А што? Тоа треба да значи дека газдата му наредил на продавачот кога ќе влезе купувач да му пријде со кисела фаца и да не му прозбори ниту еден збор?
Епа извини, ама колку-толку потребна е и културата на продавачите.
За правилото, прашај човек кој е навистина трговец и ќе видиш што ќе ти каже...
Во најголемиот трговски центар во Будимпешта (Арена), влагаш во продавници од светски ранг и ти доаѓа типка или тип кој те пречекува, прашува дали може да помогне, и воопшто не сугерира дали плавата блуза ќе ти стои повеќе од зелената. Капали чаршија, најголемото трговско место во Истамбул, е исто така пример за ова. Таму пордавачот те гледа како некој кој треба да му остави пари, и сака да те задоволи токму онака како што ти очекуваш од него. За центрите во Београд да не правиме муабет.
Јас не барам од продавачите да ми лижат нозе или гз, или што се не. Барам само мала учтивост, и недрскост, која тукашниве ни наши трговци ја имаат изгубено.