O
Out Boy
Гостин
Јас пак ќе цитирам еден стих и се извинувам на оние на кои сум им досаден:Да се нарече некој следбеник на Мартин Лутер, а да одобрува хомосексуални бракови е срамота.....гледам бараташ со цитати од Библијата па најди си што се вели за хомосексуалноста како појава...
Само со овој стих, во Библијата се побиваат сите писанија и пророштва на Апостолите. Пред овој стих, бледнее и Библијата и Коранот, и Тората. И сите научни знаења. Зошто? Затоа што љубовта „никогаш не престанува, таа е најголема“ од сите вредности во сите свети книги.Љубовта никогаш не престанува: А другите дарби : ако се пророштва - ќе се отстранат; јазици - ќе замолкнат; ако е знаење - ќе исчезне.
...........
А сега остануваат овие три: верата, надежта и љубовта, но љубовта е најголема од нив.
Свето Писмо Библија, Коринтјаните, 13
И сега, ако веќе се повикуваш на Библијата, ќе се повикаш на речта на пророкот Исус или на своеволните писулчиња на апостолите? Знам јас дека во едно од евангелијата (или писмо беше)? некој од апостолите ја осудува хомосексуалноста. Но Исус никогаш нема речено нешто за тоа. Тој зборуваше за љубов.
Црквата која ја зема Библијата за сериозна (онаа Библија од која една третина има она напишано) е против абортусот, а истовремено и против заштитата од бременост. Апстинирајте, чеда божји, вика папата, опкружен со млади опати.Црква која ја зима Библијата за сериозна не дозволува такви бракови...
Блудничари, идолопоклоници, прељубници, женствени, себезлоупотребувачи со човештвото, крадци, пијаници, пцувачи, изнудувачи. Никој нема да влезе во Царството божјо. Сега, не знам на што алудираш, ако е за „женствените“, да ти покажам колку сум мажествен? А тие самозлоупотребувачи не знам кои се. И чија вина е што дел од хомосексуалците се феминизирани? Како да е тоа пцовка, па кога сакаш ќе ја употребиш, а кога не, нема.Know ye not that the unrighteous shall not inherit the kingdom of God? Be not deceived: neither fornicators, nor idolaters, nor adulterers, nor effeminate, nor abusers of themselves with mankind, Nor thieves, nor covetous, nor drunkards, nor revilers, nor extortioners, shall inherit the kingdom of God.
Доволна ли е листата...Хомосексуалноста според црквата е грев...филувај ја и со крем и вишна на врвот на крајот резултатот е ист...црква како Лутерантската која затвара очи пред овие стихови е мртва црква...и се претопува во сивилото на светската "либерализација" на умовите...
А Лутеранската црква, со овоаа одлука, само покажа дека се грижи за сите „чеда божји“ и не прави селекција на тоа кој ќе влезе, а кој не во некаков измислен ветен рај. Оваа црква е најжива во светот. Затоа што не се гуши во неиздржливи догми, туку се приспособува на новата ера.
Црквите (како Лутерантската и Англиканската) само се вратија на вистинскиот пат. А тоа е да се грижат за секој верник, а не да му судат....Црквите (како Лутерантската) кои не стојат на "аголниот камен" подпаѓаат под влијание на таквите групи и застрануваат од "вистинската црква"...која пак егзистира надвор од оваа...
Дека хомосексуалноста постоела од дамнина е точно ..но и гревот како таков...проблемот е во тоа што ние не се трудиме да го сузбиеме тоа туку го надградуваме...
Гревот, оној наследниот, со кој се раѓаме, е измислена категорија со која заблудените цркви, како католичката, го држат во синџири луѓето со напредни идеи. Ах, колку само во право бил Ниче.
Во колевката на јудаизмот, Израел, цветаат цивилните унии. Проверете.Да не заборавиме хомосексуалноста е грев и спрема други религии ..Исламот, Јудеизмот имаат исто мислење околу тоа прашање...
А Мухаммед ја банираше хомосексуалноста од Ку’ранот затоа што сметаше дека така војската ќе му биде посилна, за да може да освои повеќе територии. Не за друго.
А кој од апостолите на кои се повикуваш ти, има речено дека бракот е добар, ама да не се жени човек е подобро?Ух бре..
...знаеш ли за потеклото на бракот...директно е поврзан со религијата...многу јасно е одредено кој го содал бракот, кога и зошто...