- Член од
- 5 мај 2005
- Мислења
- 4.454
- Поени од реакции
- 178
Нема визна либерализација без законска заштита од дискриминацијата. Условот треба да биде исполнет со новиот закон, чиј работен текст го разгледуваше Националниот совет за интеграција и невладините организации.
„Се зајакнува улогата на народниот правобранител, зашто постои посебен закон за народен правобранител со утврдени надлежности“, рече Џељаљ Бајрами, министер за труд и социјална политика.
„Но, со овој закон се утврдува и директната инволвираност на народниот правобранител во постапките пред надлежен суд, доколку лицето коешто е дискриминирано повело постапка пред суд“, додаде Бајрами.
Но, и покрај уверувањето на министерот, текстот е променет, ама забелешките останаа исти дека всушност не се проширени надлежностите на народниот правобранител.Не е дефинирана дискриминацијата. Не е предвидена едукација. Нема како да се спречи дискриминацијата.
Проблем е спроведување на законот, не се назначени механизмите. Нема казни за тие што можеле да ја спречат дискриминацијата.
Законот не смее само да се напише и усвои колку да се исполни условот за визна либерализација.
„Сите знаеме дека хартијата трпи се, а на крајот доказот е во она што го правиме во реалноста“, изјави Симон Филипини, амбасадор на Кралството Холандија.„Е за овој закон нема преговори со ЕУ, без овој закон нема ни безвизен режим, меѓутоа најважно од се, без овој закон нема добра држава“, вели Радмила Шеќеринска.
ОБСЕ и Венецијанската комисија претходниот текст на законот го критикуваа дека не ги исполнува сите стандарди. Беше оценет како „апстрактен и општ“.
A1.
Ај нека го донесат, па да напеналам некого со тужба, па да видам после кој кого ќе направи сапун, и кој на кого ќе му се трти, и бара објаснување зашто ѓаур, албанец, циган или слично било или не било навредливо и дискриминирачки.
Само убаво нека се формулира и нека се изгласа, па ќе кубат коси после повеќе души во државава. Ваљда ќе ни тргне на арно. Ваљда...