Немора да е потплатен, но мнозинството на аргументи пресудува во случајов. А Срѓан Пириватриќ не го претставува консензусот во српската наука по ова прашање туку е едно (безначајно) отклонување од него затоа што нема кажано буквално ништо ново.
Треба да се забележи дека Срѓан Пириватриќ само ги повторува ставовите на бугариските историчари -- Мутафчиев, Дујчев, Снегаров, Златарски, Иванов.
Проблемот е што Пириватриќ го занемарил основното правило на истражувачката работа т.е. поузданоста и кредибилитетот на податоците врз кои се заснова квалитетот на научното дело.
Изворите кои се користат, во недостаток на домашни, се исклучиво византиски: Скилица, Лав Ѓакон, Јован Геометар, или пак тоа се извори извадени од византискиот “филтер’’ т.е. оние што говорат од втора или трета рака - Jaхја Антиохиски, Стефан Таронски, Ал-Макин. Знаеме како е употребен терминот “вулгари’’ од византијците кој потатарениве го подметнуваат.
Од домашните извори -- а тие би требало да се најважни -- Пириватриќ ги цитира двата бугарски фалсификати (односно погрешно датирани артефакти): Преспанската и Битолската плоча.
На проблематичниот карактер на преспанската плоча и посветил само една кратка реченица, а очигледно не знае ни за анализата на автентичноста на Битолската плоча од Проф. Хорас Лант со која се побива бугарската лага за Самоил.
Според овие два домашни извори, Пириватриќ изведува заклучок за државно-правниот карактер на Самоиловата држава.:pos2:
Конкретно:
“на крају, свему овоме треба додати и домаће изворе. Од њих би се могло очекивати да пруже локално, бугарско виђење збивања. Оно би посебно било занимљиво са идеолошке стране проблема, уколико би показали како су се у државно-правном смислу себе видели Самуил и његови наследници’’ (С. Пириватриќ, Самуилова држава, стр. 24)
За битолската плоча, Пириватриќ сосема погрешно го тврди следново:
“Податак са битољског натписа коригује мишљење које је давно изнео Острогорски, верујући да се титула самодршца јавила у Другом бугарском царству." (С. Пириватриќ, Самуилова држава, стр. 141).
Значи, Пириватриќ го коригира Острогорски врз на основа на (бугарски фалсификат) односно извор чија автентичност тој не се ни обидел да ја провери, иако Проф. Лант ги објави резултатите на својата анализа во “Словенски преглед’’ во 1972 год, со кои докажа дека бугарите погрешно ја датираат истата и изведуваат погрешен заклучок.
А потатарениве се убија да го цитираат бидејќи е Србин...:uvo: