- Член од
- 1 ноември 2008
- Мислења
- 7.396
- Поени од реакции
- 1.880
Партиите може да се вмешаат во секоја една одлука на индивидуалец или група која за дивно чудо и не мора да е партиски определена, да си ги оствари своите уставни права. Може да се вмешаат за да искористат прилика за напаѓање или профитирање. На свеста на индивидуалецот е да процени дали се ќе прима низ биполарна партиска призма, или ќе размисли дека доколку на мој протест на плоштадот Македонија прошета Филип Рикер, тоа не значи дека Барак Обама е таен помагач на протестот. Милчин и неговите ставови ми се одвратни и мене. И што требаше да направам? Да одам и да му ја здрвам една? Да го избркам од плоштадот? Генијална теза.
во право си, но и сам си кажа дека тајмингот не беше во ред
а некои си го искористија тоа на свој начин
како и да е како колеги еден спрат над мене ја имате мојата поддршка за вакви иницијативи