P
Princ
Гостин
И ќе биде дадена на Орце Камчев најверојатно, да скратам приказна.
Воената болница најверојатно ќе биде дадена под концесија на приватна фирма, неофицијално дознава А1 од извори во болницата.
Комисијата формирана од Министерството за одбрана наводно заклучила болницата да се даде под закуп на 30 години, персоналот да биде задржан најмалку 5 години, а закупецот да инвестира најмалку 40 милиони евра.
Како можен закупец се шпекулира со името на сопственикот на ОРКА, Орце Камчев, а тендерот кој ќе биде исклучиво за домашни понудувачи, да биде распишан неколку недели по изборите. Договорот со Жан Митрев немало да не биде продолжен во 2012 година.
Во болницата молк. Двајцата министри, за одбрана и здравство, со различни одговори за реорганизацијата.
„Рано е за трансформација, тој процес ќе започне дури во 2013 година. Пред избори излегоа шпекулации дека болницата ќе се реорганизира дека и персоналот ќе остане без работа“, изјави министерот за одбрана Зоран Коњановски.
За разлика од него, министерот за здравство Бујар Османи изјави дека здравството ги финализира опциите откако Владата ги задолжила двете министерства да изнајдат решенија и да ги усогласат.
„Размислуваме на различни идеи од цел спектар, од преминување во јавното здравство, модел што е во некои држави успешен, на пример во Хрватска воената болница се трансформираше во јавна здравствена установа, којашто во моментот успешно функционира, па се до другиот крај на спектарот, а тоа е целосната приватизација на болницата“, рече Бујар Османи.
Камчев денеска не беше достапен на неговиот мобилен телефон. Кардиохирургот Жан Митрев пак, тврди дека со него никој не разговарал на оваа тема.
Вработените велат дека работат во напната атмосфера. Во моментот нема набавки на лекови и медицински материјал.
Што се крие зад трансформацијата на овој атрактивен објект, кој остана недопрен од реформите, засега останува тајна. Стратешки направена од ЈНА со своите 50.000 метри квадратни, многу одделенија, операциони сали и хелодром, Воената болница останува да ги мами погледите на многумина што за нема имаат големи апетити.
Извор