Би сакал да напишам за делото на Страјк, човекот кој го има пројдено сето тоа што раперите го пишуваат, го знае она што треба, и го пренесува на листот и битот на нај-перфектен начин што може...
“Кутија“ - Албумот кој вчера беше промовиран, одма го зедов, го преслушав, и моментално сум опколен со чувства најразлични, со секакви мотивации, со расположеност различно соочено со секоја лирика на секоја трака.
Тој можам да кажам дека е ликот кој ја има најпоткрепената лирика во македонскиот рап заедно со неговиот дуо-партнер Блажеј.
Тој е ликот кој за другите нас, раперите во Македонија е како да доаѓа од друга планета буквално!
Тој е ликот кој го има флоуто, иако мој фаворит дефинитивен за флоу во Македонија е стриктно Бренсис од СвП сепак мора да му се признае...
Тој е ликот кој скоро секој рапер во нашава земја пробува да го дури и копира, што е многу фејк за секој кој го пробува тоа, но за него тоа е само доказ за квалитетот кој го поседува.
Тој е едноставно ЛИКОТ!!!
Вистинскиот лик на рапот претставен преку едно це-де , преку еден албум , преку едно “кутифче“ ...
кој не го запознал рапот, и кој мисли дека е сеуште мртов.... прва можност, купување на албумот “Кутија“ и преслушување!
Поздрав, почит.