А М А Н Д М А Н I 3)
1. Република Македонија нема територијални претензии кон соседните
држави.
2. Границата на Република Македонија може да се менува само во соглас-
ност со Уставот, а врз принципот на доброволност и во согласност со оп-
штоприфатените меѓународни норми.
3. Со точката 1 на овој амандман се дополнува членот 3, а со точката 2 се
заменува ставот 3 на членот 3 на Уставот на Република Македонија.
Пере,ова се измените што РМ мораше да ги направи како акт на добра волја кон Грција уште во 1995.Значи тоа го побара Грција и нашите го исполнија тоа.Тоа што твојата идеја се совпаѓа со барањата на Грција од пред 18 години ,тебе не те прави предавник,нели.Но покажува дека дебатираш за тема што ја знаеш само површно и по слушање од партискиот штаб.
Инаку двојната формула е одамна мртва,и секое нејзино спомнување од страна на политичарите е чиста манипулација и очигледен популизам.Искрено се надевам дека новиот претседател ќе работи на изнаоѓање решение за спорот за името,бидејќи сметам дека времето работи немилосрдно против нас.На крај да не забораваме една многу важна работа.Претседателот има само делумно учество во водењето на надворешната политика,што значи дека секое евентуално решение на спорот со името не е изводливо без Грујо.Да не ја префрламе топката и одговорноста само кај Иванов.
п.с.Јас не ја дадов подршката за Иванов.