Пронајдени Букефал и швалерката
Уште поексклузивно, посензационално и поспектакуларно...
Откако археолозите
го пронајдоа
гробот на
големиот војсководец Александар Македонски, а после половина час копање
ја пронајдоа и фотографија на својата професорка која Александар ја сликал со својот мобилен телефон за време на предавање во училиште, Мојон Блог доаѓа до уште едно откритие кое е на границата на магичност и волшебност.
Имено, денес во 15:37 е пронајден и коњот на Александар Македонски, но и неговата швалерка чие име сеуште не се открива.
Букефал и девојката се пронајдени во Градскиот парк во Скопје кај забавниот парк во близина на картингот за време на сечење дрва.
- Јас и колегата ги сечевме дрвата за огрев за претстојното лето кога наеднаш во грмушките забележавме два коњи. Отпрвин мислевме дека се од оние што Фрчкоски ги купи додека беше министер но кога им се приближивме навистина се изненадивме, а колегата од преголема возбуда се онесвести - раскажува Џевад Бајрами, професионален сечач на дрва.
На местото на настанот веднаш дојде македонската археолошка елита и на коњите им зеде примероци од крв и урина за понатамошни испитувања.
Од наши извори дознаваме дека коњот е Букефал химселф а колешката не е неговата сопруга туку 16 години помлада швалерка.
Скандалозното откритие го разбранува државниот врв кој моментално е на вонредна средба на која би се одлучило кои ќе бидат наредните чекори и како на светската јавност ќе и се објасни фактот што најпознатиот македонски коњ имал швалерка.
Мојон Блог останува да ја следи приказната. Ги очекуваме изјавите на претседателот и премиерот по средбата.