Picasso`
Schizophrenic!
- Член од
- 26 јануари 2007
- Мислења
- 4.149
- Поени од реакции
- 197
дневник пренесува
Срамен молк на црковните лица за безбожните акти на плоштадот
(Повод: Протестот и антипротестот на плоштадот Македонија)
Средновековна орда, која инквизициски го превоспитува секој што мисли поинаку, и' се случи на Македонија во 21 век. Црковната кореографија и срамниот молк на црковните старешини, зборува или за нивна индиферентност или соучество во безбожните акти на плоштадот Македонија. Кое и да е, симптомите се на опасна духовна заспаност и затапена совест.Во една пригода, Исус Христос им рече на своите слушатели дека „ако тие замолкнат, камењата ќе прозборуваат“. Во глувата тишина од одговорните, се чувствувам повикан да се обратам за ова прашање.
Почитувани студенти што излеговте да го изразите своето незадоволство, ве замолувам од името на сите христијани, да го простите чинот на насилство извршен врз вас, бидејќи навистина тие „не знаат што прават“. Тие најнапред самите не ги прифатиле идеалите на христијанската етика, која учи за највисок степен на меѓусебна љубов и почит, а ниту општочовечките норми на однесување. Без разлика дали во вас ќе има доблест да простите или не, ве молам да не го земате нивното душманско однесување како пример на вистинското христијанство.
Во Новиот завет Исус вели дека две Божји заповеди се најголеми: љубовта кон Бога и љубовта кон ближниот како кон самиот себе. За жал, оние што се накитија со крстови, икони, пцости, вили и стапови, демонстрираа недостиг од љубов кон Бог и кон своите ближни. Со кршењето на двете најголеми заповеди го демонстрираа степенот на (не)познавање на својата вера. Со тие вили и стапови, не удрија само по вас, туку и по името и учењето на Исус Христос.
Затоа, почитувани сограѓани, кои мирно сакавте да ја изразите својата волја, ве замолувам, ако некому забележувате, забележете на нивното незнаење, слабост и заблуденост, но немојте да и' забележете на христијанската вера, која остро ги осудува и отфрла постапките спротивни на нејзините идеали. Се надевам оваа молба ќе биде сфатена како поучно духовно слово упатено со љубов и почит до сите вас, истомисленици и неистомисленици подеднакво.
м-р Марко Грозданов, теолог