Македонија VS Шпанија

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonia>>Europe
  • Време на започнување Време на започнување

Тип

  • Македонија победник

    Гласови: 207 43,7%
  • Шпанија победник

    Гласови: 138 29,1%
  • Нерешено

    Гласови: 129 27,2%

  • Вкупно гласачи
    474
Статус
Затворена за нови мислења.
Во колку часот играме во 21 или 22..???
 
Во колку часот играме во 21 или 22..???
Во 21.00ч треба да бидеме сите на стадион, Шаќири ќе се опростува од репрезентацијата мислам, а во 22.00ч почнува натпреварот.

Конечно и јас ја заменив картата.
11 Блок | 2 Ред | 10 Седиште

:jojo::vozbuda:
 
Абе друже нишo немат обележано...сликава е земена како пример
Houston%20Dynamo%20stadium%20011508.gif


На билетот од позади имат ваква слика.
Е сега на ова слика трибините се обележани (жолто 115,114...), а додека на билетот северна е само со жолто обележано и нишо повеќе.

Жолт дел (Северна)
Зелен дел (Јужна)
Црвен дел (Исток)
Виолетов дел (Запад)

А да беше обележано како на сликава сигурно немаше да прашувам :wink:

Edit: Ајде сите ќе погодуваме кој каде би можел да биде :)
4t50sz.jpg

1.ти најверојатно ќе седиш на ќошот кај запад (на првиот црвен ред :smir:)

2. а за ова болдираното јас најверојатно ќе бидам на фотељата од левата страна на телевизорот а твоја десна страна :tv:
 
Еве што стои на фудбалската асоцијација на Шпанија на нивната официјална страна

Инаку има некој информации дали и кога пристигнаа Шпанскиот тим?
AEA 851 MADRID AIR EUROPA(AIR ESPANA)/PALMA 13:05

значи слетале :)
 
Глупости направија најпрво со меѓувањево на картите гужви секакви башка дупла работа.После ова со Боки навистина ќе биде катастрофа на кој со што ќе му дојде при рака ќе фрла по него.Ова со личниве карти што ги бараа ФФМ највероватно ќе бидат тужени кажаа и на вестите.
 
Да не знае некој кога си одат шпанциве у четврток се надевам не сабајле зошо поручек и така треба на аеродром да идам али мислам дека посабајле ќе си одат:nesum:
 
Ова со картиве е општ хаос на север можеби нема да биде така седнување кој каде сака ама сум цврсто уверен дека на југ ке има фрки расправање и ред други работи за тоа кое седиште на кого му припаѓа. како може бе тие ффм од глупост во глупост да влагаат од крајност во крајност ќе им дојде ли некогаш паметот.

според инфо од страната на аеродромот шпанците треба да си заминат веднаш по утакмицата во во 1 и 15.
AEA852 MADRID AIR EUROPA(AIR ESPANA)/PALMA 01:15
 
јубилејот - 100 години фудбал во Македонија ќе почне со едноминутно молчење поради трагичната смрт на капитенот на Еспањол, кој во саботата почина од срцев ударМакедонија ќе празнува јубилеј - 100 години фудбал, а гостите од Шпанија во сосема поинакво расположение ќе го играат пријателскиот меч во Скопје утре од 21:30 часот (пренос на МТВ) на скопската арена „Филип Втори“.

За актуелните европски прваци мечот доаѓа во незгоден момент, по ненадејната смрт на капитенот на Еспањол, Дани Жарке. Тој на 26-годишна возраст почина во саботата од срцев удар, додека беше на подготовки со тимот во италијанскиот спортски центар Коверчано.

- Нема да ни биде лесно да играме по трагедијата што се случи - рече Висенте дел Боске, селекторот на Шпанија. Тој го опиша Жарке како голем талент, а некогашниот капитен на младата репрезентација на Шпанија беше на поширокиот список и за сениорскиот состав на „црвената фурија“. Мечот во Скопје, на барање на гостите, ќе почне со минута молчење во чест на Жарке, а Шпанците ќе носат црн флор.

-Појма неам која е страната на аеродромот(шо мора по натпреварот да си идат нека останат уште еден ден):)
 
Се враќам сеа од аеродром и Палас, и можам само да кажам дека сме изрод од држава.

Ги криеа шпанците ко да се некои најопасни терористи, преку ВИП влезови, со полиции чуда господ да чува и да брани.

Пред палас немаше многу народ 20 души имаше ама и таму џандари колку сакаш неможеше да се види никој од шпанците.
 
Се враќам сеа од аеродром и Палас, и можам само да кажам дека сме изрод од држава.

Ги криеа шпанците ко да се некои најопасни терористи, преку ВИП влезови, со полиции чуда господ да чува и да брани.

Пред палас немаше многу народ 20 души имаше ама и таму џандари колку сакаш неможеше да се види никој од шпанците.

Па не е до нас тоа и до полицијата.
Шпанија си има правила кои ги поставила. Си кажале јасно дека сакаат изолација, посебно од навивачи (што донегде ги сваќам, ако направат јавен тренинг ќе отидеме 500 000 да ги видиме, ние гледаме фудбалски ѕвезди на неколку години, ова ни е шанса).
Така да не се нашиве криви, едноставно ги почитуваат барањата на шпанците. Сосема нормално. Самите тие бараат да бидат чувани од стотици полицајци.
 
Во моментот би сакал да бидам вработен во Александар Палас :pipi:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom