Нељубезност во продавниците

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Meне па ме нервира кога ќе ме праша некој касиер/ка: "Кој ти е пинот?" :lud: Па зошто се вика пин, за сите да ми го знаат? Уште па пред 50 души ме прашува. Поради тоа не купувам од некои продавници низ градов, не ќе менувам пин јас на секое.:tapp:
 
Член од
29 август 2008
Мислења
255
Поени од реакции
23
ние не му сме криви тие шо работат во продавница или бутик :toe:
не му се бендисва работата - нека си одат!
и неможи кој било да работи со луѓе...
Со која тоа ароганција го кажуваш ти тоа..можам да си претпоставам како се однесуваш кога ке влезеш во продавница. Па неможеш бе сестро ти тоа како ке си замислиш “не ти се бендисува работата - нека си одат“ ...
..“неможи кој било да работи со луѓе“ ...
Па кој според тебе би требало да работи во продавница...?? Некој психолог, педагог??? Со твојот дијалект сестро “НЕМОЖИ“ можам да заклучам дека доаѓаш од некоја провинција. Го наполнивте градот вие провинцијалците од селата па сега ми продавате тука муда за бубрези.
 
M

_MACA_

Гостин
Обично,таквите нељубезните со такво понашање според мене немаат култура.Па затоа не се замарам да и префрлам нешто,не паѓам толку ниско,доволно е пред другите купувачи да се избламира самата :tapp:
 
Член од
11 октомври 2008
Мислења
1.258
Поени од реакции
101
ми се нема случено до сега :) Ако ми се случи ке и префрлам нешто :)
 
Член од
10 август 2008
Мислења
744
Поени од реакции
266
Абе сфаќам дек ги напињет и газдине да продает шо појќе, а на пример ето надвор туриват дожд, жив чоек немат и ај на птицине нек им продавет фармерки. Ама дек се платени да се љубезни, да услужвет, да се насмеани, се.

Како мислет да напрает појќе пари аку ти дојдет во фацана ко кишна година и да ти речет некое мрзливо повелете? Секако дек попрво би купила од некоја насмеана продавачка, отколку од некоја шо ја мрзит да живејт и мене ми се истурат зш не си го погодила кафето сабајлево или зш некое детиште и украло мајца. Господ да чуват. Аку е нервозна нек ојт дома и нек мават в ѕид со глана, не мене да ми се понашат.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.793
Поени од реакции
12.274
Дајбоже PoolGirl да се вработиш регуларно и да имаш високи приходи. Но што ако не испадне така. Дали би сакал/а за тебе така да мислат и така да ти кажуваат како ти што имаш напишано? А кога ќе ти пристигнат домашните обврски, тогаш? Мислам дека пред да скокнеш треба оп да кажеш. Не си ја знаеме судбината. Можеби таа особа која сега е намќор, некогаш била ведра, весела, расположена, друштвена. Со тек на години се менуваме, зависно од нашето внатрешно, но повеќе од надворешното. Реков не е за оправдување, заради работата мора да е океј со муштериите, мора да се остави дома грижата и намуртеноста, но да си удира глава од ѕид... :nenene: Секој не успева или успева потешко да ги разграничи приватниот и јавниот живот, работата и приватното. Тешко оди маскирањето.
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Абе што толку се жалите на продавачите па вие сте отишле да купите некој артикал во продавница или да го гледате продавачот дали ке ви се насмее??!!
Има едно единствено правило во светот на трговијата. Купувачот е секогаш во право...
Не може мене да ми кажува продавачот/продавачката што јас да купам, која боја поубаво ми стои, и дали требало панталоните кои ги сакам да бидат подолги или пократки...
Вчера бев на мини-шопинг и пробував едни панталони. И сега јасно гледам дека ми се доста долги. Типот ми вика таман ти се. Ја викам долги ми се.
И типот се вознемири, јас сум го навредил него, како демек сум му рекол дека не знае што е во мода.
Му ги џитнав панталоните и му реков дека ако веќе зборува за мода, мора да припази бар како е облечен... Знам дека звучев многу дрско, ама јас сум тој што купува, а не тој.
 
Член од
9 септември 2008
Мислења
431
Поени од реакции
63
(од денеска случка)
Бев на шопинг со другарки..
И другарка ми имаше евра во неа...и таа на каса што беше,и се испонаша демек оди смени ги парите...ама како ме изнервира,ме изваде од патики.
А после тоа сакав да платам јас и ја имав картичката од татко ми(малолетна сум) и ми вика:"Твоја е?" и и викам на татко ми...и ми вика оди истај си пари..и ја гледам оваа со полни очи..ми идаше да ја убијам страшно...сфаќам дека сум мала за тоа,ама ниакде до сега не ми направиле проблем кога купувам сама со картичка...

:helou:

ако сакаш да купиш смени си ги еврата во денари,или татко ти нека ти даде полномошно.а не вака да се бламираш по форуми...НЕ СМЕЕ да ти зема евра (закон),НЕ СМЕЕШ да користиш туѓа картичка (пак закон).

сето тоа шо го кажа за продавачката не се смета како нељубезност на продавачка.

жал ми е ама така е..:smir:
 
Jovannah

Smile me baby
Член од
11 февруари 2008
Мислења
584
Поени од реакции
50
Досега не сум се нашла во ситуации како што ги опишавте, па и да се најдам чудно ми ти чудо. Сум работела и јас некогаш, па знам како е да не ти е денот, да сум изнервирана, а треба со сила да се смејш и да се прајш дека е се во ред.
И да не е љубезна продавачката, ќе си излезам без да кревам паники околу то...ако ми се бендиса нештото ќе го купам, одам за да си купам нешто а не за да ги отценувам фаците, реакците и карактерите на продавачите..
 
Член од
29 август 2008
Мислења
255
Поени од реакции
23
Има едно единствено правило во светот на трговијата. Купувачот е секогаш во право...
Не може мене да ми кажува продавачот/продавачката што јас да купам, која боја поубаво ми стои, и дали требало панталоните кои ги сакам да бидат подолги или пократки...
Вчера бев на мини-шопинг и пробував едни панталони. И сега јасно гледам дека ми се доста долги. Типот ми вика таман ти се. Ја викам долги ми се.
И типот се вознемири, јас сум го навредил него, како демек сум му рекол дека не знае што е во мода.
Му ги џитнав панталоните и му реков дека ако веќе зборува за мода, мора да припази бар како е облечен... Знам дека звучев многу дрско, ама јас сум тој што купува, а не тој.
Единствено правило во трговијата? Тоа некој пишан закон е или што?
Абе луѓе не значи дека ако си муштерија треба некој нозете да ти ги лиже!!
Ви кажав на почетокот дека имам работено како продавач и го имам искусено тоа како е да бидеш во подредена состојба а како и секој и јас сум бил некаде муштерија. Како што вие ги опишувате фактите испаѓа дека продавачот треба и газот да ви го лиже само вие да купите нешто.
Па јас ке ти кажам вака како е од двете гледни точки.
Не секогаш муштеријата ке побара помош од продавачот. Јас да речеме како муштерија ме нервира кога продавачот ми виси на глава и ми рекламира производи кои се или солени за купување или не ми се допаѓаат воопшто. Се наоѓам да речеме во еден бутик во трговски (не споменувам кој)...во џебот имам 2000 денари и сакам нешто да купам. Се вртам лево десно и гледам на ниеден артикал нема цена! Приѓа продавачката и ми вели ПОВЕЛЕТЕ! Знаеш што ми иде у тој момент да им речам....ШТО КОЈ КУР ПОВЕЛЕТЕ ЗА СВЕ ЛИ ШТО Е ОВДЕ ИЗЛОЖЕНО ТРЕБА ДА ВЕ ПРАШАМ КОЛКУ КОШТА!!!! ..а знам дека тоа не е до продавачката туку до газдата што така наредил да бидат изложени артиклите. Епа кажете ми дали лошо постапила продавачката што ми рекла ПОВЕЛЕТЕ или сум јас лош како муштерија или ШТО????
 
А што? Тоа треба да значи дека газдата му наредил на продавачот кога ќе влезе купувач да му пријде со кисела фаца и да не му прозбори ниту еден збор?
Епа извини, ама колку-толку потребна е и културата на продавачите.
За правилото, прашај човек кој е навистина трговец и ќе видиш што ќе ти каже...
Во најголемиот трговски центар во Будимпешта (Арена), влагаш во продавници од светски ранг и ти доаѓа типка или тип кој те пречекува, прашува дали може да помогне, и воопшто не сугерира дали плавата блуза ќе ти стои повеќе од зелената. Капали чаршија, најголемото трговско место во Истамбул, е исто така пример за ова. Таму пордавачот те гледа како некој кој треба да му остави пари, и сака да те задоволи токму онака како што ти очекуваш од него. За центрите во Београд да не правиме муабет.
Јас не барам од продавачите да ми лижат нозе или гз, или што се не. Барам само мала учтивост, и недрскост, која тукашниве ни наши трговци ја имаат изгубено.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.793
Поени од реакции
12.274
Има и доста мајтапчии како муштерии. Што од бес, досада, тепање време низ продавници и слично. Сепак зависи која продавница. Влезете во хххх (да не и правам реклама, во ГТЦ) каде едно одело кошта можда 1000 евра, односот ќе е многу поинаков. И ова не е само кај нас, било каде во ЕУ (модерно било да се споредува) состојбата е иста-се зависи кого ќе најдеш зад пултот и како ти ќе се однесуваш како муштерија.
Кога ќе влезеш во салон за хонда или опел, презентерите паѓаат на под. А ако идеш на автопазар, се знае како иде таму.
Муштеријата е секогаш во право ама само во оние скапи продавници, како кај нас, така и во другите земји.

А имате и избор, не влегувајте повеќе таму, кажете им и на пријателите, нека се рашири зборот. Ќе им се намали промет, а вие секогаш може да купите од друга продавница. Робата е воглавно таа. А за последно, имате и газда на продавницата каде може да се пожалите.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
255
Поени од реакции
23
А што? Тоа треба да значи дека газдата му наредил на продавачот кога ќе влезе купувач да му пријде со кисела фаца и да не му прозбори ниту еден збор?
Епа извини, ама колку-толку потребна е и културата на продавачите.
За правилото, прашај човек кој е навистина трговец и ќе видиш што ќе ти каже...
Во најголемиот трговски центар во Будимпешта (Арена), влагаш во продавници од светски ранг и ти доаѓа типка или тип кој те пречекува, прашува дали може да помогне, и воопшто не сугерира дали плавата блуза ќе ти стои повеќе од зелената. Капали чаршија, најголемото трговско место во Истамбул, е исто така пример за ова. Таму пордавачот те гледа како некој кој треба да му остави пари, и сака да те задоволи токму онака како што ти очекуваш од него. За центрите во Београд да не правиме муабет.
Јас не барам од продавачите да ми лижат нозе или гз, или што се не. Барам само мала учтивост, и недрскост, која тукашниве ни наши трговци ја имаат изгубено.
Абе ти не читаш јас што пишав изгледа?? Продавачката ми вели љубезно ПОВЕЛЕТЕ ама јас како муштерија сум изнервиран зш нема цени на артиклите и кој е сега крив ако земам јас да и се испукам на продавачката. И ако сакаш да знаеш не работам во продавница (работев порано) ама сеуште сум трговец и знам дека не се секогаш виновни продавачите туку и муштериите се нељубезни. Доволно е само да влезете во една обична продавница и да видите што се случува со муштериите. Никој никого не ферма, сите се брзаат, сите сакаат преку ред да одат, дофрлуваат за спорост на продавачите...а јадни продавачи со новите закони (фискализација, кеси, апарати за сметки, телефони)..едвај се снаоѓаат да постигнат.
 
Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Meне па ме нервира кога ќе ме праша некој касиер/ка: "Кој ти е пинот?" :lud:
Зарем се има ова десено?
Некој бил доволно луд/глуп/збор_по_твој_избор да праша кој ти е пинот? Без разлика дали пред 50 луѓе или сами во изолирана соба.. Моронизам е да те праша некој такво нешто.
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Абе ти не читаш јас што пишав изгледа?? Продавачката ми вели љубезно ПОВЕЛЕТЕ ама јас како муштерија сум изнервиран зш нема цени на артиклите и кој е сега крив ако земам јас да и се испукам на продавачката. И ако сакаш да знаеш не работам во продавница (работев порано) ама сеуште сум трговец и знам дека не се секогаш виновни продавачите туку и муштериите се нељубезни. Доволно е само да влезете во една обична продавница и да видите што се случува со муштериите. Никој никого не ферма, сите се брзаат, сите сакаат преку ред да одат, дофрлуваат за спорост на продавачите...а јадни продавачи со новите закони (фискализација, кеси, апарати за сметки, телефони)..едвај се снаоѓаат да постигнат.
Убаво си кажав јас... Секогаш, и кога си изнервиран треба да ти бидат насмевнати и наклонети. Секоја работа со себе си носи товар, па така и продавачите/продавачките треба да трпат испади... Како што нели и ние ги трпиме нивните. Немој сега да ми кажеш дека не ти се случило да влезеш во продавница, и некоја типка да не ти дојде и да те праша што ти треба, туку наместо тоа си седи пред компјутерот и збори на телефон. Чист пример ти се неколку бутици во ГТЦ...
И за тоа газдата ли е крив?
За касите... Јас ли сум крив што газдата нема овозможено доволно вработени како касиери...
Еве пак ќе дадам пример и споредба... Продавница во Будимпешта, вчегуваш внатре, на секој спрат по најмалку 5 продавачки шетаат и гледаат каде можат да помогнат (поточно секогаш да има некоја слободна), а најдолу на 4 посебни каси работат по 2 други девојки... Едната куца, другата става во кеси...
хммм, да не има разлика некоја?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom