Иванов: Компромисот за името мора да се потврди на референдум
Република Северна Македонија“ е стар и посакуван предлог за Грција. Новиот претседател Ѓорге Иванов без нервоза и со посмирен тон со новинарите за ставот на официјална Атина дека ова е конечно добар предлог ставен на преговарачка маса.
„Тоа е географска одредница која ја посакува другата страна. кажавме за разумниот компромис, еве, бидејќи бев многу погрешно интерпретиран, и тоа беше дел во целата кампања, дека секојпат ние сме подготвени да дојдеме до компромис, меѓутоа тој компромис никојпат да не е на штета на интересите на нашата држава. Значи, тој компромис, на крајот кој и да биде, каков и да биде, мора да биде потврден од страна на граѓаните“, изјави Иванов.
Името - едно од прашањата на двочасовната средба со партнерите од Коалицијата „За подобра Македонија“.
Иванов најави дека за градење на државна стратегија ќе ја консултира и опозицијата.
В.Д лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за А1 вели, на средбата на новиот претседател ќе му го кажеме нашиот став - име со географска одредница е добро решение за замена на ФИРОМ, но без менување на уставното име и со потврда на националниот идентитет и македонскиот јазик.
Немаат ништо против ова прашање да се стави на референдумско изјаснување на граѓаните.
На средбата Иванов добил конструктивни предлози од владините коалициски партнери, отворен е за соработка со сите за градење државна стратегија за прашања од национален интерес.
Неговиот кабинет ќе биде ефикасен, но одраз на реалноста. Квалитетот е пред партиските интереси.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=107246
Ne treba vo nikoj slucaj kompromisot za imeto da se potvrdi preku referendum,ete zosto: Kako prvo-dokolku imeto se resi preku referendum togas uste od sega moze da se kaze deka pak kompromisno resenije nema da se najde,zatoa sto graganite nemat kapacitet toa da go znaat,dokolku pak ne se najde komromisno resenije pak Makedonija ke go jade stapot od site strani,albancite ke krevat bunt zatoa sto so izolacijata nikoj ne saka da zivee, Kako vtoro USA,EU i NATO veke nema da im davat podrska na makedonskite politicari,i kako Treto naj loso sto moze da ni se slucuva e raspadot na Makedonija..