Иванов очекува разумен компромис за името

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Името е нешто за кое не се преговара.
Многупати досега сум пишувал зошто и како...да не се повторувам.
Арно ама, Киро демек оти така требало, ни ја донесе ФИРОМ дома, и се претставуваше како спасител...
И, така тргна лавината на преседанот...
Сега дојдовме во ситуација кога сакале-нејкеле ќе ни го сменат името, а демек, идентитетот и јазикот ќе ни останале, сето тоа sponsored by USA & EU.
Значи, компромис нема и неможе да постои. Се друго е диктат од позиција на сила и уцена.
Прекин на преговорите (разговорите, де) ВЕДНАШ!
 
Член од
27 октомври 2008
Мислења
1.680
Поени од реакции
266
koj ce go smeni imeto mamata ...e sega prasanjeto e, znaeli Ivanov sto e kompromis za imeto?.....
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Престанете да провоцирате и да се навредувате помеѓу себе.

Што изјави Иванов е небитна работа, тој е минимален фактор во целата таа збрка со Грција. Така да, неговиот збор е само едно АМИН после песната на Гвујо.

Еве ви една паралела... Во Америка се промена власта, на власт дојде Обама кој е од демократите. Поради тоа што Буш беше од спротивниот табор се оечкуваше промена на целата Американска надворешна политика (демек Обама е поарен)... Испадна дека Обама е вистински лидер на својата нација и без разлика на партиската определба (внатрешно можеби се караат се тепаат и што уште не), надворешната политика на САД претрпе минимални измени. Ставот кон Македонија за прием во НАТО и ЕУ, војниците во Авганистан и тн. Сепак човекот гледа за доброто на нацијата, а не како овие нашите излегуваат неединствени пред цела меѓународна јавност па светот им игра курташак и им се смее.
 

delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
Може од омраза да зборите.

Што ценам кај ВМРО-ДПМНЕ ?
Транспарентност во ставот.

Вели секој коректен предлог ќе се даде на увид кај граѓаните, на референдум.
СДСМ тоа би преку ноќ како што беше за БЈРМ.

Следниот принципиелен став.
ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на устав ради промена на име.
СДСМ би прифатила промена на уставно име со цел што побрзо да влеземе во ЕУ и НАТО.
Промена на уставно име влечи промена на идентитет.

Имате огромни разлики во ставовите и во начинот на презентирање на истите.
Што бе Славјански почна веќе да цвикаш ?:jaj:
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Иванов може да очекува и бандерите да расцутат,ама дали тоа навистина реално може да се случи?:pos2:
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Пикасо баниран од тема. Ставовите кон „вмровчињата“ како твои лични се навредливи за цела земја, вклучувајќи те и тебе. Навреди за Македонија, не толерирам.

gerard, иако по речникот де факто би заслужил бан не му го давам. Досега милион пати сум се трудел да ги заштитам македонските албанци од терминолошко навредување со зборот „албанец“, но овој пат неговиот револт и гнев го оправдувам. Ако грешам, некој колега нека ја исправи мојата одлука.

По темата,
по втор пат го поништив гласачкото ливче за Претседателските избори. Вчера, зад параванот, знаев кој ќе победи т.е. знаев дека нема да победи Фрчкоски за кој не би гласал и со пиштол на глава. Значи, сметајќи дека нема мојот глас да го доведе во можност претседателствувањето на од денес веројатно повторно колумнистот професор, одлучив да го поништам ливчето, не сакајќи да бидам дел од нешто што може да се случи - а е во корелација со реториката: разумен компромис. Едноставно, душата не ми даваше, и затоа го поништив ливчето - сакајќи да бидам дел од цензусот кој ќе избере претседател и ќе придонесе земјава да не влезе во политичка криза.

Со најголемо задоволство ќе се демантирам сам себе и ќе признаам најјавно што можам дека сум погрешил во проценките доколку Претседателот Иванов од реториката за „разумен компромис“ извлече поента дека Македонија многупати до сега направила компромисни одлуки и дека нема место за отстапки. Му честитам на изборот и иако имам замерки на неговата улога во пред-изборниот процес, му посакувам успешно претседателствување и бранење на интересите на Македонија.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
По темата,
по втор пат го поништив гласачкото ливче за Претседателските избори. Вчера, зад параванот, знаев кој ќе победи т.е. знаев дека нема да победи Фрчкоски за кој не би гласал и со пиштол на глава. Значи, сметајќи дека нема мојот глас да го доведе во можност претседателствувањето на од денес веројатно повторно колумнистот професор, одлучив да го поништам ливчето, не сакајќи да бидам дел од нешто што може да се случи - а е во корелација со реториката: разумен компромис. Едноставно, душата не ми даваше, и затоа го поништив ливчето - сакајќи да бидам дел од цензусот кој ќе избере претседател и ќе придонесе земјава да не влезе во политичка криза.
Абе ти велам најдобра опција ќе беше доколку се избереа обата кандидати,да се надополнуваат еден со друг,кога се вака “половични“.:toe:
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Абе ти велам најдобра опција ќе беше доколку се избереа обата кандидати,да се надополнуваат еден со друг,кога се вака “половични“.:toe:
И Селмани, за триумвират. Па после уште Клеопатра да си најдевме и да беше баш весело, по римски...

Иванов само нека отстои на неговите учења и ставови од пред изборниот период, кога на дебати, емисии, дискусии јасно стави до знаење кои се неговите ставови и створи слика кај народот поради која стана прифатливо лице за функцијата која ќе ја врши. Налет партијата која учествува во 85% од дефинирањето на нечиј лик, и која во овој случај барем кај мене направи мала неприфатлива деградација на неговиот интелект, Иванов го паметам по ставови кои не разбираат разумни компромиси.

Се надевам, ќе остане на тоа.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
.........јеби га..отиде јабана и овој чичка нов LearJet.......:), ako najdat dovolno glup pilot...:)
Секоја ти чест на навредливите зборови кон пилотите. Под секое ниво ти е ова, колку и да се обидуваш да бидеш ироничен.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Секоја ти чест на навредливите зборови кон пилотите. Под секое ниво ти е ова, колку и да се обидуваш да бидеш ироничен.
Или можеби саркастичен и метафоричен. Не брзај со заклучоци Крале Марко.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Да направим една анализа на темата.
Прво да му е честито на Иванов,па да започнем.
"Иванов очекува разумен компромис за името"
ОЧЕКУВА-дали новиот председател само очекува,па нема да работи и да брани националните интереси.Само очекува?А какав ке биде неговиот принос во преговорите?Неговиот став?!
РАЗУМЕН КОМПРОМИС - овиja два збора са противоположни един на друг.Разумен компромис за нешто толкова битно како името на една држава-абсурд.

Прашаниaja много-отговори мало.
 
M

Mario Gómez

Гостин
И Селмани, за триумвират. Па после уште Клеопатра да си најдевме и да беше баш весело, по римски...

Иванов само нека отстои на неговите учења и ставови од пред изборниот период, кога на дебати, емисии, дискусии јасно стави до знаење кои се неговите ставови и створи слика кај народот поради која стана прифатливо лице за функцијата која ќе ја врши. Налет партијата која учествува во 85% од дефинирањето на нечиј лик, и која во овој случај барем кај мене направи мала неприфатлива деградација на неговиот интелект, Иванов го паметам по ставови кои не разбираат разумни компромиси.

Се надевам, ќе остане на тоа.
Грујо ќе ги тегни 90% од претседателските конци така да сега сфаќам дека ова ќе биде лошо за нас.Вака почна и нацистичка Германија во предвоениот период, ова е прв чекор.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom