењето продолжува со историја на сите религии. Крајната цел на часовите по религија се вредностите на демократијата. Децата што ќе изберат да учат религија може да избираат меѓу католичката, православната, израелитскиот култ, протестантизмот, муслиманската религија и будизмот.

Во македонките училишта часовите по веронаука почнуваат со рецитирање на молитвата „Оче наш“ и прекрстување пред да почне учењето од Библијата што е верски обред.Предметот по религија е задолжителен во Ирска, Германија, Австрија, Грција, Хрватска, Полска. Факултативно се изучува во училиштата во Португалија, Италија, Шпанија, Бугарија, Унгарија, Чешка, Полска. Во Велика Британија и Данска повеќе се изучува како историја на религиите. Верското образование го нема во јавните, државни училишта во САД, Франција (освен во две покраини), Словенија и во Албанија.
ВМРО-ДПМНЕ: Уставниот суд е против верските слободи
Одлуката на Уставниот суд за укинување на веронауката во училиштата претставува чин на грубо ограничување на верските слободи на граѓаните а Судот е под неформална контрола на Бранко Црвенковски, оцени вчера ВМРО-ДПМНЕ.

Според Законот за основното образование, изучувањето веронаука е незадолжително и е слободен избор, при што родителите на учениците избираат дали нивното дете ќе изучува или нема да изучува веронаука. Уставниот суд на 15 илјади ученици и на 30 илјади родители во Република Македонија им ја укина оваа можност и оваа слобода на избор, се вели во вчерашното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Комунизмот беше општество во кое веронауката беше во целост забранета и во кое немаше слобода на избор. Денес во Европа 40 држави даваат можност за верско образование, а во 20 од нив е дури и задолжително. Сепак, очигледно е дека оние граѓани што по своја волја одбраа нивните деца да изучуваат веронаука ќе продолжат да бидат жртва на комунистичкиот менталитет на поединци во општеството. Со овој чин околу 130 учители остануваат без работа“, се истакнува во соопштението.
Натали Н.Сотировска, Анета Тодевска
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=DA08EBF48BEAEC46A9E5C34CA91C98C5
 
Se cudam na gluposta na lugevo konkretno slusav bumbar na sitel, vikat pa kaj ke znaeme za verata ako nema verobauka?? Pazi, glupost, pa vo crkva, kade ej sto se, vo crkvite se organiziraat casovi po veronauka i koj e pravoslaven ke si odi vo pravoslavna crkva i ke slusa casovi po veronauka, koj e protestant vo svoite crkvi a koj e musliman po jamiite.Znaci narodov e stvarno stoka-stado, pa posle gi vodat kako sakaat.
 
Географијата, мајката на знаењето е редуцирана и е пред укинување од училиштата, и никој не рече ништо. За еден скапан предмет кој не треба да се изучува не разбраа дури на Каракорум.

Кинески синдром за многу лета, баго мајката :)
 
па сигурно е дека ќе ги води нешто што останало и што со векови е овде

а атеисти да речам да не речам нека потечат и барем да бидат свесни дека со себе ќе тргнат многумина кон злото

а злото предвреме е со таквите

:baeh:
 
весник Вест 22 април 2009 год

ВЛАДЕЈАЧКАТА КОАЛИЦИЈА АТАКУВА ВРЗ СЕКУЛАРНИОТ КАРАКТЕР НА ДРЖАВАТА

ВМРО и ДУИ ќе го менуваат Уставот

ДУИ ќе гласа за внесување веронаука во Уставот, ако ВМРО-ДПМНЕ прифати Уставниот суд да одлучува со Бадинтерово мнозинство

Демократската унија за интеграција ќе гласа за промена на Уставот со која ќе се легализира веронауката во училиштата, ако ВМРО-ДПМНЕ го прифати нивното барање да се воведе Бадинтеровото мнозинство во работата на Уставниот суд. Потпретседателот на ДУИ Рафиз Алити вчера изјави дека неговата партија не исклучува ниедна опција за надминување на состојбата по одлуката на Уставниот суд да се укине веронауката. Според него, во опција е донесување закон за Уставниот суд, со кој ќе се уредува нивната работа и крајната опција промена на Уставот, со која веронауката во училиштата ќе стане уставно право.
Но гласот на ДУИ за промена на Уставот за веронауката не е безусловен. Алити бара од коалициониот партнер ВМРО-ДПМНЕ веронауката да се трампа со забраната Уставниот суд да не може да ги укине законите што Собранието на Македонија ги донесува со Бадинтерово мнозинство. Тоа значи одредбите на законите што задираат во правата на етничките заедници да не можат да се укинат без гласот на судиите Албанци членови на Уставниот суд.
"Нема логика во Собранието законите да се носат со Бадинтер, ако Уставниот суд не постапува по ист принцип кога ќе ја оценува уставноста и законитоста на тие закони", вели Алити.
Ваквото барање ДУИ го актуализираше во времето кога уставните судии укинаа одредби од Законот за употреба на знамињата на етничките заедници. "Како бел ден беше јасно дека таа одлука на Судот беше донесена под директен политички притисок на тогашната владејачка структура", тврди Алити.
Во ВМРО-ДПМНЕ ниту потврдуваат, ниту демантираат дали по жестокиот напад врз Уставниот суд поради укинувањето на веронауката, ќе следува и измена на Уставот. Прашан дали власта размислува за измени на Уставот по укинувањето на веронауката, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски немаше одговор. "Немам коментар, не би сакал да навлегувам во тоа", кратко рече Димовски. Тој тврди дека нивната реакција на одлуката е протест кон Уставниот суд, бидејќи практично со тоа го укинале правото на слободен избор на 15 илјади ученици да следат настава по веронаука. За него дел од уставните судии носат политички одлуки, бидејќи се под неформална контрола на претседателот Бранко Црвенковски. "Уставните судии мора да дадат отчет за својата работа, бидејќи земаат плата од даночните обврзници", смета Димовски.
Коментар за нападите на ВМРО-ДПМНЕ врз Уставниот суд немаат ниту во Собранието на Македонија, каде е донесен оспорениот закон. "Од Собранието немаше критики за работата на Уставниот суд. Одлуките на Судот треба да се почитуваат", вели спикерот на Собранието Трајко Вељаноски.
Опозицијата не е изненадена од нападите на ВМРО-ДПМНЕ кон Уставниот суд. Пратеникот на ЛДП Андреј Жерновски тврди дека нападите на власта се упатени директно врз Уставот на Македонија. "Нема да ме изненадат ако утре поднесат предлог за измена на Уставот", вели Жерновски. Н.Селмани

УСТАВЕН СУД: Реакциите се непримерен притисок

Реакциите кои изминативе денови беа упатени про и контра одлуката на Уставниот суд за укинување на веронауката во основните училишта се непримерен притисок и обид за дискредитација на Судот, се вели во соопштението кое највисоката судска инстанца во Македонија го објави вчера.
"Имајќи ја предвид уставната положба и надлежност на Судот, изнесените реакции во врска со одлуката за верското образование во основните училишта, како и по други одлуки на Судот се всушност непримерен притисок и обид за дискредитација на Уставниот суд како највисока правна институција во државата. Тоа понатаму значи обид за обезвреднување на уставните определби, па и на уставното начело на владеењето на правото", пишува во соопштението.
Од Уставниот суд уште еднаш потсетуваат дека неговите одлуки се неоспорни.
"Уставниот суд како орган на Републиката, ја штити уставноста и законитоста, а неговите одлуки се конечни и извршни, што значи дека не можат да се оспоруваат и мора да се спроведат".
Уставниот суд им порача на сите што реагираа во врска со оваа одлука, почнувајќи од триумфализмот на иницијаторот - ЛДП, преку огорченоста на ВМРО-ДПМНЕ во изјавите на Влатко Ѓорчев, Илија Димовски, Светлана Јакимовска и во пишаните соопштенија на партијата, гневот на МПЦ во изјавите на г.г. Стефан и на ИВЗ во изјавата на Јакуп Селимовски, до револтот на "Унијата на студенти" и до жестокото "бранење" на Судот од страна на СДСМ изразено со изјави, дека останува непоколеблив и доследен на својата уставна положба и надлежност да го штити Уставот на Република Македонија.


Фуере: Не смее да се поткопува авторитетот на Уставниот суд

Евроамбасадорот Ерван Фуере вчера и порача на Владата дека во иднина една од најважните задачи ќе и биде враќање на довербата во државните институции.
"Сега најважно е Владата да ги насочи сите свои напори во враќањето на довербата на граѓаните во функционирањето на државните институции. Во оваа насока оние што се осмелуваат да ги стават под сомнеж одлуките на Уставниот суд, треба да се запрашаат за што ќе придонесе тоа, освен што ќе го поткопа авторитетот на една од најважните институции на државата", изјави Фуере.
 
Реплика

Дупки во одлуката на Уставниот суд за веронауката

Автор: Дарко Јаневски


Со објавувањето на одлуката на Уставниот суд со која беше укината веронауката во основните училишта во Македонија, конечно можевме да се запознаеме со нејзината содржина, пред сè со образложението на Судот и да ја видиме аргументацијата со која уставните судии ја поткрепиле својата одлука. Зашто пред Уставниот суд стоеја неколку проблеми што ја доведуваа под сомнеж целата укинувачка операција, па се очекуваше образложението да биде посеопфатно и прилично гранитно за да може да ја оправда изреката. За жал, такво нешто во судската одлука нема. На пример, едно од темелните начела на Уставот на Македонија е дека во земјава „е дозволено сè што со Уставот и закон не е забрането“. Бидејќи забрана за верско образование не постои, тогаш требаше да се покаже дека некаде, уставотворецот макар посредно вметнал одредба со што таа забрана ја потврдил.

Тоа би требало да биде амандманот на Уставот со кој е промовирана секуларноста на државата. Но, тој амандман изрично вели:

„Македонската православна црква, како и Исламската верска заедница во Македонија, Католичката црква, Евангелско-методистичката црква, Еврејската заедница и другите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата и се еднакви пред законот“.

Значи, Уставот под принципот на секуларност подразбира одвоеност на верските заедници и религиозните групи од државата, а тие, тоа веројатно не е потребно посебно да се објаснува (или можеби за многумина треба), со еден образовен предмет, макар тој се викал верско образование, немаат многу врска. Да се тврди спротивното, лаички кажано, е како да се тврди дека на пример, при претпоставена одвоеност на амбулантите и болниците од државата, би било забрането во државните училиштата да се учи хемија, биологија или некој од другите предмети поврзани со медицината.

Всушност, во одлуката на Уставниот суд има огромна празнина, а таа е недостигот на знакот на равенство меѓу верските заедници и религиозни групи (чие мешање во државните работи е забрането) и верската настава која со сето тоа не мора да има никаква врска.

Без тој знак, одлуката на Судот вреди помалку и од хартијата на која е напишана, без оглед на тоа што работата веќе е завршена. За да не остане недокажано, Судот запишал дека ‘означениот уставен амандман го решава на принципиелен начин и прашањето за верското образование’, што би значело дека ако верските заедници се одвоени од државата, тоа по автоматизам важи и за верското образование, но без посоодветна аргументација, таквата констатација не е ништо друго освен најобичен кафеански муабет. Од уставни судии, сепак, се очекуваше малку посериозен пристап. Макар и во ваков состав.

Посериозен пристап

Вториот проблем што Уставниот суд не го решил е поврзан со тоа дали постоењето на одреден наставен предмет значи и пропагирање на содржината од тој предмет. Во случајот со веронауката, тоа би значело дека со самото изучување на овој предмет, државата ја пропагира религијата и со тоа го повредува правото на атеистите да не веруваат во Господ. Поедноставно кажано, Уставниот суд требаше да објасни дали со тоа што се изучува некој наставен предмет, на пример, математика, државата ја пропагира оваа дисциплина или се сведува на изучување на нејзината содржина по што, во подоцнежните години од младоста, секоја личност самостојно, според сопствените афинитети, одлучува дали и во кој правец ќе го надоградува сопственото образование.

За жал, ниту за ова во образложението на одлуката на Уставниот суд нема посериозна аргументација. Навистина, очигледно е дека судиите биле свесни за тоа, па затоа напишале: „Со оспорената одредба од Законот за основно образование се создава можност да се воведе предмет во кој се изучува определена вера, со кој се врши воведување на правилата според кои треба да се однесува припадникот на одредена вероисповед... Судот при тоа има предвид дека и начинот на спроведување на оспорената одредба во секој поглед се совпаѓа со оваа констатација. Ваквиот облик на верско образование (овде веќе се зборува за обликот на верското образование како спорен, н.з.), што произлегува како можност од законот, го надминува академскиот и неутралниот карактер на наставата, што инаку е карактеристика на јавното, државно образование и ја инволвира државата во организирањето на таква верска настава, наспроти изнесениот принцип на одвоеност на државата и верските заедници и во тој контекст слободниот простор за верските заедници да основаат верски училишта“.

Тоа е завршната аргументација на Судот, која повторно има проблем самата со себе. Тоа што верските заедници имаат право да организираат верска настава не значи ништо, зашто во Македонија има и компјутерски заедници кои организираат настава, спортски клубови кои тренираат деца, па сето тоа не значи дека информатиката или физичкото образование не се пожелни во училиштата.

Дополнителни замки

Но, можеби Уставниот суд со овие зборови сакал да каже дека не е толку проблем во верското образование, колку во начинот на кој се остварува наставата, а кој според него го нарушува „академскиот и неутрален карактер на наставата, што инаку е одлика на јавното државно образование“, и создава услови верата да се пропагира како „општествено пожелно поведение“.

Ако тоа била поентата на Судот, тогаш требало јасно да каже. Но, во таков случај, судиите би влегле во две други замки.

Првата, дека во Македонија е дозволено верско образование, но со неутрална содржина. Тоа, би значело дека, на пример, изучување на еден предмет во кој би биле застапени доминантите религии, и во кој би бил застапен и атеизмот како гледиште (ова, ако не се лажеме требаше да биде содржина на предметот „Историја на религиите“) не е спорно. Но, таква констатација судот очигледно сакал да избегне, па влегол во штуро објаснување за кое тешко може да се каже дека „држи вода“.

Втората замка е што со ова Уставниот суд на врат си го натоварил и оценување на содржината на еден предмет, што отвора други проблеми. Навистина, дури и на многу поборници на веронауката во Македонија, не им е јасно зошто Министерството за образование, при подготовка на наставниот план за предметот не одеше на „мека“ варијанта (помалку практицирање религија, а повеќе нејзино проучување), како што не им е јасно и зошто етиката не беше оставена како алтернатива на веронауката (од друга страна, таков беше предлогот во 2001/2 година кога тогашниот Уставен суд го укина решението на Ненад Новковски), со што се чини, како самото министерство повеќе да сакаше Уставниот суд да го укине предметот.

Но, во основа, станува збор за наставна содржина чие оценување од страна на ваква институција, може да се покаже како грешка во чекори. На пример, дали тоа значи дека во македонските училишта треба да се забрани и споменувањето на некои личности од нашата историја, како на пример Гоце Делчев и Јане Сандански? Со македонскиот правен систем забранет е тероризмот, оттука нормално би било и да се забрани величењето на луѓето кои го практикувале бидејќи, како што би рекол Судот, на тој начин се создава впечаток за „општествено полезно поведение“. Најголем подвиг на Јане Сандански, е киднапирањето на американска мисионерка, Елена Стон и бремената Катерина Цилка. За нив бил добиен откуп од 14.500 турски лири или околу 100.000 тогашни американски долари кои денес вредат најмалку 2,5 милиони долари.

Значи еден класичен чин на киднапирање на цивили, ние денеска го славиме и кај децата создаваме мислење дека таквото однесување е херојско. Гледано со очите на Уставниот суд, тоа би требало да се забрани, зар не?

Ова се само дел од очигледните слабости на одлуката на Уставниот суд за укинување на веронауката. Тие слабости сега можат да создадат многу повеќе проблеми, сеедно што Министерството за образование се покажа неспособно да ја одреди вистинската мерка за почетокот на наставата по овој предмет.

Извор: Нова Македонија
 
Автор: Дарко Јаневски

Ох мори мајко експертите на владата не можаат да коментираат да не се брукаат па пуштија новинар да ги наоѓа дупките во одлуката.

Македонија и се е можно.
 
Ох мори мајко експертите на владата не можаат да коментираат да не се брукаат па пуштија новинар да ги наоѓа дупките во одлуката.

Македонија и се е можно.


Во случајов во Уставот никаде изрично не пишува дека се забранува практицирање на верска настава во училиштата, ниту дека веронауката би го урнала секуларниот карактер во земјата (нешто што функционира во 40 европски земји). Така да, не држи мислењето новинар ги наоѓа дупките во одлуката.
 
Во случајов во Уставот никаде изрично не пишува дека се забранува практицирање на верска настава во училиштата, ниту дека веронауката би го урнала секуларниот карактер во земјата (нешто што функционира во 40 европски земји). Така да, не држи мислењето новинар ги наоѓа дупките во одлуката.

Затоа што не е. Нарушувањето на секуларноста пред се е во начинот на изведување на наставата читај погоре малку. Убаво имаат објаснето луѓето ама кој сака да прочита.
 
Поентата на уставниот суд и опозицијата е една : Спротивставување на секоја можна одлука на Владата.

И тоа се', сличното е и на форумов. Бидејќи ВМРО го турка ова, политичките противници доживуваат оргазам на одлукава од Уставниот.

А во текстот од А1 кој го постирав погоре за Бучковски е евидентно лицемерието кое го демонстрираат.

1. Oва тврдење погоре дали може да се поткрепи со некаков цитат (од било кого) од печатот, медиумите?

2. Се уште не утврдивте дали двата предмети “Религија’’ и “Вовед во религиите’’ беа задолжителни за учениците или факултативни?

Кој знае да одговори?


Како успеа Бранко да ве подели и по овој основ?!?
 
1. Oва тврдење погоре дали може да се поткрепи со некаков цитат (од било кого) од печатот, медиумите?

2. Се уште не утврдивте дали двата предмети “Религија’’ и “Вовед во религиите’’ беа задолжителни за учениците или факултативни?

Кој знае да одговори?


Како успеа Бранко да ве подели и по овој основ?!?

1.
Тоа може да се „поткрепи“ и со контрадикторното тврдење на опозицијата дека ВМРО-ДПМНЕ (а не коалицијата „За подобра Македонија“ и коалициониот партнер ДУИ!) сега ја има апсолутната власт, а “остана“ уште судството (значи не е апсолутна!) по кое почна да “удира“ (кому му “остана“? чие е? ако не е независно, што не е спорно, тогаш не може да биде на друг, освен на опозицијата! да не е на “меѓународниот фактор“?).

“ВМРО-ДПМНЕ повторно со напади на Уставниот суд“
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=CEEFACB252149343A6CF2E1360BB494A

„Во изминативе три години, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се обидоа буквално да го фамилизираат судството како трета власт. нема да не зачуди доколку посегнат и по Уставниот суд“, вели Емилијан Станковиќ, СДСМ.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=107479


СДСМ бара укинување на веронауката во училиштата 30.10.2008
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=99530

Реакција на Министерството за образование и наука, во врска со одржаната пресконференција на СДСМ на 30.10.2008 година :

Според тоа уште еднаш истакнуваме дека веронауката не е задолжителен предмет.

http://www.mon.gov.mk/mk/odnosi-javnost/aktivnosti-ministerstvo/855--30102008-


2.
Уставните судии гласале за укинување на вероучењето затоа што Уставот на РМ на граѓаните им го гарантира правото на вероисповест, но никој не треба да влијае врз нив дали ќе веруваат или нема и како ќе го манифестираат своето верување.
Дали се работи за „влијание“ врз верувањето?

Укинатиот Член 26 на Законот за основното образование гласи:

Во основното училиште може да се остварува и верско образование како изборен предмет.

http://www.usud.gov.mk/domino/WEBSU...b7c48874507a4d07c125756e00454ad2?OpenDocument

Медиуми:
http://www.oneworldsee.org/mk/Ustavniot-sud-ja-ukina-veronaukata-vo-osnovnoto-obrazovanie

http://www.makfax.com.mk/mk-mk/Details.aspx?itemID=3137
 
Тогаш ќе те молам, дефинирај што е “изборен предмет’’?!
 
Тогаш ќе те молам, дефинирај што е “изборен предмет’’?!


Иако не сум повикан мислам дека најдобро решение е токму воведување на ИЗБОРЕН ПРЕДМЕТ...
Значи нека им се овозможи на децата (родителите) да бираат помеѓу неколку предмети како на пр.Веронаука, Етика, Историја на религии и слично , со тоа ќе се мотивираат и наставниците кои ги држат овие предети...
 
Но со сегашната одлука на Уставниот сид -- кој, патем, игра по гајдата на СДСМ -- се забранува такво нешто, иако тоа изгледа е уставно заштитена категорија:

ОДЛУКАТА НА УСТАВЕН СЕ ПОЧИТУВА ПОЛОВИЧНО

Не учиме за верата, само се запознаваме </SPAN>

Владата не ја почитува целосно одлуката на Уставниот суд за укинување на верското образование во основните училишта, велат експертите по уставно право. Министерството за образование објави дека ќе биде прекината наставата по веронаука, но предметот запознавање со религиите останува како дел од наставата, со тоа што учениците што го одбрале тој предмет ќе имаат една оценка повеќе на крајот од учебната година, за разлика од учениците што досега изучуваа веронаука.

Токму продолжувањето на наставата по предметот запознавање со религиите е спорно за експертите по уставно право, кои тврдат дека одлуката на Уставниот суд не е испочитувана до крај. - Одлуката е објавена во „Службен весник“ и таа треба да се спроведе во целост. Нема тука толкување како мисли Министерството или како мисли некој друг. Судската одлука е јасна и се однесува на сите предмети кои се внесени во програмата со измените на Законот за основно образование. Одредбата се укинува, а со тоа и предметите веронаука и запознавање со религии - вели
Осман Кадриу, професор на Универзитетот ФОН. Таквиот став го делат и другите правни експерти кои ги консултиравме. Според нив, ако тој предмет се занимава со историски факти, тогаш не постои проблем, но кога во него, на пример, Исус се опишува како човек со посебна моќ дадена од Бога, а за тоа нема научни докази, тука има религиозна димензија, а токму на тоа и се однесува одлуката на Уставниот суд. - Тоа се верувања кои не се засновани на факти.

Министерството за образование ќе мора да објасни во кој акт, дали во наставни планови, програми, правилник за определување предмети или во Законот за основно образование е предвиден предмет запознавање со религии, односно каде е наведена содржината на тој предмет - вели поранешен судија во Уставниот суд. Непочитувањето на одлуката на Уставниот суд е регулирано во член 377, став 3 од Кривичниот законик на Република Македонија и за тоа следуваат и затворски казни за сите што не ја спроведуваат одлуката. Секој граѓанин кој мисли дека оваа одлука не се почитува, може да се обрати до Обвинителство, кое е должно да ги испита наводите. Тоа може да го стори секој граѓанин, па и самиот Уставен суд.

Обвинителството го разгледува случајот и до судот поднесува обвинение против тој што не ја извршил одлуката. Од Министерството за образование велат дека тие ја почитуваат одлуката на Уставниот суд, а во продолжувањето на наставата по предметот запознавање со религиите нема ништо спорно. - Запознавање со религиите не е верско образование туку предметот го предаваат социолози, историчари и филозофи. Оттаму не гледам дека има непочитување на одлуката на судот - вели министерот за образование Перо Стојановски. И директорката на Бирото за развој на образованието, Весна Хорватовиќ, тврди дека наставната програма на запознавање со религиите не се третира како веронаука и не е спорна во никој поглед, бидејќи овој предмет го предаваат дипломирани филозофи и социолози. - Тоа нема врска со веронаука бидејќи е од историско-филозофски и социолошки аспект. А, за реализирање на овој предмет, идната година Министерството дополнително ќе информира. Досега никој не реагирал до нас. Доколку има каква било реакција, ние ќе одговориме - вели Хорватовиќ.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom