Иванов очекува разумен компромис за името

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
А ова не е дупење У здрав мозок?????



Да, Иванов е крив зошто сме во оваа состојба.
Дајте предвремени претседателски избори, човеков не знае што е компромис.
Да и јавеше на Бакојани како Бранко што јавуваше ден два пред преговори кои се нашите позиции.
Имате од Бакојани телефон?
Де Бранко контактирајте го.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Треба првин да го имаш за да може да те дупат.
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Бранко, да фраер е, доста се палат на него.
Тој има и однос со својот народ, го дупи у здрав мозок.
Недај боже на Бранко да се палам...

Се палам на вакво нешто на пример :drk:


Инаку... јас зборував за она што досега го покажа Ѓоре во смисла на комуникациски способности... останува да го видиме за другото... :tv:
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Недај боже на Бранко да се палам...

Се палам на вакво нешто на пример :drk:


Инаку... јас зборував за она што досега го покажа Ѓоре во смисла на комуникациски способности... останува да го видиме за другото... :tv:
Добро е, сега со законот за дискиминација ќе имаш право и на Бранко да се палиш.
:)
 

Jovannah

Smile me baby
Член од
11 февруари 2008
Мислења
584
Поени од реакции
50
Да, Иванов е крив зошто сме во оваа состојба.
Дајте предвремени претседателски избори, човеков не знае што е компромис.
Да и јавеше на Бакојани како Бранко што јавуваше ден два пред преговори кои се нашите позиции.
Имате од Бакојани телефон?
Де Бранко контактирајте го.
Нападот е најдобра одбрана... :smir:


Треба првин да го имаш за да може да те дупат.
Зато ти си рајат од дупење У мозок. :smir:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Зато ти си рајат од дупење У мозок. :smir:

Знајш како е.. оние кои љубоморат, мислат дека со едно групно силуење на мозокот ќе надокнадат за тоа што го немаат. :back:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Да, Иванов е крив зошто сме во оваа состојба.
Дајте предвремени претседателски избори, човеков не знае што е компромис.
Да и јавеше на Бакојани како Бранко што јавуваше ден два пред преговори кои се нашите позиции.
Имате од Бакојани телефон?
Де Бранко контактирајте го.
Кои се нашите позиции и цели??????????...ко да преговараме за бизнис!!!!!!!!!
Е многу јаката тајна......само една е позицијата и целта, да стрпливо и упорно и со инат ко магаре останеме тоа што сме и точка.... се друго е сомнително.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Кои се нашите позиции и цели??????????...ко да преговараме за бизнис!!!!!!!!!
Е многу јаката тајна......само една е позицијата и целта, да стрпливо и упорно и со инат ко магаре останеме тоа што сме и точка.... се друго е сомнително.
Всушност ние и немаме некакви позиции доколку сме подготвени на “разумен меѓународен компромис“,тоа се само “ставови“ за подобро да ни го свирнат засекогаш.:toe:
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Кои се нашите позиции и цели??????????...ко да преговараме за бизнис!!!!!!!!!
Е многу јаката тајна......само една е позицијата и целта, да стрпливо и упорно и со инат ко магаре останеме тоа што сме и точка.... се друго е сомнително.
Ние овде можеме да си дебатираме да си искажуваме мислење.
Но во меѓународната политика таму каде си прифатил преговори нема назад.
Башка и СОБРАНИЕТО ги ратификувало.

Кој е просторот за маневар?
ВМРО-ДПМНЕ ја кажа неговата стратегија, нема промена на устав ради промена на име и секој предлог ќе оди на референдум.
Тоа е просторот.
Искористија момент и за меѓународниот суд каде ја дадоа Грција.

Ние треба малку поактивно да се вклучиме во оваа битка, народот.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Факт е дека ги „намаливме“ симпатиите кон нас на меѓународната јавност; Факт е дека веќе се провлекуваат различни варијанти за името кои јавно се изнесуваат што до скоро беше незамисливо. Со други зборови, се помиривме со компромисот и со промена на името во некаква варијанта, што баш и не ми се свиѓа.
Значи, сега сме во ситуација дека сме помирени со тоа дека името треба да се смени и не знам уште што ама сето тоа треба да се спакува во „разумен компромис“.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.812
Поени од реакции
12.302
Факт е дека ги „намаливме“ симпатиите кон нас на меѓународната јавност
Од каде овој заклучок?

Значи, сега сме во ситуација дека сме помирени со тоа дека името треба да се смени и не знам уште што ама сето тоа треба да се спакува во „разумен компромис“.
Ова како совет или? Дали може малку попрецизно кои граѓани на Македонија се помирени со ова?
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Ние овде можеме да си дебатираме да си искажуваме мислење.
Но во меѓународната политика таму каде си прифатил преговори нема назад.
Башка и СОБРАНИЕТО ги ратификувало.

Кој е просторот за маневар?
ВМРО-ДПМНЕ ја кажа неговата стратегија, нема промена на устав ради промена на име и секој предлог ќе оди на референдум.
Тоа е просторот.
Искористија момент и за меѓународниот суд каде ја дадоа Грција.

Ние треба малку поактивно да се вклучиме во оваа битка, народот.
ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ итн стратегии...се тресе кур во ладна вода.....името, идентитетот и се што со тоа во пакет оди не е приватна своина и дедовина на ниедна партија па да си земат за право да одлучуваат за него или ми распишуваат референдуми, тоа е прво што треба да се разбере. Тие што ги започнаа и тие што ги продолжуваат разговорите (што прејдоа во преговори) нека ги следи клетва до седмо колено (да употребам една од фразите на председникот ни:vozbud:)

Предлог и референдум......налудничава работа која всушност ништо нема да реши без оглед на резултатите од него. Тој е само изговор за симнување на одговорноста а воедно и најслаба точка и замка во наречи ги преговорите.....ќе дојде ден кога (вештачки ќе створат услови за него) меѓународната заедница со некој безвезе предлог (уствари сите се без везе) ќе инсистира и притиска на референдум (што сами го спомнавме, и со наш стап ќе мава по наша глава) ...па после ќе си ја чукаме главата од ѕид зошто и само сме помислиле на зборот референдум.

Некои викаат дека нема табу теми...но сепак тоа што си и како се викаш треба да биде најстрога табу тема или најцврста догма (вечна вистина, дадена еднаш засекогаш)
 

delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
За каква двојна формула зборува Иванов

вторник, 21 април 2009, 18:05


Изненадувачката изјава на Ѓорѓе Иванов дека двојната формула значи Македонија за меѓународна употреба да има друго име, а уставното да се користи само во државата, што е сосема поинаков и помек пристап од неговите досегашни, но и од владините позиции, засега не испровоцира реакции во Атина. Нема ниту информации дали ваквиот настап на Иванов минатата седмица е и новоприфатен став од македонската влада која силно инсистираше дека се разговора за име кое само Грција би го користела, додека за целиот свет би биле Република Македонија, што во суштина е ,,двојната формула,,. Затоа, домашните аналитичари се зачудени од тоа што Иванов користи иста фраза за ,,двојна формула,, за сосема различна позиција.
,,Со последната изјава, која ми се чини нејасна, Иванов всушност игра на грчка позиција – дека меѓународното име се преговара, а име за внатрешна употре е Република Македонија – тоа е она на што Грците инсистираат, затоа што двојната формула која беше актуелна во македонската надворешна политика е – за меѓународна употреба останува Република Македонија, а ќе се разговара за името кое Грција сака да го употребува. Се работи за гаф, не верувам дека Иванов солира, затоа што не покажа доволно интегритет во предизборието,,- смета аналитичарот Сашо Ордановски.
,,Двојната формула,, - уставното име за меѓународна употреба, а друго име за билатерална комуникација со Грција за Јован Донев од институтот ,,Евро балкан,, е прагот под кој власта, вклучувајќи го и новиот шеф на државата не смеат да отидат.
,,Двојната формула подразбира Грција да не нарекува онака како што ќе се договориме, а за сите останати држави сме република Македонија.. Оттука, се друго што би го прифатиле Владата и идниот претседател е понижување и кршење на правата на нејзините граѓани,,- вели Донев.
А еве како Ѓорѓе Иванов ја објасни ,,двојната формула,,
- ,,Секогаш сме потенцирале дека разговараме за име за меѓународна употреба. Ние никогаш не сме прифатиле став кој е истакнат од грчката страна – erga omnes, значи едно име за сите употреби и сега вие можете да толкувате – ако сме за прифаќање на име кое ќе биде за меѓународна употреба, тоа се подразбира дека внатрешното уставното име си останува Република Македонија и тоа кој како сака да го интерпретира сепак е двојна формула,,.
Официјалната позиција на Грција, неколкупати повторена од Караманлис и Бакојани, е едно сложено име со географска одредница кое ќе го содржи зборот Македонија за севкупна меѓународна употреба.

Изјавата на Иванов:
http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=57&eventId=7350
 

Kajgana Shop

На врв Bottom