Крај на верското образование во училиштата

  • Креатор на темата Креатор на темата igor108367
  • Време на започнување Време на започнување
Najstrasno e sto zaludno se potrosija 700,000 evra za kampanji i podgotovki za verskoto obrazovanie.
 
Кеш? Ваистина кеш!

Неодамна една анкета на „Галуп“ покажа дека Македонците најмногу и' веруваат на Црквата. Но, кога Македонците мислат на „црква“, ни случајно не мислат на храмовите како објекти, а уште помалку на нејзините земски посредници со Бога. Тоа само значи дека Македонците се молат на севишниот да ги избави од невработеност, од сиромаштија, од зло и од лажни проповедници. Во тој корпус спаѓаат и дел од владиците на Светиот архијерејски синод, бидејќи токму тие станаа антипод на се' што е синоним за вера и духовност. Напротив, тие се клерот кој сведочи за бескрајна љубов кон материјалното и за високосвештенство паднато на најниски морални гранки. Нив нема да ги препознаете по љубовта кон ближниот, туку по среброљубието, по претприемаштвото, по луксузниот возен парк, по рентирањето билборди пред храмови, по љубовта кон хотелиерството, по „духовновото“ пилјарство, по осветувањето дупки, курбани и камен-темелници, како доказ за еден материјализиран пагански бизнис.

Тие, речиси никогаш не можат да им помогнат на сиромашните, на гладните и на страдалните, но секогаш дебело наплаќаат за испраќање на починато Божјо чедо, за крштевка, венчавка...Неодамна воведоа и црковен развод. Експресно ќе ве разведат пред Бога само ако им дадете пари колку што налага нивната такса. Колку пониско им паѓа моралот, толку повисоко им растат акциите на берзата, куќите, имотите...

Овие експерти за финансиски обрт на народниот денар, единствено не штедат на земски страсти. Салоните за масажа веќе подолго се нивни параклиси, масерките - светици, а приградски куќарки на црвените фенери - манастири за осама и пост. Кога не би имало вакви свештеници, што едно проповедаат, а друго прават, Бог сигурно би бил прогласен за технолошки вишок. Но, на кого тој ќе им ги простува гревовите, ако не прво на своите грешни синови.

На тие „богоугодни чеда“ кои утре надмено ќе ви подадат рака за да ја бакнете понизно, задутре од лакомост ќе им се тресат и двете раце додека ги бројат парите што од неукост ги оставате за здравје врз иконите. Ним не им пречат парите залепени на челото на Богородица, ниту на градите на кои таа го држи своето чедо. Тие знаат дека богохулници така им лепат пари на евтини кафеански пејачки и на стриптизети, ама не им пречи и тие да се однесуваат како верски макроа и тоа на најголемиот христијански празник. Така е затоа што се одзиваат само на зборот Кеш. Кешот е нивната вистинска и единствена религија. Дозволија срамот да биде поголем од храмот. Може слободно да се каже дека денешниот верски живот во Македонија е полош од атеизмот во комунизмот. Ако чистотата на верата тогаш ја гарантирал нејзиниот силен противник, денеска верата ја бербатат нејзините безбожни поклоници и лажни проповедници.

Токму такви лицемери денес ламентираат над укинувањето на предметот веронаука. Ако немаме чесна практика, смешно е да се повикуваме на чиста теорија. Овде не е проблем што е укината веронауката, туку што етиката е срамнета со земја. И етиката ги учи младите да не лажат, да не крадат, да ги почитуваат блиските, да им помагаат на другите, ама не е воведена во наставната програма. Токму поради лакомоста на верските профитери што сакаат да чиноначалствуваат и со програмите на министерствата и со издавачката дејност и со профитите од учебниците и со авторското право врз етиката...

Утре е Велигден. Запалете ги кандилата во вашите срца, оти тие најсилно горат. Црковните свеќи и онака предвреме ви ги гасат или ви ги одземаат од рацете за да ги топат одново. Во прашање е профит, маржа, месечна заработка. Додека мрморат нешто што звучи како „Изгрев воскресе, навистина воскресе“, реплицирајте им најгласно: „Христос воскресе. Навистина воскресе.“ И не се поклонувајте напразно пред сечија мантија. Само таму каде што се љубовта, почитта и вистината, таму е и Бог.
Катерина Блажевска

===============================================
:cuc::cuc::cuc:
:cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
 
Скисната боза

Веронаука во хотелот "Изгрев"... Пишува Горан Михајловски

1
Ја молам црквата, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Владата барем за време на верски празник да престанат да инсистираат на нови поделби: Македонци - немакедонци, христијани - антихристи, верници - неверници...
Во цивилизирана држава и цивилизирано општество има само една поделба: на луѓе што ги почитуваат Уставот и законите и на луѓе што не ги почитуваат.
Веронауката во државното основно образование по втор пат паѓа на Уставен суд. Еднаш кога беше воведена како факултативен предмет и сега како задолжителен изборен предмет.
Ај да речеме дека Владата со најдобра намера ги изготвила сите закони што паднаа на Уставен суд. Но, исто така, знам дека одлуката на Уставниот суд е конечна и извршна. И - точка.
Сакам да верувам дека кога ги донеле законите биле свесни за одговорноста што ја преземаат. Сега со истата одговорност нека се соочат со последиците од тоа што донеле неуставни закони.
Тоа е одговорно однесување на одговорна влада. А не пуштање на студентот Ѓорчев да ми раскажува приказни како било во другите земји и колку зависници на хероин имало.Тој својот Устав не си го познава, а не пак да ми зборува за уставите на другите земји.
Одговорна и возрасна влада сега ќе најде начин што да им прави на тие што ги вработи да предаваат веронаука и историја на религии. Исто како што мора да најде начин да им ги врати парите на трговците на кои им наложи да ставаат патриотски каси. И нека најде пари за сите мајки што ќе родат второ, трето, четврто дете без разлика дали живеат во општини каде природниот прираст е под, или над 2,1 промил.
Ако Владата и пратениците си дозволуваат да не почитуваат одлуки на Уставниот суд, тогаш го поткопуваат поредокот и ја сечат гранката на која седат. Дали се свесни дека со оспорување на Уставниот суд отвораат врата за анархија? Како мислат да владеат во земја во која не се почитува Уставот?

2 Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан повика да се прекине прогонот на верата на просторот во Република Македонија.
Во Македонија со Устав е гарантирана слободата на вероисповед на секој граѓанин. Но, не е дозволено веронауката да се финансира од пари од Буџетот. Затоа што тоа се заеднички пари, а ова е секуларна држава и загарантираното право да се биде религиозен не е поголемо од загарантираното право да не се биде религиозен.
Во секуларна држава Господ е Уставот. Амин.
Така што кога поглаварот Стефан зборува дека некој ја прогонува верата, брутално манипулира со замена на тезите. Не се прогонува верата, туку со непочитување на Уставот се прогонува правната држава.
Министерот за образование Петар Стојановски рече дека Уставниот суд ја укинал формата на реализацијата на веронауката, но не и потребата од реализирање на веронаука. Но, тоа не треба да биде негова грижа, бидејќи тој е државен службеник. Тоа треба да биде грижа на поглаварот г.г. Стефан. И на другите верски заедници кои имаат потреба за тоа.
Впрочем, никој ни на МПЦ, ниту на која било верска зедница не им забранил да организираат свои школи и градинки и таму да одржуваат верска настава.
Еве на пример, МПЦ нека организира летни кампови во Струга. Веронаука ќе се учи во хотелот "Изгрев". А децата до таму ќе можат да ги возат во скапите коли и луксузните џипови. Така владиците со личен пример ќе ги учат децата на скромност, да не лажат и да не крадат. И - да ги почитуваат другите.

3 Кога на оваа Влада почнаа да $ паѓаат законите на Уставниот суд, еден правен експерт рече дека се чуди дали ги прават бозаџии, или правници. Или правниците што ги вработиле се разбираат од право колку бозаџиите, или толку се исплашени од Владата оти се поставени од партијата, па мораат и тоа што не чини да го спроведат во закон.
Така добивме лоши закони. А и бозата скисна.
 
Кеш? Ваистина кеш!

Неодамна една анкета на „Галуп“ покажа дека Македонците најмногу и' веруваат на Црквата. Но, кога Македонците мислат на „црква“, ни случајно не мислат на храмовите како објекти, а уште помалку на нејзините земски посредници со Бога. Тоа само значи дека Македонците се молат на севишниот да ги избави од невработеност, од сиромаштија, од зло и од лажни проповедници. Во тој корпус спаѓаат и дел од владиците на Светиот архијерејски синод, бидејќи токму тие станаа антипод на се' што е синоним за вера и духовност. Напротив, тие се клерот кој сведочи за бескрајна љубов кон материјалното и за високосвештенство паднато на најниски морални гранки. Нив нема да ги препознаете по љубовта кон ближниот, туку по среброљубието, по претприемаштвото, по луксузниот возен парк, по рентирањето билборди пред храмови, по љубовта кон хотелиерството, по „духовновото“ пилјарство, по осветувањето дупки, курбани и камен-темелници, како доказ за еден материјализиран пагански бизнис.

Тие, речиси никогаш не можат да им помогнат на сиромашните, на гладните и на страдалните, но секогаш дебело наплаќаат за испраќање на починато Божјо чедо, за крштевка, венчавка...Неодамна воведоа и црковен развод. Експресно ќе ве разведат пред Бога само ако им дадете пари колку што налага нивната такса. Колку пониско им паѓа моралот, толку повисоко им растат акциите на берзата, куќите, имотите...

Овие експерти за финансиски обрт на народниот денар, единствено не штедат на земски страсти. Салоните за масажа веќе подолго се нивни параклиси, масерките - светици, а приградски куќарки на црвените фенери - манастири за осама и пост. Кога не би имало вакви свештеници, што едно проповедаат, а друго прават, Бог сигурно би бил прогласен за технолошки вишок. Но, на кого тој ќе им ги простува гревовите, ако не прво на своите грешни синови.

На тие „богоугодни чеда“ кои утре надмено ќе ви подадат рака за да ја бакнете понизно, задутре од лакомост ќе им се тресат и двете раце додека ги бројат парите што од неукост ги оставате за здравје врз иконите. Ним не им пречат парите залепени на челото на Богородица, ниту на градите на кои таа го држи своето чедо. Тие знаат дека богохулници така им лепат пари на евтини кафеански пејачки и на стриптизети, ама не им пречи и тие да се однесуваат како верски макроа и тоа на најголемиот христијански празник. Така е затоа што се одзиваат само на зборот Кеш. Кешот е нивната вистинска и единствена религија. Дозволија срамот да биде поголем од храмот. Може слободно да се каже дека денешниот верски живот во Македонија е полош од атеизмот во комунизмот. Ако чистотата на верата тогаш ја гарантирал нејзиниот силен противник, денеска верата ја бербатат нејзините безбожни поклоници и лажни проповедници.

Токму такви лицемери денес ламентираат над укинувањето на предметот веронаука. Ако немаме чесна практика, смешно е да се повикуваме на чиста теорија. Овде не е проблем што е укината веронауката, туку што етиката е срамнета со земја. И етиката ги учи младите да не лажат, да не крадат, да ги почитуваат блиските, да им помагаат на другите, ама не е воведена во наставната програма. Токму поради лакомоста на верските профитери што сакаат да чиноначалствуваат и со програмите на министерствата и со издавачката дејност и со профитите од учебниците и со авторското право врз етиката...

Утре е Велигден. Запалете ги кандилата во вашите срца, оти тие најсилно горат. Црковните свеќи и онака предвреме ви ги гасат или ви ги одземаат од рацете за да ги топат одново. Во прашање е профит, маржа, месечна заработка. Додека мрморат нешто што звучи како „Изгрев воскресе, навистина воскресе“, реплицирајте им најгласно: „Христос воскресе. Навистина воскресе.“ И не се поклонувајте напразно пред сечија мантија. Само таму каде што се љубовта, почитта и вистината, таму е и Бог.
Катерина Блажевска

===============================================
:cuc::cuc::cuc:
:cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:

Многу добар текст, се што е напишано е вистина и свештените лица као што пишува и во Библијата се тие главните виновници кои ги затвараат вратите од рајот на многу народ кој сака да влезе со тоа што не го просветлуваат за вистината туку како што пишува и текстот важно им е кешот.
 
Ај не ја ширете темата со работи кои немаат допирни точки со за/против верското образование во државниот образовен систем
 
Не бе глупи се Германците ние сме најпаметни и најмодерни. Што ќе ни е веронаука. Наместо на часови нека идат по вециња децата после на клипови по мобилни да ги има.
 
Ако го немаш воспитувањето од дома добиено тешко дека тоа во некое школо ќе го стекнеш:toe:

Некој порано го спомна марксизмот..и тој не беше наменет за домашно воспитување, имаше за цел директна политичка индоктринација, истиот случај е сега и со веронауката само разликата е што таа има индиректна политичка индоктринација, делува посредно, преку учењето за покорност и прифаќањето на таа судбина.... дека некој е предодреден за владеење а некој за служење.
 
Не бе глупи се Германците ние сме најпаметни и најмодерни. Што ќе ни е веронаука. Наместо на часови нека идат по вециња децата после на клипови по мобилни да ги има.

Германските деца со “веронаука во џебот“,се враќаат во училиште и тепаат по 20тина соученици и професори.Можеби ние не сме најмодерни ама сме далеку попаметни.А веронауката можеби може да егзистира во некоја држава каде нема толку многу спротивставени религии како во Македонија.Кога во Германија ќе се изградат 10 000 џамии и минариња тогаш и сами ќе заклучат колку им треба веронаука во школите,ако воопшто им треба.:toe:
 
Токму поради тие појави воведоа Етика и Веронаука таму. Треба ние да чекаме да ни дојде истото па тогаш да воведеме и ние? Подобро да се спречи отколку да се лечи. А за домашното воспитување потполно се слагам со Воне, само што во денешно време родителите се премногу зафатени со егзистенцијата на фамилијата и тоа воспитување изостанува. Затоа се праќаат децата во школо. Јас сум, доколку ептен пречи веронаука, барем етика да има. Иако ми имаат кажувано токму од Германија дека на часови по Етика ги учеле дека хомосексуалците се природни и такви работи што се надевам дека не би било случај тука. Важно е да се научат децата на морални вредности.
 
Не е тоа ама баш никакво оправдание, причината е што скоро сите ги фатила некоја летаргија, рамнодушност и
....бриго преѓ(џ)и на другога...
 
Денес разбрав дека Холандија воопшто немала уставен суд.
 
Да ама казливо е со закон непочитувањето на уставот. И на никој не смее да му текне да го прекрши. Кај анс тоа никогаш нема да може да се спроведе.
 
Исто така дознав дека Велика Британија т.е. Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска воопшто немало устав.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom