Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.624
- Поени од реакции
- 9.146
- Возраст
- 39
“Гардијан“: Криза на македонскиот идентитет
Без навлегување во ужасното натпреварување на балканското страдање, на малата земја Македонија – технички Поранешна југословенска Република Македонија, тешко е да се рече дека и е лесно, пишува весникот “Гардијан“.
Изданието понатаму наведува дека таа се уште пати од вообичаените проблеми на “транзицијата“ на посткомунистичките држави, високото ниво на корупција и продолжената тензија со соседот Бугарија за јазикот и граничните несогласувања. Можеби го избегна најлошото на Балканот во 90-те години, но е се уште далеку од европските стандарди - во 2008 година во насилство на парламентарните избори едно лице загина, а неколку беа повредени. И како врв на сите овие проблеми, Македонија се уште е држава која што одбиваат да ја нарекуваат по името со кое се идентификуваат нејзините граѓани. Осумнаесет години по нејизното осамостојување, Македонија се уште “транзитира“ во своето име. Таа веќе се откажа од употреба на античкиот симбол – Сонцето од Вергина – на сопственото знаме. Но, Македонија нема да се откаже од своето име така лесно и во декември 2008 година излезе пред судот во Хаг, наведува весникот.
“Вториот круг од претседателските избори во неделата минаа мирно, и покрај стравот дека по првиот круг насилството ќе ескалира. Но, додека изборите се важни за ЕУ, тие не се доволни сами по себе. Се додека Грција ја предизвикува Македонија за нејзиното име, нејзиниот успех за во НАТО и ЕУ е блокиран. Покрај кризата со идентитетот причинета од дебатата за името што продолжува, што може само да предизвика етничка тензија во земјата, Грција со одбивање да го прифати името на Македонија ја блокира најдобрата шанса за просперитет на државата и ги загрозува соседите во процесот. Исто така, земјата е кандидат за членство од 2005 година, а еминентни европски фигури, вклучувајќи го и Бернар Кушнер, јасно изјавуваат дека додека не се реши прашањето со името, не може да има понатамошен напредок за членството на државата. Одлагањето ја одалечува Македонија од ЕУ и ја носи кон внатрешна изолација“, пишува “Гардијан“.
Понатаму весникот коментира дека никој не може да негира оти непријатна доза на национализам се провлекува на двете страни на дебатата: името на Македонија и идентитетот уште во Титова Југославија без сомнение беа употребени за подгревање на национализмот.
Именувајќи го главниот автопат по Александар Велики, пишува “Гардијан“, изгледаше како мала намера за спротивставување на Грција. Но сложување со троа државата да се нарекува како што сака, не значи навлегување во шовинистички национални митови, бележи “Гардијан“.
“Да, државата наречена Македонија денеска можеби е модерен изум. Но, за практични цели, па што? Дали Македонците се потомци на Александар Велики или не можеби е фасцинантно од академска гледна точка, но многу повеќе е битно тоа дали модерните Македонци имаат адекватни училишта и болници. И дозволувањето на државата да се нарекува по сопствен избор е еден клучен дел за нејзината стабилност и развој“, се наведува во изданието.
“Гардијан“ понатаму посочува дека е разбирливо што Грција можеби се плаши, дека да и дозволи на Поранешната југословенска Република Македонија да се нарекува Македонија, ќе води до пораст на заканите по грчкиот национален суверенитет, бидејќи името исто така го носи и провинција близу грчката граница. Но, ниту еден експерт од регионот не смета за сериозно дека експанзионизам на Поранешната југословенска Република Македонија би можел да биде ризик.
“На страна од се друго, напредна Македонија веројатно би и помогнала на Грција: сиромашни соседи никогаш не те прават просперитетен и незадоволните е повеќе можно да донесат конфликт и нестабилност на твоите граници. Тоа нема да ги излечи сите проблеми на Македонија, но би било приод кон ново решение. Дури и Поранешната југословенска Република Македонија да нема историско барање на името Македонија, дали Грција попрво би победила во војна со зборови наспроти мала држава, или би живеела во соседство со стабилна нација со која би можела да тргува, разменува идеи и да соработува?“, се посочува во “Гардијан“.
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=53705&kategorija=1