Воена болница под концесија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Princ
  • Време на започнување Време на започнување
P

Princ

Гостин
И ќе биде дадена на Орце Камчев најверојатно, да скратам приказна.

Воената болница најверојатно ќе биде дадена под концесија на приватна фирма, неофицијално дознава А1 од извори во болницата.

Комисијата формирана од Министерството за одбрана наводно заклучила болницата да се даде под закуп на 30 години, персоналот да биде задржан најмалку 5 години, а закупецот да инвестира најмалку 40 милиони евра.

Како можен закупец се шпекулира со името на сопственикот на ОРКА, Орце Камчев, а тендерот кој ќе биде исклучиво за домашни понудувачи, да биде распишан неколку недели по изборите. Договорот со Жан Митрев немало да не биде продолжен во 2012 година.

Во болницата молк. Двајцата министри, за одбрана и здравство, со различни одговори за реорганизацијата.

„Рано е за трансформација, тој процес ќе започне дури во 2013 година. Пред избори излегоа шпекулации дека болницата ќе се реорганизира дека и персоналот ќе остане без работа“, изјави министерот за одбрана Зоран Коњановски.

За разлика од него, министерот за здравство Бујар Османи изјави дека здравството ги финализира опциите откако Владата ги задолжила двете министерства да изнајдат решенија и да ги усогласат.

„Размислуваме на различни идеи од цел спектар, од преминување во јавното здравство, модел што е во некои држави успешен, на пример во Хрватска воената болница се трансформираше во јавна здравствена установа, којашто во моментот успешно функционира, па се до другиот крај на спектарот, а тоа е целосната приватизација на болницата“, рече Бујар Османи.

Камчев денеска не беше достапен на неговиот мобилен телефон. Кардиохирургот Жан Митрев пак, тврди дека со него никој не разговарал на оваа тема.

Вработените велат дека работат во напната атмосфера. Во моментот нема набавки на лекови и медицински материјал.

Што се крие зад трансформацијата на овој атрактивен објект, кој остана недопрен од реформите, засега останува тајна. Стратешки направена од ЈНА со своите 50.000 метри квадратни, многу одделенија, операциони сали и хелодром, Воената болница останува да ги мами погледите на многумина што за нема имаат големи апетити.

Извор
 
Па и најдобро е да ја дадат на Камчев. Барем нешо ќе направи од неа, можеби ќе ја врати на она ниво на која беше до 1991 г. И така од таму наваму, само се вработува рамковен кадар, кој не ги задоволува моите медицински критериуми.
 
Битуше не лај трици...

Него, колку што знам беше планирана изградба на болница во Скопје од меѓународен карактер, значи најголем медицински центар на Балканот спонзориран од Американците. Изградбата на тој регионален медицински центар се проценуваше на 40 милиони.

Дали за тоа се работи и нешто се променило....можеби коинциденција :toe:
 
Тоа е мое мислење...

Филип Втори веќе има склучено договор со УСА за давање на неговите услуги и плаќање со УСА здравствено осигурување за УСА граѓани.
 
Ova sto se slucuva so Voena Bolnica e samo uste eden pokazatel kakvi priliki vladeat vo Makedonija!!!

Voena Bolnica Skopje bese renomirana ustanova za vreme na YU so najdobrite kadrovi koi edna zemja mozese da posakuva.

Ova sto denes se slucuva vo i okolu Voena Bolnica voopsto ne me cudi i od ona sto nekogas bese za primer kako treba da izgleda i raboti edna zdravstvena ustanova denes se dojdeni na pitacki stap odnosno do totalen kolaps zaradi neodgovorno vladeenje i pljackosuvanje.

Sramota golema za zdravstvoto vo Makedonija e sto se dozvoli unistuvanje na Voena Bolnica bez nikoj da odgovara za toa.
 
Затоа сега ќе му се даде под концесија на Орце Камчев, да ја докрајчи.
 
Орце Камчев демантира било каква вмешаност
Вечерва се огласи Орце Камчев, директор на „ОРКА Холдинг“. Тој тврди дека не е заинтересиран и нема никаква вмешаност во јавно-приватно партнерство, закуп или купување на Воената болница.
Камчев тврди дека клиничката болница што ја гради е во завршна фаза.
A1
 
Ај ај не го брани :) Сите знаеме дека Орце "никаде" не е вмешан.
 
Ај ај не го брани :) Сите знаеме дека Орце "никаде" не е вмешан.

of mori majko )))0 so ima js da go branam ...i mene mi izgleda za kostapler, nego na prvata vest od temava od a1 dodadena e ova od a1....razbiras?)))
 
Битуше не лај трици...

Него, колку што знам беше планирана изградба на болница во Скопје од меѓународен карактер, значи најголем медицински центар на Балканот спонзориран од Американците. Изградбата на тој регионален медицински центар се проценуваше на 40 милиони.

Дали за тоа се работи и нешто се променило....можеби коинциденција :toe:

Да не мислиш на ова http://217.16.70.245/?pBroj=1569&stID=21998&pR=6

А иначе ако на Орце му се даде под концесија,не знам како ќе постигне.

ОРКА ГРАДИ ЗДРАВСТВЕН ОБЈЕКТ
МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОБИЕ ПРИВАТЕН КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР

По растурањето на државниот, Македонија ќе добие приватен клинички центар.

Тоа ќе го побара во регистрационото решение сопственикот на компанијата Орка по изградбата на здравствениот објект кој со дејностите што ќе ги нуди треба да ги покрие сите здравствени услуги. Во шесткатната зграда која ќе го носи името Систина, ќе има урологија, ортопедија, абдоменална и торакална хирургија, нуклеарна медицина, рендген дијагностика, 30 амбуланти, 9 операциони сали и 16 лаборатории.
По неуспехот за државна во Систина ќе биде и втората кардиохирургија која ќе ја предводи кардиохирургот со македонско потекло Салис Таџер. Дознаваме дека има огромен интерес на лекари од скопските клиники кои сакаат да преминат во Систина. Најмногу заинтересирани има кај хирурзите, иако, Орце Камчев засега не открива имиња.
- Целиот искусен кадар е на клиниките. Засега немаме ништо конкретно. Во новата установа треба да се вработат 400 до 450 среден медицински персонал и 100 до 120 доктори и професори - вели Орце Камчев.

Дали ќе бидат конкурентни на пазарот, Камчев вели дека ќе соработуваат со Фондот, но нема да потпишат договор под било какви услови. Ќе бидат отворени и за пациенти од Албанија, Косово и дел од Јужна Србија.

- Ќе понудиме цени како што се сега во Клиинчки. Но нормално со некаква минимална надокнада за одредени работи како што е на пример сите соби ќе бидат еднокреветни, или ако некој сака да го прегледа одреден доктор - вели Камчев.

Зградата треба да биде готова во септември, а според најавите на Камчев, вратите за пациентите ќе бидат отворени најдоцна во декември.

http://www.sitel.com.mk/default-mk.asp?ItemID=58301E7EF50A774496F2D27B74264182
 
Не мислев на тоа. Колку што знам.. преку Мала Богородица/Систина каде и Камчев имал удел, ќе се финансираа пари преку америкаска амбасада за регионален медицински центар во Македонија и Камчев требаше да биде .. врската.
 
Затоа сега ќе му се даде под концесија на Орце Камчев, да ја докрајчи.

Ај вака малку информации од прва рака...

*Воена болница уште го има кадарот на професионалноста и подготвеноста како што велите од YU времето...и дупло попрофесионален од тогаш....

Докторите многу често ги праќаат на семинари низ светов...

Последно е сега тоа што се пријавија голем број на доктори хирурзи за да работат 6 месеци во Авганистан по хонорар од 8000(илјади) евра месечно...(ете каков бенефит имаат поготово докторите,но сепак и стручноста е поголема)

*Значи профисионалноста си е топ....него во "Воена Болница" постои и администрација која е задолжена за сите набавки,приходи,доходи и се што е неопходно за болницата.....а тој кадар се воени лица,со големо искуство и со завршени факултети нормално(економисти,правници,доктори и сл.)...

Е сега проблемот е што за да одржаваш толку голем квалификуван персонал заклучно и со администрацијата требаат пари....а парите не се проблем....ПАРИ НЕМА...бар така викаат од државата кога станува збор за инвестирање во неа!:toe:

*Незнам зошто до сега во сите овие влади не се родила идеја за некој проект за "Воена Болница"...сите знаат колку вреди болницата и затоа има многу заинтересирани,а од друга страна има и лопови што седат у влада и што тоа е од нивни личен интерес....

*Инаку "Воена Болница" ако ја изгубиме...толку ќе биде....оти и сега нормално си функционира...платите си течат редовно...има голем број на пациент 70% од нив се албанци....значи и на албанците поготово им е приоритет нејзино зачувување...

И то....:salut:
 
...По неуспехот за државна во Систина ќе биде и втората кардиохирургија која ќе ја предводи кардиохирургот со македонско потекло Салис Таџер.....

Е, па ако не работи Жан Митрев ај погодете кој ќе работи?
Чив кумашин?:kesa:
 
Од она што го видов пред 2-3 недели болницата е многу далеку од она што беше претходно. Светлосни години далеку. Како со персонал, така и со уреденост. Од она што го видов и од кажувањето на особата која лежеше таму-а таа особа има доста искуства со ова за жал, доста болници има лежано во последните неколку години. Наликува на оддел од државна каде прозорите не дихтуваат, каде се е распукано, каде како да имаат една сестра и болничарка и хигиеничарка истовремено... тоа ми беше впечаток. А ги имам користено услугите во сфрј, така да знам и како беше пред тоа.
 
Druze, lezev pred 4 godini u Voena. Ne bese bas takva sostojbata, daleku poorganizirana i podobra bese, do tolku sto i samiot bev iznenaden.
Samo ako u megjuvreme, za 4 godini, epten do tolku se zaebala rabotata.:toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom