Мажите не се толку таинствени колку што жените би сакале?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Вака, вчера гледав CSI и Грисом имаше една ваква реплика, која ме замисли. Знам дека е општа и дека се е индивиудално, но сепак ете може да развиеме дискусија.

Дали жените сакаат таинствени мажи? Зошто?

На пример колку пати ќе се каже дека жените се комплицирани, а машките се попроѕирни, пошто се подиректни.

Вака излегува дека жените, всушност сакаат машките да ги комплицираат и затајуваат работите, а сепак не е така?

Што мислите вие?
 
А не се ли мажите доволно таинствени ?
Да бидам таинствен и да оставам на женско око проценка за мојот став ?

Работата е што мажите често се принудени да бидат подиректни , со што уште еднаш се докажува дека жените незнаат што сакаат.
Од една страна ја почитуваат мистеријата,таинственоста , а од друга страна кога таа е всушност присутна ја растеруваат со тоа што велат дека машкото треба да им кажува се , а не они сами да откриваат за неговите работи/мислења/идеи итн.
 
Не знам шо сакаат женските, ама знам дека ја не сум таинствен! Кој шо го интересира ќе дознае, а и директен сум така да таинствен не сум у никој случај! Ама се е индивидуално бе, не сме сите исти :smir:
 
Не сакам да затајуваат, сакам да им биде природно да не се отворени ко Читанка. Има некои на кои таков им е начинот - недефинирани одговори, аура на нешто недокажано, поглед што крие уште нешто повеќе.. А има и такви сонциња на кои се им читаш од поставеност на телото и од начин на облекување:))
 
Жените повеќе ги сакаат тие “мистериозни“ типови на машки, кои што нема да си го отворат срцето во првиот муабет.
Доколку над едно машко се создава некоја љубопитност во текот на познавањето, жените се дополнително мотивирани и интригирани да дознаат што е можно повеќе за типот.
Таа ќе си фантизира и ужива во дејдриминг за машкото и на тој начин уште повеќе се заљубува...
 
Значи кај мене е обратно и тоа ми претставува сега за сега некој помал проблем.Дечко ми е претерано таинствен.Си правиме муабет за се и ми кажува се ама пак...секогаш остава простор...како да има нешто недокажано и мене постојано ме влече...размислувам...што си мисли во моментот...нема шанси да откријам што му се мота низ глава(освен ако он не ми каже) и еднаш на зезање ми кажа дека така било поинтересно и што би било кога би си кажувале ама баш се,а јас пустата па таква сум,сакам се да си кажам :toe: и чудно ми е,ама ете таква личност е и ДА мислам дека тоа многу ме привлекува кај него.
 
Мистериозното нешто е егзотично нешто, нешто што ти го привлекува вниманието и љубопитноста. Аха има тука нешто што јас не знам а сакам да го дознаам. Човекот одсекогаш бил истражувач и ако наиди на нешто што не го знае со цело свое битие ќе сака да го разбери тоа.
Сум мистериозен кога сакам да бидам, затоа што некои работи и не се баш за кажување. И искрено сакам понекогаш да си играм како мачката што си игра со глувчето пред да го изеде :icon_lol:, па креирам мистерија околу себе и сето тоа е добронамерна игра во човековите односи.
 
И жените не се толку таинствени колку што мажите сакаат.
 
И жените не се толку таинствени колку што мажите сакаат.

Образложи си го мислењето, инаку ќе биде избришано. Вакви постови не се толерираат.
 
На пример колку пати ќе се каже дека жените се комплицирани, а машките се попроѕирни, пошто се подиректни.
Па, ова го велат само мажи кои се обидуваат да придобијат нешто со таквите коментари, или пак жени коишто се обидуваат да направат женскиот пол да стане еднаков со машкиот ( не дека не е, туку овие така си мислат, демек ако вие сте посилни, ние сме поубави, а ако не сме поубави, сме покомплицирани ).
Вака излегува дека жените, всушност сакаат машките да ги комплицираат и затајуваат работите, а сепак не е така?
Истото е и за жените. Прашај ја другарка и, ќе знаеш многу работи за неа од омилен филм до дали сака секс навечер или напладне. Не сакате само вие да си играте детективи..
 
Значи кај мене е обратно и тоа ми претставува сега за сега некој помал проблем.Дечко ми е претерано таинствен.Си правиме муабет за се и ми кажува се ама пак...секогаш остава простор...како да има нешто недокажано и мене постојано ме влече...размислувам...што си мисли во моментот...нема шанси да откријам што му се мота низ глава(освен ако он не ми каже)

И кај нас е сосем исто. И јас понекогаш се нервирам зошто не ми кажува што го мачи, но тој ми вика дека тоа е така за да не се оптоварувам со неговите ситни проблеми. А јас не сум таква, се што ќе ми дојде во моментот на мисла му кажувам, едноставо не можам да кријам за било што,(за што понекогаш се мразам)

Сепак сметам дека до извесна мора добро е да постои таа мала таинственост и мистериозност и од двете страни, зошто како што некој претходно кажа, така се поткрева љубопитноста и страста
 
И кај нас е сосем исто. И јас понекогаш се нервирам зошто не ми кажува што го мачи, но тој ми вика дека тоа е така за да не се оптоварувам со неговите ситни проблеми.
Остави го да биди силен (тој ја има таа потреба), немој да претеруваш и да бараш од него за се и сешто да ти плачи на рамено :icon_lol:, верувај ми ако премногу бараш такво нешто ќе се оддалечи од тебе. Ги знам таквите типови на мажи дури и предобро затоа што сум еден од нив.
 
Таинственоста и мистериозноста се секси но до одредена граница, ако и во врска се понаша така мистериозно постојано 24/7 па нека иде упм немам развиени телепатски способности да читам мисли.
 
Значи кај мене е обратно и тоа ми претставува сега за сега некој помал проблем.Дечко ми е претерано таинствен.Си правиме муабет за се и ми кажува се ама пак...секогаш остава простор...како да има нешто недокажано и мене постојано ме влече...размислувам...што си мисли во моментот...нема шанси да откријам што му се мота низ глава(освен ако он не ми каже) и еднаш на зезање ми кажа дека така било поинтересно и што би било кога би си кажувале ама баш се,а јас пустата па таква сум,сакам се да си кажам :toe: и чудно ми е,ама ете таква личност е и ДА мислам дека тоа многу ме привлекува кај него.

Овде во голема мера се пронаоѓам самиот себеси.

Има случаеви, во последно време доста често, кога работите ги кажувам половично и со доза на двосмисленост па тоа предизвикува некоја реакција кај тој што ме слуша или гледа (бади ленгвиџ)
Порано бев и уште сум отворен и директен, јасно и гласно кажувам што сакам и мислам, но во последно време претпазливо бирам кому и што. Можеби тоа се должи на искуството што го имам во комуникацијата со различни типови на луѓе, и работите што ми се имаат случено...
Ова се однесува за интимата и интимниот живот, на другите полиња е малку подруго.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom