Инаку, не знам дали забележавте 2 куриозитети во оваа епизода. За прв пат, по подолго време, епизодата веднаш започна со најавната шпица, а не со сцена па после шпица. И, имаа мала грешка во континуитетот. Ако се сеќавате на поранешните епизоди, конкретно на епизодата Monday night football, кога ќе почини Марк од Мекларенс барот (оној кој никој нема да знае кој е), Барни објаснува дека погребите се единствено место каде што оди без костум, а во оваа епизода сепак носи костум.