Би сакал во оваа прилика да им порачам на сите добронамерни Македонци,да престанат со “курчење“ пред камери и со поставување камен-темелници барем во овие моменти кога над Македонија се прави мониторинг и скенирање од страна на НАТО и ЕУ какво што досега сме немале во историјата,за да не предизвикуваат револт и противење на групи и поединци кој се свесни дека поставување камен-темелници и брзоплетите одлуки за изградба на музеи,цркви,филхармонии се само лажна пропаганда за зголемување рејтинзи.
-Барем да добиеме визна либерализација ебаго,после тоа ако сакате не се симнувајте од лопата,секој ден по 10 објекти почнувајте,сечете ленти,осветувајте цркви,џамии или крстови,што ви душа сака правете,за да предизвикате револт кон оние кој не се партијски заслепени од “успесите“,па да се конфронтираме по плоштади,да се “колиме“ по медиуми,предизвикувајте опозиција доколку ја има,впрочем тоа единствено ви преостанува вам,како што ним им преостанува демонстративно да истапат против вашите пропагандни активности.Значи предлогот е да се добие барем мало делче демократија,да излеземе од оваа изолација,за која не уверуваат дека не сме ја ни имале,ама мораме по 500 километри само за виза да патуваме и ора по амбасади да играме.Стрпете се мајкаму стара уште некој месец,па после не демонстрации,што сакате правете,ако треба и востанија дигајте оти вака сите вие им наштетувате само на Македонските граѓани кој ги држите несвесно во заложништво и безизлез!