
По повод 100-те години фудбал во Македонија, Македонската фудбалска федерација и Т-Мобиле организираат спортски хепенинг на Градскиот плоштад со почеток во 18 часот каде љубителите на фудбалот ќе имаат ексклузивна можност да се дружат со нашите репрезентативци и потоа на голем видео бим да го проследат директниот пренос на натпреварот Македонија-Шпанија.
Македонските репрезентативци ќе дојдат во 18:00 часот, извесно време ќе се дружат со посетителите, по што ќе заминат на последните подготовки пред официјалниот натпревар со Шпанија. Настанот ќе биде од забавен карактер, а сите љубители на македонскиот фудбал ќе можат да ги покажат своите фудбалски вештини на мини фудбалските терени поставени на Градскиот плоштад.
Овој хепениг е продолжение на низата настани поврзани со фудбалот кои Т- Мобиле заедно со Mакедонската фудбалска федерација ги организираат за спортските љубители и имаат за цел размена на нови искуства и доживувања и промоција на спортот во Македонија.
http://kajgana.com/sport/druzenje-so-makedonskite-reprezentativci-na-gradskiot-ploshtad.html