На текстов во Вечер имаш доле потпис од кого е напишан. Напишан е од славниот Драган Павлович Латас. Некои го сакаат, некои го мразат, но едно не можат да негираат за него - платеник кој за својот газда би си го растурил своето семејство, камоли државата!
Сега да ти се навратам на текстот.. да ти кажам неколку работи во кои овој човек упорно греши, ама има народ што викам јас прост и неинтелигентен, па го слуша и верува..
Прво СДСМ излезе со соопштение во кое вика дека доколку цензусот е исполнет, односно тоа го повторија и неколку финкционери на јавни дебати од СДСМ, дека иако за нив Иванов е бел лист, восочна фигура и незнам уште што, тие ќе го почитуваат него како Претседател, и нема да се служат со изразите како Лицето, Господинот.. треба да имаш малку кликер во главата да го увидиш тоа.. да увидиш дека Латас манипулира со јавноста преку медиумот..
Друго.. СДСМ точно е дека доживеа пет порази од кога дојде Груевски, но Латас едно не сака да се сети, односно не сака да напомене.. ВО ЕДИНСТВЕНИОТ ДОСЕГАШЕН ДУЕЛ НА ИЗБОРИ ПОМЕЃУ БРАНКО И НИКОЛА НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ 2004 ГОДИНА ВМРО беше поразен, исто така беше поразен и Никола, односно неговиот кандидат Кедев.. Исто така точно е дека имаше тогаш нерегуларности, но треба да си слеп да не видеш дека вкупниот број на гласачи на сите места каде имаше приговори и од ВМРО и од СДСМ беше 20.000, а Бранко стана претседател ако добро се сеќавам со околу 100.000 гласови повеќе.. не ме држете за збор..
Исто така треба да си неук и прост да не видиш дека Латас се обидува сето тоа да го скрие со изјавите дека Бранко губел веќе пет пати од Никола, иако тој тогаш беше претседател, а не лидер на опозицијата. Е сега зборовите дека тој ја контролирал, тој бил крив, тој правел ова.. се зборови за мали деца. Не е исто на ТВ да ти се појавува пред таблата од СДСМ лицата како Шеќеринска, Бучковски, Костов, Заев и да ти се појавува Бранко!
Заклучок од сето ова.. СДСМ знае дека со оние кои ги има во партијата не можи да исфрли некој лидер кој ќе се наметне, СДСМ знае дека тоа мора да биде проверено, знае тимот што победува не се менува, односно во случајов како што денес читаме фудбалерите на Челзи го бараат назад Мурињо со кого беа страв и трепет, така и СДСМ го бара назад Бранко.. не е исто кога тој е таму и кога не е..
Друго нешто.. ако СДСМ со Фрчко успеа да убеди 200.000 луѓе да гласаат за нив, тогаш јас сум 100 % сигурен дека Бранко стартува со 300.000! Јас познавам голем број на симпатизери (не членови), кои не гласаат за СДСМ откако Бранко замина за претседател, кои не гласаат ни за ВМРО.. но после враќањето на Бранко јас сум убеден дека тие повторно ќе гласаат за СДСМ..
Уште нешто да додадам.. со враќањето на Бранко во партијата не би било чудно да се вратат сите од НСДП, што значи имаме уште + некои 50.000 гласови, ако ги наговорат и ЛДП тоа веќе ти е солидна опозиција..
Друг фактор кој не треба да се занемари.. Љубе Бошковски ќе прави изгледа своја партија која од старт има некои 100.000 членови.. очекувам оние симпатизери од СДСМ кои гласаа за Љубе да се вратат назад во СДСМ, а после реториката која Љубе ја употребува кон Никола, исто така и Латас кој вика тој нема ослободителна пресуда, тешко сум убеден дека ВМРО ќе придобие значителен број на гласови од кај Љубе..
И за крај.. Латас вика СДСМ темпира етничка бомба.. но запамти нешто кои Латас го знае, а народот со тек на време ќе го увиди..
Од сега па натаму СДСМ нека никаква власт во државата!
Од сега па натаму за се што ќе се случува ќе биде крив ВМРО!
Доаѓаат времиња тешки за Македонија, има економска криза во Светот, имаме нерешен став за името, слаби ни се инвестициите.. знаеш се ова ми наликува на она пирамидално штедење во ТАТ, се плашам за таа Пирамида која е осудена на пропаст! Латас знае за се тоа, и сега незнам како не гледате дека се обидува повторно да ја обвини опозицијата за она што би требало да се случува..
Груевски побара 60 пратеници и доби, Груевски побара и претседател, побара и доби локална власт.. сега не е време за СДСМ.. сега е нивно време да покажат дали знаат и умеат или да си одат!
Дали Македонскиот народ ќе биде задоволен останува да видиме, дали Албанците ќе бидат задоволно исто така останува да видиме.. времето ќе покаже..
Само незнам јас како не станавте имуни на лица како Латас.. без разлика дали некои сте за ВМРО, СДСМ, неопределени.. доста е веќе..
ВМРО нека работи, СДСМ нека се организира, а ние останатите ќе чекаме и ќе гледаме.. па ќе судиме!