Студенти Албанци повикуваат на бојкот на изборите

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Деко, пробав да ти одговорам на долго и широко, ама при крај сватив дека јас сум планинар од Косово доселен 1999 тука па го избришав коментарот :)

Не, сериозно... не мора апсолутно ништо да ти фали за да сакаш да повеќе. Не мора да имаш 0 денари у џеб за да сакаш 1000, можеш имајќи 1000 да сакаш 2000.
Работата е што Албанците не гледаат лидер во ниеден од двајцата кандидати. Мислам, Фрчко, 1994 праќа специјалци да тепаат студенти на Тетовскиот Универзитет затоа што сакале да учат на мајчин јазик. Или Иванов, човек што не го знам а партијата негова пред 4-5 дена направи друга далавера со други студенти. Ова е мојот избор?
Очаен е изборот.

Точно принц нема ништо лошо во тоа да нешто бараш, ама тотално не е во ред да гњавиш некого во врска со тоа, особено некој со кој живееш, и тоа на таков начин што и иде и на двајцата на штета. Мора да има обострано разбирање и почитување на тоа што може а што не и зошто тоа може односон не може еден од нив двајцата да добијат. И етничките македонци сакаат национална држава како србите, бугарите, грците и албанците, ама ради почитување кон етничките албанци и разбирање, знаеме дека тоа не може. Не ли е сега ред и етничките албанци да разберат зошто неможе да добијат политичко-социолошки многу повеќе од ова шт сега го имаат?
Односно пак се постаува прашањето дали се има почит и разбирање за тиа со кои се дели ист дом?

Планирав тоа да го направам, да излезам и да го поништам ливчето... ама се изнервирав бе!
Зошто дозволуваме партиите со никакви кандидати да настапуваат и да победат? Дали некој од овие двајца кандидати ги исполнуваат твоите очекувања кои ги имаш кон претседател на земјата? Ако има некој таков, бујрум и гласај го. Невкусно ми е да бидам нечиј кворум само за неговото магаре "чуш" да победи на изборите. Претседателот кој го гласаме во недела треба да ги претставува сите граѓани на земјава, треба стварно да е татко на нацијата. Фрчковски? Иванов? Ма дај. Нека пропаднат па по 6 месеци ќе организираме нови со нови кандидати. Што рече Иванов во една прилика на А1 телевизија, ние 18 години издржуваме вака. Научени сме и јако издржливи луѓе. Ако пак некои вакви ни плеснат ние пак ќе ги заебеме и нема да ги гласаме. И до бескрај така.

И ако ми реплицираш, објасни ми го ова: очигледно е дека има многу Македонци кои не симпатизираат ниту еден од овие двајца кандидати, и очигледно е дека тој број е голем. Значи батали не Албанците, ово-оно. Кажи ми дали навистина не се кандидативе очајни и дека не вредат да бидат татко на земјава, ниту еден од тие двајца?

Принц сите знаеме дека кандидатите не се избор некој кој би го правеле етничките македонци. АМА на овие избори има втора работа за која се гласа иако не стои експлицитно на ливчето. Имено тука ќе се види дали народот ќе допринесе за успешни избори, од кои како што можаме да видиме многу зависи виснатаљ либерализација. Нажалост тоа несерќно е директно поврзано со дадениот очаен избор на кандидат за претседател. Ама размисли што е подобро за тебе како граѓани, да допринесеш за успешни избори и со голема веројатност со тоа за визна либерализација и тоа по цена што ќе мора да се избере еден од двајцата кандидати кои колку толку за среќа се на не толку влијателна позиција во државата, или да допринесеш за неусшешни избори што најверојатно ќе резултира со одложување на визната либерализација а за сметка на тоа нема да се избере ниеден од дадениот лош избор АМА со исто тоалкава опасност да наредните два кандидати да бидат уште полоши. Тие се двете реални опции принц, за која би се одлучил ти?
Инаку повеќе од јасно ќе беше да беа ова парламентарни избори каде ради моќта на тие што се бираат тоа со визната либерализација и сл. би било секундарно.

Ne ja useruvame nie rabotata, tuku partiite.
Neka staat prst u toa tikvite i neka razmislat... nit evropejcite nit narodot ne im e kriv, samite se si krivi....

Кварк партиите не ни ги бива, знаеме, ама дали ради нивната неспособност мора да страда и народот? Не затоа народот преку тоа што ќе одлучи кога ќе изелзе на гласање или не може индиректно да им укажува на тие од меѓународната заедница што навистина народот навистина сака а што не поради неспосбноста или немањето желба на политичарите тоа да го направат за народот.
Да не беше сега ова со визната либерализација за која знеме дека е во многу деликатен момент, и јас ќе кажев дајте други деца за претседателски кандидати овие на ги бива.
 
Точно принц нема ништо лошо во тоа да нешто бараш, ама тотално не е во ред да гњавиш некого во врска со тоа, особено некој со кој живееш, и тоа на таков начин што и иде и на двајцата на штета. Мора да има обострано разбирање и почитување на тоа што може а што не и зошто тоа може односон не може еден од нив двајцата да добијат. И етничките македонци сакаат национална држава како србите, бугарите, грците и албанците, ама ради почитување кон етничките албанци и разбирање, знаеме дека тоа не може. Не ли е сега ред и етничките албанци да разберат зошто неможе да добијат политичко-социолошки многу повеќе од ова шт сега го имаат?
Односно пак се постаува прашањето дали се има почит и разбирање за тиа со кои се дели ист дом?

Јас лично немам конкретни барања према идниот претседател (потенцијалниот). Не знам зошто мене ме цитираш кога јас никаде во моите постови не образложив некојси таков став. Овде се работи за немање на избор, немање на интерес. Ме интересира дали ќе гласам за Иванов или Фрчко колку што ме интересира кога би гласал за градоначалник на Струмица, кого би избрал. Едноставно далечни ми се и двајцата бидејќи и двајцата немаат доблест целото гласачко тело да го гледаат ко едно. Сметам дека не е проблемот во моето повлекување, туку во нивното повлекување. Бидејќи они продаваат производ (муда-за-бубрези) и тој нивен производ не го пласирале доволно добро кај мене како потенцијален купувач.
На крај краишта, сите ние од луѓето што ги гласаме имаме одредени очекувања, инаку не би ги ни гласале. Зошто јас да немам свои очекувања за претседателот? Ако немам очекувања тогаш немам ни мотив да излезам во недела. Ти не знаеш колку ми е тешко да излезам до горе онаму кај школото да гласам.

-----
Ова се однесува на вториот дел кај што ме цитираше:
Успешни изборите за да бидат за визна либерализација итн значи да нема инциденти, не дека мораме да одбереме една од шупелкиве. Да беше така тогаш за евентуално пропаѓање на избориве можеме да ги окривиме само партиите кои ги прдложија нив во недостиг на добар кадар. Бидејќи види, не е само Princ што најверојатно нема да гласа... Туку на еден Албанец имаш тројца Македонци што нема да гласаат. Еве за мојот гз да си го спасам:
ja u nedela ke spiam ,a posle ke setam

SO GLASANJE ZAVRSIV ODAMNA PRED DVE NEDELI

OD MENE TOLKU,
Ептен добра одлука....во моментов единствено вистинска, ако и се мисли добро на МКД...
.....остај што лажат ова преварантиве....за некаква ИСТОРИСКА шанса...забораваат да кажат која по ред.... :)
...редно е еднаш прво да ја видиме ШАНСАТА на рака, па после за рака на гласање...:)

итн...
Или сакаш да ми кажеш дека кога јас не гласам јас правам лошо за интеграција на земјата во евроатлантските структури, а тоа истото кога го прават Павле, Стојче и Ристе е сосема во ред? Заебаваш :smir:

На овие избори се чуствувам како навреден бидејќи и двете најголеми политички партии ко да се натпреваруваа која ќе постави нај никаков кандидат и пак да победи. Го навредија гласачкото тело. Без разлика на вера, националност, боја на кожа и положба на стап.
 
ВМРО-ДПМНЕ И ДУИ СО ДОГОВОР ЗА ИЗБОРНА СОРАБОТКА

Се договорија!

ВМРО-ДПМНЕ И ДУИ СО ДОГОВОР ЗА ИЗБОРНА СОРАБОТКА
Ахмети ќе гласа за Ѓорге Иванов
ВМРО-ДПМНЕ ветува поддршка за кандидатите на ДУИ за градоначалници во Тетово и Гостивар, а за возврат ќе ги добие гласовите на ДУИ за Скопје
5190A4CF57AB07409BAF1160824591B3.jpg
Демократската унија за интеграција во вториот круг од претседателските избори ќе го поддржи кандидатот на владината коалиција Ѓорге Иванов. Освен тоа, владините партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ договориле и изборна соработка на локално ниво. Нивните членови на неделните избори ќе ги поддржат заедничките кандидати за градоначалници во неколку градови. Во Тетово и Гостивар членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ ветуваат поддршка за кандидатите на ДУИ за градоначалници, а ДУИ ќе гласа за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, Велес, Ресен, Охрид, Карпош, Крушево и неколку рурални општини во Скопје и внатрешноста.
Изборната соработка на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не ги опфаќа сите општини, во кои во втор круг се натпреваруваат нивни кандидати за градоначалници. Така, ВМРО-ДПМНЕ нема да ги гласа кандидатите на ДУИ во Струга и Чаир.
Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека ваквиот договор со ДУИ е производ на позитивното искуство од досегашното коалицирање со оваа партија на централно ниво, во Собранието и Владата.
9CC78F27FC7BD04D9E78AC662F714E9A.jpg
"Оваа одлука цениме дека е најдобра за граѓаните, за зацврстувањето на демократските процеси и претставува доказ дека Македонија е држава достојна за почит, со зрел политички капацитет и со сигурни перспективи", се вели во соопштените на ВМРО-ДПМНЕ.
Освен тоа, двете партии ќе го повикаат членството и гласачкото тело да излезат масовно и да гласаат за Претседател.
На неделните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи заедно со повеќе политички партии, кои ги застапуваат интересите на турската, ромската, српската, влашката и бошњачката етничка заедница. (Н.С.)

http://www.time.mk/story_8aa1d02d11_article_1fcdb53471.html
 
Ако кандидатите не заслужуваат гласови од албанците, тогаш алабанците нема што да бараат од идниот претседател...
 
Јас лично немам конкретни барања према идниот претседател (потенцијалниот). Не знам зошто мене ме цитираш кога јас никаде во моите постови не образложив некојси таков став. Овде се работи за немање на избор, немање на интерес. Ме интересира дали ќе гласам за Иванов или Фрчко колку што ме интересира кога би гласал за градоначалник на Струмица, кого би избрал. Едноставно далечни ми се и двајцата бидејќи и двајцата немаат доблест целото гласачко тело да го гледаат ко едно. Сметам дека не е проблемот во моето повлекување, туку во нивното повлекување. Бидејќи они продаваат производ (муда-за-бубрези) и тој нивен производ не го пласирале доволно добро кај мене како потенцијален купувач.
На крај краишта, сите ние од луѓето што ги гласаме имаме одредени очекувања, инаку не би ги ни гласале. Зошто јас да немам свои очекувања за претседателот? Ако немам очекувања тогаш немам ни мотив да излезам во недела. Ти не знаеш колку ми е тешко да излезам до горе онаму кај школото да гласам.

-----
Ова се однесува на вториот дел кај што ме цитираше:
Успешни изборите за да бидат за визна либерализација итн значи да нема инциденти, не дека мораме да одбереме една од шупелкиве. Да беше така тогаш за евентуално пропаѓање на избориве можеме да ги окривиме само партиите кои ги прдложија нив во недостиг на добар кадар. Бидејќи види, не е само Princ што најверојатно нема да гласа... Туку на еден Албанец имаш тројца Македонци што нема да гласаат. Еве за мојот гз да си го спасам:

итн...
Или сакаш да ми кажеш дека кога јас не гласам јас правам лошо за интеграција на земјата во евроатлантските структури, а тоа истото кога го прават Павле, Стојче и Ристе е сосема во ред? Заебаваш :smir:

На овие избори се чуствувам како навреден бидејќи и двете најголеми политички партии ко да се натпреваруваа која ќе постави нај никаков кандидат и пак да победи. Го навредија гласачкото тело. Без разлика на вера, националност, боја на кожа и положба на стап.

Два и по пати ме разбра погрешно. Ајде по ред.
Во однос на првиот дел претседателските избори и кандидати беа ирелевантни туку сакав да ја потенцирам важноста на тоа дека особено кога се живее во ист дом треба барањата да не бидат поврзани со гњавење и закани туку со разбирање зошто нешто може а зошто нешто неможе да се добие од тоа што се сака од страна на сите што живеат заедно.
Во вториот дел пак погрешно ме разбра, бидејќи не ми беше целта да кажувам дека албанците се проблемот, туку ако не се лажам како што нагласив како граѓанин што значи дека за сите во државава се однесуваше.
И третата работа која грешно ме разбра, е тоа што не реков дека е лошо тоа да не се гласа во дадениов момент, туку кои се евентуалните последици, а за тоа која варијанта е лоша а која добра, тоа неможам да ти кажам бидејќи мислам дека има ти твој став и тој го почитувам. Ненормално би било сите да мислиме дека само една работа е добра односно лоша.
Е сега што се однесува до твојот став за тоа дека повторување на избори ради слаб цензус не би требало да е проблем за западњаците. Е тука јас сум многу критичен, имено во основа да не би требало.....ама брат ова е политика. Со други зборови со немање цензус овие од шенген можат да си кажат а батали чекај до наредни избори се гледа дека вие уште немате стабилна политичка клима чим не излегувате на гласање. Не дека тоа ќе го кажат, ама знаеме дека со оглед на финансиската криза визната либерализација е во многу деликатна ситуација, и сметам дека не е добро да им се дава на овие од шенген потенцијални контрааргументи за визната либерализација. И јас сметам дека тоа е далеку побитно за нас како граѓани и за отворањето можности за развој на повеќе полиња на државава од тоа кој ќе ни биде претседател.
 
Гледам дека и двајцата не се разбираме, ама ако си реплицираме цело време верувам пак нема да се разбереме а времето лета. Причината верувам дека е тоа што сме различни личности и имаме различни гледишта.

Во однос на темава
Каков било договор меѓу ДУИ и ВМРО - ДПМНЕ за поддршка на Иванов не би имал ефект кај гласачите. На овие избори се искристализира еден нов вид на преференцијално гласање кај Албанците, при што тие се ослободуваат од притисокот на партиите и гласаат за личност, по свое сопствено убедување. Но, двајцата претседателски кандидати кои одат во втор круг не допреа до албанското избирачко тело, отсуствуваа конкретни ставови и јасни пораки, на пример, за пропорционалната застапеност на Албанците во Кабинетот на идниот претседател и во дипломатијата. Поради тоа, до последен момент ќе остане отворено прашањето за мотивацијата на гласачите Албанци да излезат на гласање - вели аналитичарот Јетон Шасивари.
Извор
 
Па што ако албанците ги бојкотираат претседателските избори. Не се бира албански пратседател, се бира македонски претсеател а бидејќи Иванов е нај најмакедонец ќе си победи. Ќе биде претседател на + - 40% на населението ама кому му е гајле, тоа е во интерес на македонскиот народ. Другите нека си одберат свој претседател. УПС ! :tapp: Не бива така ? Е неее, не бива никако.
 
бош муабет ...
демек они сакаат специјално да бидат издвоени од сите други Македонски државјани ...
програмите на Македонските партии и кандидатите за претседател се однесуваат на државјаните на Р. Македонија, во тие државјани спаѓаат и тие (Македонци, Албанци, Роми, Турци, Бошњаци итн...), е сеа они ако сакаат кон нив да се однесуваме како ВИП личности се заебале ... па нека бојкотираат кур се тресе ..
немаат основа за нивните барања .. дали тие се сметаат за државјани на Македонија или не? ако се сметаат државјани тогаш како шо напоменав погоре се во програмата на сите партии и кандидати, но ако не се сметаат како државјани тогаш шо сакаат?

BIRD_ON_WIRE:
Па што ако албанците ги бојкотираат претседателските избори. Не се бира албански пратседател, се бира македонски претсеател

Да.! се бира МАКЕДОНСКИ Претседател. Претседател на државјаните на Р. Македонија.
ако албанското малцинство во Р.Македонија не се сметаат за државјани на Р.Македонија тоа е веќе друго прашање. А ако сакаат албански претседател ... блиску е Албанија ... побарајте државјанство од таму и одете гласајте у Албанија. Додека сте во Македонија со Македонско државјанство вие сте албанско малцинство - Македонци по државјанство, државјани на Р. Македонија. и се бира претседател на Р. Македонија и на сите граѓани на Р.Македонија. дали вие се сметате како граѓани на МАКЕДОНИЈА? тоа е прашањето.
за тие шо не се сметаат кој ве ебе.
 
BIRD_ON_WIRE:

Да.! се бира МАКЕДОНСКИ Претседател. Претседател на државјаните на Р. Македонија. Македонци по државјанство, државјани на Р. Македонија. и се бира претседател на Р. Македонија и на сите граѓани на Р.Македонија.

Малцинства во државава не постојат.
Не сум приметил во платформата на претседателските кандидати било што во интерес на другите народи. Единствено што е важно за преседателските кандидати е зачувувањето на македонскиот идентитет, т.е. задржувањето на заедничкиот идентитет како македонски на македонците,власите,србите и бугарите. Ова не е во мој етнички интерес па затоа нема да гласам за ниту еден претседателски кандидат.
Комунистичката машинерија на перење мозок не функционира веќе. Џабе ви е. Ви останува единствено да се помирите со тоа и заедно да напредуваме. Ако не, ќе си останеме вака уште некое време.
 
Прилично контроверзен ти е постов.

Мислам нема потреба да го секцирам, доволно кажува болдот.

А искрено со овој пристап, самиот продуцираш негативна реакција од наша страна.
Да се помирувам ја со нечии етнички хирови немам намера, ти доколку сакаш да градиш нешто во заедништво тогаш ќе си ја исполнуваш обврската како граѓанин на оваа држава.
Во спротивно не гледам зошто државава би имала обврска кон тебе.
 
Ако кандидатите не заслужуваат гласови од албанците, тогаш алабанците нема што да бараат од идниот претседател...
Ашколсун.:toe:
 
... ти доколку сакаш да градиш нешто во заедништво тогаш ќе си ја исполнуваш обврската како граѓанин на оваа држава.
Во спротивно не гледам зошто државава би имала обврска кон тебе.
Да, сакам да градиме заедништво и ќе подржам претседател кој ќе ги обедини сите граѓани на државава, еднакви и рамноправни. Се додека имаме претседатели кои работ на интерес на еден од народите на државава или на интерес на дел од народите на државава кои намерно или ненамерно не ги потцрта ја нема мојата подршка.
 
Зошто забележувам ексклузивитет во многу постови, а ќе го цитирам братот како еден од тие
ти доколку сакаш да градиш нешто во заедништво тогаш ќе си ја исполнуваш обврската како граѓанин на оваа држава.
Што е проблемот? Зошто упорно се обидувате да се подместите себеси под автоматизам како домаќини на куќава и другите како гости?
 
Гледам дека и двајцата не се разбираме, ама ако си реплицираме цело време верувам пак нема да се разбереме а времето лета. Причината верувам дека е тоа што сме различни личности и имаме различни гледишта.

Абе да седнеме на пијачка ќе се разбереме сигурно, али тоа во некоја наредна прилика ко ќе бидам во скопје.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom