Избор за најгрдиот објект во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Дефинитивно спомен куќата за Мајка Тереза.
 
Една од најгрдите згради во Скопје е зградата на факултетот за архитектура и градежниот.
 
18313FC4602EF5468BD63E756A3A41BC.jpg
D20198E1C8DDD142AE3EEAEA7DACF47E.jpg

Печатницата Гоце Делчев која е руинирана сепак го гнаси тој дел од Центарот на Скопје.
 
Без никакво двоумење МНТ.Се прашувам што ли мислел архитектот кога ја градел.
 
skopje01.jpg


Garmishpartenkirhen

Тука се согласувам. Баш како скокалница е.:icon_lol:
И Владата е многу грда, како лименка. Не ми сметаат мене статуите, ама зградата е...:pov: И она пред ЕСМ што и да е, обид за некаков објект, мене на чир ми изгледа.
 
Спомен куќата за Мајка Тереза.
 
Имајте на ум дека зградите: Ц.Д. Гоце Делчев, Архив, Гимназија „ Никола Карев“, Телеком и централна пошта, Народна Банка како и комплексот факултети кај бит пазар сите тие се градени по земјотресот со посебна идеја и стил, што значи дека ако една од овие градби ја сметате за грда тогаш и сите останати во оваа група не се ништо подобри.
Мене овие градби не и сметаат, само треба подобро да се одржуваат за да личат, моментално сите не е во најарна сосотјба.
Инаку мене дефинивно не ми се допаѓа зградата на владата, поранешна сотковна илинден на битпазар, зградата ССМ - Јукан, Олимписки базен и базен карпош.
 
Повеќето од тие градби се и едни од најгрдите. Немаат душа, ладни се, без соодветен склоп во однос на околината (сепак не било се срушено) и минатото на Скопје, бетонски градби. Малку малтер да им ставеле барем. Згради секојдневно се рушат низ поголемите центри, но се градат други во ист стил. Имаше една зграда на 2-3 спрата пред Народна Банка, на ќошот каде што постојано поставуваа рингишпили и циркуси. Сосем добро делуваше, но и неа ја срушија, а наместо неа сега седи празен, неискористен простор. Сега нешто градат, но дали ќе се вклопи во околината (каква и да е) не знам. Таа зграда беше дел од скопскиот предземјотресен дух.
 
Narodna--banka.jpg

Дефинитивно и треба малку повеќе освежување, нешто слично како на НИП-от, но тука со се прозорци, да не гледам шаренила од завеси и ролетни останати од 70-ти. :pov:

Komercijalna%20banka.JPG

Коментар: катастрофа!
 
Тука се согласувам. Баш како скокалница е.:icon_lol:
И Владата е многу грда, како лименка. Не ми сметаат мене статуите, ама зградата е...:pov: И она пред ЕСМ што и да е, обид за некаков објект, мене на чир ми изгледа.
Ни мене не ми пречат статуите, ама чоече... заедно со таа комунистичка градба изгледа као мене минич да ми облечеш (што, хммм, коа ќе размислам, Acid и онака ме фати на зуб за Lady Queer :icon_lol: ).
Bacillus Gagous напиша:
Имајте на ум дека зградите: Ц.Д. Гоце Делчев, Архив, Гимназија „ Никола Карев“, Телеком и централна пошта, Народна Банка како и комплексот факултети кај бит пазар сите тие се градени по земјотресот со посебна идеја и стил
Мене ми се баш привлечни сите овие градби. Баш заради тоа, дека се градени во ист стил, плански и преку нив во тоа комунистичко време требало да се искочи од тоа сивило. Тие сепак не се коцки, туку се градени со вкус и обмислени, колку што тоа било возможно во таквото општество.
 
Мене ми се баш привлечни сите овие градби. Баш заради тоа, дека се градени во ист стил, плански и преку нив во тоа комунистичко време требало да се искочи од тоа сивило. Тие сепак не се коцки, туку се градени со вкус и обмислени, колку што тоа било возможно во таквото општество.

Па точни затоа не ги посочив како најгрди, бидејќи ги има повеќе и се дел од еден концепт кој отсликува некој одреден период, јас само посочив дека ако се одржуваат самите градби како од внатрешен така и од надворешен аспект многу подобро би биле прифатени.
Како на пример еве ги студентиве од СД Гоце делчев се бунат не имс е допаѓа, а мене ми бепеп баш убаво да учам 4 години гимназија во Никола Карев поради тоа што никоја друга гимназија не изгледа така различно од другите.
 
А лимените згради во Железара? И тие се пример за грда надворешност. Ако не се споменати претходно и факултетите карши судска палата. За разлика од нив на пример земјоделски и шумарски се далеку попријатни за око.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom