Шведска ги озакони хомосексуалните бракови

Статус
Затворена за нови мислења.
O

Out Boy

Гостин
Да се нарече некој следбеник на Мартин Лутер, а да одобрува хомосексуални бракови е срамота.....гледам бараташ со цитати од Библијата па најди си што се вели за хомосексуалноста како појава...
Јас пак ќе цитирам еден стих и се извинувам на оние на кои сум им досаден:

Љубовта никогаш не престанува: А другите дарби : ако се пророштва - ќе се отстранат; јазици - ќе замолкнат; ако е знаење - ќе исчезне.
...........
А сега остануваат овие три: верата, надежта и љубовта, но љубовта е најголема од нив.

Свето Писмо Библија, Коринтјаните, 13
Само со овој стих, во Библијата се побиваат сите писанија и пророштва на Апостолите. Пред овој стих, бледнее и Библијата и Коранот, и Тората. И сите научни знаења. Зошто? Затоа што љубовта „никогаш не престанува, таа е најголема“ од сите вредности во сите свети книги.

И сега, ако веќе се повикуваш на Библијата, ќе се повикаш на речта на пророкот Исус или на своеволните писулчиња на апостолите? Знам јас дека во едно од евангелијата (или писмо беше)? некој од апостолите ја осудува хомосексуалноста. Но Исус никогаш нема речено нешто за тоа. Тој зборуваше за љубов.

Црква која ја зима Библијата за сериозна не дозволува такви бракови...
Црквата која ја зема Библијата за сериозна (онаа Библија од која една третина има она напишано) е против абортусот, а истовремено и против заштитата од бременост. Апстинирајте, чеда божји, вика папата, опкружен со млади опати.

Know ye not that the unrighteous shall not inherit the kingdom of God? Be not deceived: neither fornicators, nor idolaters, nor adulterers, nor effeminate, nor abusers of themselves with mankind, Nor thieves, nor covetous, nor drunkards, nor revilers, nor extortioners, shall inherit the kingdom of God.

Доволна ли е листата...Хомосексуалноста според црквата е грев...филувај ја и со крем и вишна на врвот на крајот резултатот е ист...црква како Лутерантската која затвара очи пред овие стихови е мртва црква...и се претопува во сивилото на светската "либерализација" на умовите...
Блудничари, идолопоклоници, прељубници, женствени, себезлоупотребувачи со човештвото, крадци, пијаници, пцувачи, изнудувачи. Никој нема да влезе во Царството божјо. Сега, не знам на што алудираш, ако е за „женствените“, да ти покажам колку сум мажествен? А тие самозлоупотребувачи не знам кои се. И чија вина е што дел од хомосексуалците се феминизирани? Како да е тоа пцовка, па кога сакаш ќе ја употребиш, а кога не, нема.

А Лутеранската црква, со овоаа одлука, само покажа дека се грижи за сите „чеда божји“ и не прави селекција на тоа кој ќе влезе, а кој не во некаков измислен ветен рај. Оваа црква е најжива во светот. Затоа што не се гуши во неиздржливи догми, туку се приспособува на новата ера.

...Црквите (како Лутерантската) кои не стојат на "аголниот камен" подпаѓаат под влијание на таквите групи и застрануваат од "вистинската црква"...која пак егзистира надвор од оваа...
Дека хомосексуалноста постоела од дамнина е точно ..но и гревот како таков...проблемот е во тоа што ние не се трудиме да го сузбиеме тоа туку го надградуваме...
Црквите (како Лутерантската и Англиканската) само се вратија на вистинскиот пат. А тоа е да се грижат за секој верник, а не да му судат.

Гревот, оној наследниот, со кој се раѓаме, е измислена категорија со која заблудените цркви, како католичката, го држат во синџири луѓето со напредни идеи. Ах, колку само во право бил Ниче.

Да не заборавиме хомосексуалноста е грев и спрема други религии ..Исламот, Јудеизмот имаат исто мислење околу тоа прашање...
Во колевката на јудаизмот, Израел, цветаат цивилните унии. Проверете.

А Мухаммед ја банираше хомосексуалноста од Ку’ранот затоа што сметаше дека така војската ќе му биде посилна, за да може да освои повеќе територии. Не за друго.

Ух бре..
...знаеш ли за потеклото на бракот...директно е поврзан со религијата...многу јасно е одредено кој го содал бракот, кога и зошто...
А кој од апостолите на кои се повикуваш ти, има речено дека бракот е добар, ама да не се жени човек е подобро?
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Јас пак ќе цитирам еден стих и се извинувам на оние на кои сум им досаден:


Само со овој стих, во Библијата се побиваат сите писанија и пророштва на Апостолите. Пред овој стих, бледнее и Библијата и Коранот, и Тората. И сите научни знаења. Зошто? Затоа што љубовта „никогаш не престанува, таа е најголема“ од сите вредности во сите свети книги.

И сега, ако веќе се повикуваш на Библијата, ќе се повикаш на речта на пророкот Исус или на своеволните писулчиња на апостолите? Знам јас дека во едно од евангелијата (или писмо беше)? некој од апостолите ја осудува хомосексуалноста. Но Исус никогаш нема речено нешто за тоа. Тој зборуваше за љубов.
Ццц...Истиот муабет како и припадниците на Лутерантската црква...набадање...па Исус нема спомнато ништо ни за "не убивај" мислиш ли дека од таму се водат сериските убици...
Кога зобриш за љубовта треба да споменеш дека се работи за Божјата љубов...само таа ќе остане

Црквата која ја зема Библијата за сериозна (онаа Библија од која една третина има она напишано) е против абортусот, а истовремено и против заштитата од бременост. Апстинирајте, чеда божји, вика папата, опкружен со млади опати.
Кој го чешла Папата..не знам што нон стоп ми го спомнуваш...и не се повикувај друг пат на цитат ако сметаш дека Библијата за невистина...


Блудничари, идолопоклоници, прељубници, женствени, себезлоупотребувачи со човештвото, крадци, пијаници, пцувачи, изнудувачи. Никој нема да влезе во Царството божјо. Сега, не знам на што алудираш, ако е за „женствените“, да ти покажам колку сум мажествен? А тие самозлоупотребувачи не знам кои се. И чија вина е што дел од хомосексуалците се феминизирани? Како да е тоа пцовка, па кога сакаш ќе ја употребиш, а кога не, нема.
Прво...цитатот е од Библијата..памтиш..поимот хомосексуалци од кој век е...така знаеле така ги нарекувале...а мажественоста за жал треба да им ја покажеш на женскиот дел од популацијата..

А Лутеранската црква, со овоаа одлука, само покажа дека се грижи за сите „чеда божји“ и не прави селекција на тоа кој ќе влезе, а кој не во некаков измислен ветен рај. Оваа црква е најжива во светот. Затоа што не се гуши во неиздржливи догми, туку се приспособува на новата ера.
Знаеш ли што е црква...описот кој ти го даваш е еднаков на граѓанско здружение ...

Црквите (како Лутерантската и Англиканската) само се вратија на вистинскиот пат. А тоа е да се грижат за секој верник, а не да му судат.
Гревот, оној наследниот, со кој се раѓаме, е измислена категорија со која заблудените цркви, како католичката, го држат во синџири луѓето со напредни идеи. Ах, колку само во право бил Ниче.
Ниче напишал дека...човекот кој го нема Бога во себе е болен..за истиот ли Ниче збориме...

А кој од апостолите на кои се повикуваш ти, има речено дека бракот е добар, ама да не се жени човек е подобро?
Кога ќе земеш некој цитат доврши го...

Би сакал да бидете без грижи. Оној кој не е во брак се грижи за она што е Господово; како да Му угоди на Господа.
Но, ако не можат да се воздржуваат, нека се женат и мажат, зашто е подобро да влегуваат во брак отколку да се распалуваат.

Има намери и намери...
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
Грев грев грев... Колку само промнелива категорија е тоа :tapp:
Порано и сексот надвор од бракот бил грев. Па тогаш оо го измислиле толку уважениот ни денес брак па сексот не бил грев само во самиот брак, ама само кога служел за создавање потомство т.е. за зачнување дете. Значи бил грев и сексот внатре во бракот ако не е за правење дете. Потоа престанал да би биде грев, доколку се случувал само меѓу сопружниците. Надвор од бракот сексуалното општење било грев. После грев било ако девојка влезе „виновна„ во бракот, о пардон- ако не влезе како девица во брак. Едно време и раѓањето на деца се сметало како грев, биле самите деца сметени како зачетоци од нешто грешно, па после со тек на време се чистеле од гревот и го примале бога.

Денес, низ времето, очигледно работите се изменети. Денес секс биднува и во брак и без брак, и за време на брак се шара наоколу (неверство нели). Денеска и не се чека да си девица во брак итн.

Значи гревот е толку променлива категорија низ времето...

Безпотребно е вклучувањето на религија во вакви прашања. И не го поистовејтувате религијата и црквата како исти поими.
 
O

Out Boy

Гостин
...па Исус нема спомнато ништо ни за "не убивај" мислиш ли дека од таму се водат сериските убици...
Кога зобриш за љубовта треба да споменеш дека се работи за Божјата љубов...само таа ќе остане

...а мажественоста за жал треба да им ја покажеш на женскиот дел од популацијата..

Знаеш ли што е црква...описот кој ти го даваш е еднаков на граѓанско здружение ...

Ниче напишал дека...човекот кој го нема Бога во себе е болен..за истиот ли Ниче збориме...
Исус ИМА речено дека е грев да се убива. Сите десет божји заповеди ги има кажано пред своите ученици. И да, само божјата љубов ќе остане, онаа која гледа во душата, а не во полот на човекот.

Мажественоста ќе ја покажам на било која, ама не ти гарантирам дека ќе уживам нешто посебно :) Да те прашам, онака лично, ти имаш секс со девојка само затоа што е женско, или затоа шти делиш некои емоции со неа?

Црква?... па тоа ти е творевина спротивна на зборовите на Исус, кој јасно рече дека бог нема потреба од храмови изградени од човечки раце за да ги сослуша нашите молитви. Туку рече, кога ќе посакаме да му се помолиме на бог, да влеземе во најскришната соба и да се молиме од срце. Така? Ама кога веќе се нафатила со улогата на претставник на бога на Земјата, дај нека биде дословна на списите. А тие викаат дека сите сме божји творби.

Збориме за Ниче кој гласно рече БОГ Е МРТОВ! И кој рече дека неговата категорија, „надчовекот“ е бог самиот за себе.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Исус ИМА речено дека е грев да се убива. Сите десет божји заповеди ги има кажано пред своите ученици. И да, само божјата љубов ќе остане, онаа која гледа во душата, а не во полот на човекот.

Мажественоста ќе ја покажам на било која, ама не ти гарантирам дека ќе уживам нешто посебно :) Да те прашам, онака лично, ти имаш секс со девојка само затоа што е женско, или затоа шти делиш некои емоции со неа?

Црква?... па тоа ти е творевина спротивна на зборовите на Исус, кој јасно рече дека бог нема потреба од храмови изградени од човечки раце за да ги сослуша нашите молитви. Туку рече, кога ќе посакаме да му се помолиме на бог, да влеземе во најскришната соба и да се молиме од срце. Така? Ама кога веќе се нафатила со улогата на претставник на бога на Земјата, дај нека биде дословна на списите. А тие викаат дека сите сме божји творби.

Збориме за Ниче кој гласно рече БОГ Е МРТОВ!
Да во право си за "не убивај"...Сепак Исус зборуваше и за хомосексуалноста...
Црквата не ја прават храмовите..погрешно гледаш на нештата(не сум православен:))
Инаку....и Ѓаволот е божја творба...
Пак за Папата..Да Ниче мислел на Папата и неговата ера...на владеење...црквата била мртва..

Можам уште да ти кажам дека сепак ќе го добиете тоа што го барате...и тоа во цел свет... не се сомневам...Времето ќе покаже дали било исправно..
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.795
Грев грев грев... Колку само промнелива категорија е тоа :tapp:
Порано и сексот надвор од бракот бил грев. Па тогаш оо го измислиле толку уважениот ни денес брак па сексот не бил грев само во самиот брак, ама само кога служел за создавање потомство т.е. за зачнување дете. Значи бил грев и сексот внатре во бракот ако не е за правење дете. Потоа престанал да би биде грев, доколку се случувал само меѓу сопружниците. Надвор од бракот сексуалното општење било грев. После грев било ако девојка влезе „виновна„ во бракот, о пардон- ако не влезе како девица во брак. Едно време и раѓањето на деца се сметало како грев, биле самите деца сметени како зачетоци од нешто грешно, па после со тек на време се чистеле од гревот и го примале бога.
Американците го немаат измислено истополовиот брак, постоел тој во паганските религии многу пред да се појави христијанството. Ама тие религии не постојат денес и има причина за тоа.
Денес најголемите светски религии не вршат церемонија на истополов брак и има причина за тоа.
Зар мислиш ти тоа старците што седеле покрај оган им било досадно па немало што да прават, па ајде да напишат нешто на папирус што е грев, а што не. Си има причина за тоа, тие мудри старци ги набљудувале паганските религии и нивниот пад, и од нивната обсервација имаат донесено заклучок што е грев, а што не.
Хомосексуалноста постоела од секогаш, ама главните религии кои што вршеле церемонија на истополов брак денес не постојат.
Промискуитетот и оргиите ги немаат измислено американците, постоело тоа како појава уште од почетоков на цивилизацијава.
Многу малку луѓе знаат дека оргијата е молитва кон римска паганска божица, и со тој чин човек и се моли на таа божица за здравје, среќа, бериќет. Тие мудри старци имаат видено дека таа молитва не носи здравје, среќа, бериќет туку спротивното, затоа тој чин го имаат прогласено за грев.
Тие што мислат дека хомосексуалноста и промискуитетот се либерално модерно нешто гадно се лажат, тие се позастарено и позакоравено нешто од христијанството, затоа што тоа се појавува после нив.
 
O

Out Boy

Гостин
Да во право си за "не убивај"...Сепак Исус зборуваше и за хомосексуалноста...
Црквата не ја прават храмовите..погрешно гледаш на нештата(не сум православен:))
Инаку....и Ѓаволот е божја творба...
Пак за Папата..Да Ниче мислел на Папата и неговата ера...на владеење...црквата била мртва..

Можам уште да ти кажам дека сепак ќе го добиете тоа што го барате...и тоа во цел свет... не се сомневам...Времето ќе покаже дали било исправно..
Каде тоа, драг мој marcus, Исус зборуваше за хомосексуалноста? Има Библии во ел. форма, цитирај ми, те молам.

Не си ортодоксен, ако си муслиман, тогаш повеќе од добро знаеш дека Исламот без храмови е невозможен. А во православието, поповите уште што не се вселиле во црквите :) Одат по паметот на Авраам, кој дури и им пиша кои скапоцености да даруваат верниците како прилог за црквата.

Ѓаволот, грешиш, не е божја творевина. Луцифер беше дечко на место кога бог го создаде. Само алчноста и зависта го претворија во тоа што црквата вика дека е. Истата таа завист со која баратате кога се контрате со среќата на хомосексуалците во Шведска.

А за ова последново, ти пружам рака, искрено. И ти ветувам дека ако резултатите од Холандија и другите земји покажат дека нивните одлуки биле погрешни, ќе се замонашам :)
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Каде тоа, драг мој marcus, Исус зборуваше за хомосексуалноста? Има Библии во ел. форма, цитирај ми, те молам.

Не си ортодоксен, ако си муслиман, тогаш повеќе од добро знаеш дека Исламот без храмови е невозможен. А во православието, поповите уште што не се вселиле во црквите :) Одат по паметот на Авраам, кој дури и им пиша кои скапоцености да даруваат верниците како прилог за црквата.
Не протестант...
Цитати...
мажите, исто така, го оставија природното општење со жена и се распалија со сладострасност еден кон друг, правејќи - мажи со мажи - срамни работи, добивајќи заслужена плата во себе за својата заблуда. Римјаните 1-27

]Ѓаволот, грешиш, не е божја творевина. Луцифер беше дечко на место кога бог го создаде. Само алчноста и зависта го претворија во тоа што црквата вика дека е. Истата таа завист со која баратате кога се контрате со среќата на хомосексуалците во Шведска.
Кој го создал Ѓаволот..сам себе..Бог го создал ама нешто како нас луѓето се воздигнал..
А за ова последново, ти пружам рака, искрено. И ти ветувам дека ако резултатите од Холандија и другите земји покажат дека нивните одлуки биле погрешни, ќе се замонашам :)
Изговор за дружење со монаси..:)
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Исус не зборувал но Бог кажал против хомосексуалноста а пошто Исус рекол дека “не е дојден да измени ниту буква од старите закони“ и тој се согласува со нив.
Хомосексуалноста е грев и спрема библијата се казнува со смрт.
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
Американците го немаат измислено истополовиот брак, постоел тој во паганските религии многу пред да се појави христијанството. Ама тие религии не постојат денес и има причина за тоа.
Денес најголемите светски религии не вршат церемонија на истополов брак и има причина за тоа.
Зар мислиш ти тоа старците што седеле покрај оган им било досадно па немало што да прават, па ајде да напишат нешто на папирус што е грев, а што не. Си има причина за тоа, тие мудри старци ги набљудувале паганските религии и нивниот пад, и од нивната обсервација имаат донесено заклучок што е грев, а што не.
Хомосексуалноста постоела од секогаш, ама главните религии кои што вршеле церемонија на истополов брак денес не постојат.
Промискуитетот и оргиите ги немаат измислено американците, постоело тоа како појава уште од почетоков на цивилизацијава.
Многу малку луѓе знаат дека оргијата е молитва кон римска паганска божица, и со тој чин човек и се моли на таа божица за здравје, среќа, бериќет. Тие мудри старци имаат видено дека таа молитва не носи здравје, среќа, бериќет туку спротивното, затоа тој чин го имаат прогласено за грев.
Тие што мислат дека хомосексуалноста и промискуитетот се либерално модерно нешто гадно се лажат, тие се позастарено и позакоравено нешто од христијанството, затоа што тоа се појавува после нив.
Нигде ја не навлегов длабоко зашто пишале што е грев, имале ли свои причини, ради добри или лоши побуди зеле да кажуваат што е грев а што не е.
Зборот само ми беше дека поимот грев со време си го менува значењето што е и факт. Пред којзнае колку години едно било грев, денеска тоа секојдневие е. И сигурно имало меѓупериод кога за да тоа од незамисливо тежок грев полека полека ја напушта таа категорија на грев. А тој меѓупериод сигурно бил исполнет со осуди, казни, одбивности- едни биле за, други против. И на крај само времето решавало.
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Разбраа педерите дека следната година одам на пракса во Шведска а богами и Хајди се заангажира и ги озакони геј браковите. Значи има резултати од отворањето на фејсбук групата, ЗГОДНИ 185+ ШВЕДСКИ ПЛАВУШИ СО ГОЛЕМИ ГРАДИ ОТАРАСЕТЕ СЕ ОД МАЖИТЕ, пошо идам да ве мувам!
 
O

Out Boy

Гостин
Не протестант...
Цитати...
мажите, исто така, го оставија природното општење со жена и се распалија со сладострасност еден кон друг, правејќи - мажи со мажи - срамни работи, добивајќи заслужена плата во себе за својата заблуда. Римјаните 1-27

Кој го создал Ѓаволот..сам себе..Бог го создал ама нешто како нас луѓето се воздигнал..
Изговор за дружење со монаси..:)
Е вака сега, да не одиме во заблуди.

Тоа „Римјаните“ е кратенка за Писмото до христијаните во Рим, кој го има напишано Павле. Павле е роден во фарисејско семејство, па лесно се здобил со римско државјанство. Се занимавал со изработка на шатори. Од рабинот Гамалиел го учел фарисејството и станал еден еден од главните членови на антихристијанскиот еврејски совет, во чии активности спаѓа и убиството на Стефан, кое го одобрувал и самиот Павле. Црквата го знае како „човекот на виденијата“.

Кога тргнал на пат кон Дамаск, на „видение“ го видел Христос и од тогаш од корен се променил и станал Христов следбеник. И еден од дванаесетмината апостоли.

Тоа што ти ми го цитираш, не е реч ни на бог, ни на Исус, туку писулче на Павле. Во писулчето, тој тврди дека преку смртта на Христос, сме ослободени од стекнување на праведност преку Старозаветниот верски закон (во глава 7), а на крајот објаснува дека новиот живот што го добиваме преку вера во Исус мора да се покаже преку примена на љубов и праведност во сите области на нашето живеење: социјално, граѓанско и морално. (глави 12-14).

Значи ми цитираше фарисеј, изработувач на шатори, антихристијанин кој учествувал во убиство, а после „од корен“ се променил. Достојно за почит.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Е вака сега, да не одиме во заблуди.

Тоа „Римјаните“ е кратенка за Писмото до христијаните во Рим, кој го има напишано Павле. Павле е роден во фарисејско семејство, па лесно се здобил со римско државјанство. Се занимавал со изработка на шатори. Од рабинот Гамалиел го учел фарисејството и станал еден еден од главните членови на антихристијанскиот еврејски совет, во чии активности спаѓа и убиството на Стефан, кое го одобрувал и самиот Павле. Црквата го знае како „човекот на виденијата“.

Кога тргнал на пат кон Дамаск, на „видение“ го видел Христос и од тогаш од корен се променил и станал Христов следбеник. И еден од дванаесетмината апостоли.

Тоа што ти ми го цитираш, не е реч ни на бог, ни на Исус, туку писулче на Павле. Во писулчето, тој тврди дека преку смртта на Христос, сме ослободени од стекнување на праведност преку Старозаветниот верски закон (во глава 7), а на крајот објаснува дека новиот живот што го добиваме преку вера во Исус мора да се покаже преку примена на љубов и праведност во сите области на нашето живеење: социјално, граѓанско и морално. (глави 12-14).

Значи ми цитираше фарисеј, изработувач на шатори, антихристијанин кој учествувал во убиство, а после „од корен“ се променил.
Let 3 ти ли си бе..си се маскирал...Извини мала шега...

Види нема потреба од историја..го знам сето тоа и повеќе..Ако ја прифаќаш Библијата го прифаќаш и тоа...знаеш Свет Дух и Апостоли..меѓу кои е и Павле ..ако не Лет 3 и неговиот последен пост се сосема доволни за тоа..ако не по вера тогаш по закони..а според нив..следува смртна казна..
 
O

Out Boy

Гостин
Исус не зборувал но Бог кажал против хомосексуалноста а пошто Исус рекол дека “не е дојден да измени ниту буква од старите закони“ и тој се согласува со нив.
Хомосексуалноста е грев и спрема библијата се казнува со смрт.
Што кажал бог? Бог не кажал ништо. Кажале Авраам, Езра, Неемија, Естира, Јов, Исаија, Еремија, Езекиел, Даниел, Осија, Јоил, Амос, Авдиј, Јона, Михеј, Наум, Хабакук, Софонија, Агеј, Захарија, Малахија, Матеј, Марко, Лука, Јован, Тит и Филимон. Уште јас и ти фалиме на списокот.

По стариот завет со смрт се казнува и навредата врз родителите.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Што кажал бог? Бог не кажал ништо. Кажале Авраам, Езра, Неемија, Естира, Јов, Исаија, Еремија, Езекиел, Даниел, Осија, Јоил, Амос, Авдиј, Јона, Михеј, Наум, Хабакук, Софонија, Агеј, Захарија, Малахија, Матеј, Марко, Лука, Јован, Тит и Филимон. Уште јас и ти фалиме на списокот.

По стариот завет со смрт се казнува и навредата врз родителите.
Па рајот не е пренаселено место. Ретки се тие кои ќе стигнат до таму. Ти со пердашење в гз сигурно нема таму да завршиш. Исто како и оној што ги навредил родителите. Или оној кој убил.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom