Кралот Марко
Не прилепчанецот, ами Јас
- Член од
- 6 ноември 2008
- Мислења
- 3.969
- Поени од реакции
- 278
Протест до протестантите и од двете страни! И двете страни како т.н. студенти и т.н. христијани повеќе од очигледно е дека знаеја дека спротивниот табор ќе се собира па побрзаа да ги преварат едните-другите. И не ми е јасно како само од толкав плоштад, на кој има толку многу место, две мали групи како овие да не си најдат доволно простор да го изразат протестот.:nesum: Веројатно по обичај, колку и да е голем просторот, секогаш најинтересен дел од некој простор останува едно мало парче земја интересно за повеќе интересенти. Така е и Македонија мал простор од Европа интересен за сите. Само што никако и никој од нас неможе да извлече поука од ваквите настани. Впрочем веројатно и поентата не е да се извлече поука, туку да се ќари на ситно или да се замае јавноста од неуспехот или пак свесно да се втурне и црквата во дневно-политичките настани во и онака премногу наелектризираната јавност. Можеби имаше спонтаност во овие протести, но спонтаноста беше во спонтано собирање од случајните минувачи и посматрачи на овој настан од добро организираните „студенти vs христијани“. И едните и другите спремно беа накострешени едни против други, тука беа и подбуцнувачите (ама бледо маскирани), оние што се рчкаа и се разбира и оние што не трпат рчкање па раката им излетува пред паметот. Како резултат од сето тоа видовме се на се едно добро организирано прво полувреме. Целта беше постигната со ситни шамарчиња и буткања. Маѓутоа сведоци сме дека второто полувреме уште трае, ама тоа веќе се води пософистицирано и од партиските штабови. Публиката очигледно се „зае.а“ што купи карти за овој натпревар бидејќи не успеа да види некој гол (или гола :kesa вистина, туку присуствуваше на уште еден досаден натпревар во кој Стјудентс VS Христијанс ќе се добива на 5 Април. Само за потсетување почитувани, преодниот рок пред второто коло сеуште трае.