Хахаха...
САД, САД, САД.....
Америка, Америка....Америка.
Колку ли се само менливи твоите анализи во врска со подршката од Америка.
Се сеќаваш што за истата ова подршка пишуваше пред некој месец ?
Доколку не се сеќаваш, со задоволство ќе утепам некоја минута плус во архива за да ти текне.
Најсе ова говори за сериозноста на твоите анализи и ставови кои ги адаптираш по потреба.
Aј сеа да почнам со анализа на твојата најнова анализа
1. Не прифаќање на уцена означува цврст став.
2. Поддршка од САД (нивното позиционирање во земјава сведочи за планирање на нивното присуство на долг период)
3. Актуелизирање на нашето малцинство во Грција под директно спонзорство на САД.
4. Остварување на културна слобода на македонците, каде ќе можат да ги негуваат македонските културни традиции и да учат на македонски јазик.
5. За одреден период со формирањето на неколку невладини орг. ќе се поттикнува локалното македонско население на похрабро манифестирање на својата свест и правата кои им следуваат.
6. Грците имаат две опции:
- да изреагираат агресивно и импулсивно и да се спротивстават со превземање на мерки против нашата културна слобода.
Тоа ќе резултира со повод да се вклучи директно САД со притисок да се признае нашето малцинство и нам ќе ни овозможи промоција на Грчката националистичка политика која нема да може да пројде на меѓународен план.
- да дозволат делумна слобода на манифестирање на културната припадност и со тоа да остават на природното обединување на македонците од двете страни.
Пордшката од САД е ограничена и во рамки на нивните зацртани граници.
Факт - решението за спорот со името помеѓу Македонија и Грција, е длабоко некаде во тефтерот на приоритети на сегашната американска администрација - што ќе значи дека Америка горливите прашања на Балканов пополека и ги препушта на Европа.
Не верувам дека ова до сега не си го разбрал.
Наспроти ова, кога реален пред некој месец пишуваше дека МОРА да се искористи моменталната голема наклонетост на Буш и неговата администрација, вие тврдевте дека во нивната подршка има скриена агенда за промена на нашето име.
Тврдевте и дека не ни е потребен никаов влез во НАТО и ЕУ и дека Македонија треба да продолжи сама! Сега некако ретерирате во своите ставови.....но за тоа во друга прилика.
Толку за вашите анализи околу подршката од Америка.
Останатите аргументи ти се уби Боже.
Би издвоил неколку од нив:
Судејќи според примерот со Југославија и со Косово, истата судбина како српската ги чека и Грците.
Судејќи по ова што си го напишал, дел од нашата стратегија е уништувањето и разнебитувањето на Грција, во која САД би имале доминантна улога....?!
Сериозен си ?
Мислам...со голема желба би сакал да го видам ова сценарио, но која е сериозноста во ова аргументација ?
Како што Грците ставаат се' на албанското прашање во Македонија, така сега ние имаме доволно време да го интензивираме македонско-албанско-турското прашање во Грција.
По рецепт од САД, за што веќе се здружуваат овие три малцинства.
Турците претставуваат голема поддршка за нас и силно го помагаат нашето лобирање на меѓународен план, онаму каде ние немаме пристап.
Се' убаво што си напишал, но желбите и реалноста се два различни поими.
Запамети го ова:
Америка нема поради Македонија да ги ризикува добрите односи со Франција, а Франција нема да се откаже од подршката кон Грција......барем не во наредните десетина години.
Што се однесува до влезот во НАТО во игра се 2 опции:
1. Стратегијата која треба да резултира со влегување во НАТО под уставното име.
На тој начин што се прават обиди преку САД, Канада и други земји да се промени принципот на гласање во НАТО на:
“Канадскиот министер за одбрана Питер МекКеј предложи донесување одлука врз принцип консензус без еден, за да не доаѓа до блокада од само една земја членка.“
Уште еден неоснован аргумент, и уште една лажна надеж.
Прво - принципот на гласање и носење одлуки со консензус без еден е сеуште замисла која е далеку од реализација.
Второ - овој принцип нема никогаш да заживее од едноставна причина што треба да се донесе со консензус.
Трето - не ти текнало до сега дека овие сојузи се создадени токму поради тоа......за да ги штитат интересите на своите членки.
Четврто - и' доколку постои барем минимална надеж во догледно време да се реализира ова идеа, не мислиш дека Грција ќе најде една или две пријателски држави кои на крај пак ќе го оспорат нашето зачленување во НАТО ?
Сума сумарум - лажна надеж.
Или евентуално свесно лажење.
2. Со влегување во НАТО под референцата ФИРОМ, доколку успееме тоа да го оствариме преку пресудата во Хаг.
Доколку повторно има блокада, ќе следи мн. поголем и посериозен притисок врз Грција од САД каде ниту Франција ќе има можност да ги вади од гомната.
Можно сценарио, но за жал минимална можност за негова реализација.
Зошто ?
Временски теснец.
Ај да претпоставиме дека процесот ќе трае некаде од пет до шест години. Следат жалби, поплаки кои ќе одземат најмалку уште две години.
Тоа се седум или осум години.
Доколку одлуката е во наша полза, верувај дека грција ќе изнајде инстурументи за да ја - или минимизира пресудата, или пак одолговлекува нејзината реализзција најмалку во наредните 7 или 8 години.
И после 15 години ние ќе станеме членка на НАТО (а за тоа време ќе бидеме блокирани во нашиот пристап кон ЕУ) со референцата ФИРОМ и со недефинирана нација???
Сеуште имаш надеж од процесот во Хаг ?
Мое мислење:
Tужбата против грција може да се искористи само како аргумент + на наша страна во преговорите кои се водат.
Верувај дека нејзиниот епилог нема ништо да реши.
Од моментот на влегување во НАТО многу земји кои не признаваат под Уставното име како Полска, Турција, Хрватска, Словенија, Чешка, Албанија, Бугарија, САД, Канада и сл. ќе ги охрабрат и другите земји во признавање на Македонија бидејќи употребата на двојно именување ќе нема никаква поента.
Лесно е да правиме анализи од моментот кога ќе влеземе во НАТО. Тешко е да го направиме тоа.
Со тоа Грците најмногу што можат да извлечат ќе биде двојна формула, која нам ни одговара, а тоа ќе биде тој краен компромис на взаемно прифатливо решение.
И коа се разбуди, нозете ти беа откриени. Мала шала
Имаш направено голема грешка при проценката на непријателот.
Во многу битки погрешната проценка на крај била фатална.
Ова сериозно.
Влез во ЕУ би бил втор приоритет и тука мн. зависи од резултатот погоре со НАТО.
Беспредметно е да се коментира второто, без расчистување со првото.
Најверојатно некоја промискуитетна.
Овде во знак на конструктивна дискусија, нема да ти вратам
Исклучиво анализа на вистинската намера на Грците во овие апсурдни преговори.
....и чат-пат фрлање по некоја клетва кон неверниците:
А оние чии курвински ставови ги протежираш директно се одговорни за последиците.
Во спротивно празни реторики зачувај за некој брифинг на ЛДП.
Aјде сеа сум и ЛДП
Незнам дал да плачам ил да се смејам.
Ај ќе се смејам
Ти реков, оптичка илузија. Уценување и крајни датуми нема да поминат.
Па како....објасни ми ?
Вчера на дебатата на А1, Ермира иниректно го објасни ставот на ДУИ кој гласи - "И нашата конструктивност има граници"
И ?
Што нудиш како одговор ти на ова ?
Ќе кажеш само нема да помине....и готово, завршена работа ?
Мислам дека време е да се опаметите и да не играте на оваа карта на продуцирање нова нестабилност и плашење на народот.
Мислам дека е крајно време ВИЕ да се опаметите за да можете да ги увидите реалните опасности од невлегувањето во НАТО и ненапредувањето кон ЕУ.
Понатаму не би коментирал околу ова.
Имаш погоре нели, а иначе мене ме изненадува што ти неможеш да најдеш начин како да го решиме ова во наша полза.
Тоа се вика безидејност. Впрочем затоа не следат последиците.
Јас го кажав мојот начин.
Решение со кое најмалку ќе изгубиме додека сеуште можеме ја контролираме штетата.
Мислам дека доволно си бистар за да ме разбереш.
Ирелевантно, никој нема да ми налага на кој начин да го решам проблемот.
Ирелевантни ти се официјалните ставови на ЕУ НАТО ООН и Америка ???
Кажи ми дека ова несакајќи ти излета па ќе те разберам.
А влезот во НАТО ќе се одработи и на друг начин, секогаш има начин доколку се има волја.
Постојат уште начини ?
Те молам долови ги.
Со нетрпение ги очекувам :helou: