Македонија VS Шпанија

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonia>>Europe
  • Време на започнување Време на започнување

Тип

  • Македонија победник

    Гласови: 207 43,7%
  • Шпанија победник

    Гласови: 138 29,1%
  • Нерешено

    Гласови: 129 27,2%

  • Вкупно гласачи
    474
Статус
Затворена за нови мислења.
Момци де бе кажејте каде да најдам карти?:nerv: Плакам 1000 денари за 2 карти :smir:

Кој знае од каде да набавам нека ми пише :smir:
 
Серхио Рамос е повреден најверојатно нема да настапува против Македонија...
 
Ке има ли комити со шпанија ако има од посикусните комити нека пише некој тука.Сепак ако има комити ке има многу јака атносвера а до сеа никој ништо не спомна дали ке има комити на запад по што знам не сме баш во најдобар однос со ффм
Од групата викаат дека ќе нема на трибини Комити така кажаа, сеуште продолжува бојкотот на ФФМ...
 
Циганска Држава....со вакви фори само во Африка...нека ја местат и фудбалерите за пари, ко што ффм прави фори со картиве...да ви се мочам на сите апаши!
 
Циганска Држава....со вакви фори само во Африка...нека ја местат и фудбалерите за пари, ко што ффм прави фори со картиве...да ви се мочам на сите апаши!
Уште ако испадне кец у два ќе биде интересна работа хаха
 
Каква Африка ова и во Африка тешко да го има.Како може да се дозволи еден да купува 1500 карти.Се знае како е во нормалните држави до 3 карти најмногу.
Да сум една власт во оваа наша ако може да се нарече држава ќе ги поништев сите карти уште првиот ден оти не верувам дека некој обичен навивач си купил карта.
Абе ако бевме држава некој ќе одговараше за ова ФФМ најмногу но гајле си нема никој.
Моја претпоставка е дека 70% од публиката ќе се искусни митингаши нема тука лошо барем за викање ѓи бива.
Но нема што да се жалиме каков народ такви управители.
 
Уште ако испадне кец у два ќе биде интересна работа хаха

Не ни помислувајте на вакви работи. Прво, мразам инсинуации, посебно кога се работи за државен тим. На играчите мислам, не на апашаната. Второ, со Шпанија играме, алоооо... Нема кај нив 1-2, трте мрте... Тие играат. И пеглаат. Видете им ги резултатите. Последните 5 пријателски, 5 победи, гол разлика 15-0!

Еднаш пробаа едни апаши да местат со Ирска и овие не пријавија во УЕФА. Тие се сојузи со традиција. Кај нив работат луѓе од фудбалот. Не арамии и сопственици на кладилници.

Така да, си го знаеме раководството што гоеда се, ама заради играчите не е добро да се пишуваат вакви работи. Дури и да заврши 1 во 2, не значи дека некој ја „наредил“.
 
Дај доказ од кај да ти веруваме цццц

Серџо Рамос не е повикан за подготовките на Реал Мадрид во Америка, така да ќе биде многу тешко да настапи против Македонија. :smir:
 
Играчот на Барселона, Андрес Инјеста нема да се најде на списокот на фудбалери за шпанската репрезентација кои ќе настапат во Скопје, на 12 август.

Иниеста сеуште не се опоравил од повредата здобиена на Купот на конфедерации во Јужна Африка.

Неизвесен е и Маркош Сена кој ја залечи повредата, но Делбоске денеска во 12:30 часот ќе го објави списокот на фудбалери и ќе реши кои репрезентативци ќе допатуваат на пријателскиот меч со Македонија.

Шпанскиот селектор ќе одржи еден тренинг во понеделник, а во вторник Европскиот шампион се очекува да пристигне во нашиот главен град.
 
На крај ќе ипадни Шпанија да дојди со втор состав па џабе да биде одењето на стадион.А за резултатот, сигурно завршува нерешено.
 
Има уште многу работа на „Филип Втори“

F39D4729AFE77040A415B93E44636176.jpg


Околу 90 отсто од изградбата на Северната трибина на стадионот „Филип Втори“ во Скопје е завршена, пред пријателскиот натпревар со фудбалската репрезентација на Шпанија на 12 август. Останатиот дел од работата на стадионот ќе се заврши во следните четири години, велат од Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. Владата донела одлука во следните четири години целосно да ги реновира и западната и источната трибина, целосно да ја реконструира јужната трибина и да го промени теренот со нова тартан-патека, дренажа и грејачи.

- Изградбата е завршена со 90 проценти, но опремата е само делумно донесена, па од финансиски аспект може да се каже дека реализацијата е до половина - истакна Зоран Мисовски, директорот на секторот за градба при ЈПССДП.

По четири години арената „Филип Втори“ ќе има капацитет од 36.400 гледачи. Во моментов на северната трибина се комплетирани 10.000 седишта, од кои 9.303 за гледачи, 456 за ВИП и 248 за новинари. Јужната трибина со реконструкцијата ќе се зголеми од 11.477 на 12.000 места, а Исток и Запад ќе прибираат по 7.152 гледачи.

Според она што го виде „Дневник“, ВИП-ложата е со кожени седишта, а видните личности до таму нема да одат по скали, туку со посебен лифт, кој веќе е тестиран од работниците. ТВ и радиокоментаторите ќе имаат можност да работат на 22 места во затворени студија.

1ADCB9200830C84299DA6C12814ED7CB.jpg



ПОДОБРО ЗА ФУДБАЛЕРИТЕ

Мошне подобрени услови ќе имаат фудбалерите, за кои во поттрибинскиот простор е изградена интерна улица, по која може да се движат само официјалните возила и да ги избегнуваат мешаниците и опасностите. Резервните играчи и тренерите на средбата со Шпанија ќе седат на клупите во старите боксови до теренот кај јужната трибина. Но во наредниот период фудбалерите, по примерот на модерните стадиони, ќе се симнуваат по скали во поттрибинскиот простор на север.

Туш-кабините се' уште се градат, а соблекувалните се речиси готови. „Шминкањата“ со фасада и тревници не се ни започнати, чакалот и прашината наголемо се присутни, но значителни проблеми и натаму треба да се решат. Двата влезно-излезни моста за северната трибина излегуваат на кејот на Вардар, па гледачите ќе треба да се „туткаат“ на пешачката патека и да чекаат на насипот, а дополнителен притисок создава нелегалната градба позната како „Кинески ѕид“. Патеката мора да се прошири во иднина до 8 метри за да постои комоција - признава одговорниот Мисовски.

8CB0B39B2C2FBF4CB40A3D286F35A8DB.jpg


ПАРКИНГ НИ ЗА ЛЕК

Паркинг ќе нема ни за лек, а допрва треба да започне подигнување на катна гаража на другата страна на Вардар, кај стариот автополигон. Во ЈПССДП велат дека градоначалникот Коце Трајановски се понудил со изградба на мост дотаму.

Многу позгодно ќе и' биде на публиката при непосредното следење на мечот. Рефлекторите ќе снабдуваат светлина од 1.600 лукса при минимална норма на УЕФА од 1.500 лукса. Покривот е изграден од поликарбонат и дава многу попријатно чувство, за разлика од масивната градба на јужната страна. Озвучувањето е поставено на покривот, така што посебни служби се погрижиле за подобра акустика за гледачите. Низ 12 излези од трибината, пресметано е празнење на гледалиштето за 7,5 минути.

- Препораките на УЕФА се од една трибина да може гледачите да излезат за максимум 12 минути, а ние сме подобри за 4,5 - наведе Мисовски.Безбедноста е на високо ниво, постојат скалила за вонредни ситуации што водат кон теренот, а при сите служби постои и амбулантна просторија за медицинска помош на присутните. Се тестира и новиот сопствен генератор, кој во вонредна ситуација со 350 киловати би го снабдил со струја целиот стадион.

Проблемот со семафорите ќе се решава со веќе распишан тендер, но поставувањето бара време. Два ќе бидат поставени на источна и западна трибина со димензии од 16 на 8 метри и дисплеј од 100 квадратни метри.

Државата ќе менаџира со поттрибинскиот простор

Владата одлучи самата да го менаџира поттрибинскиот простор и да не го дава под концесија на стопанственик што би се грижел за комерцијалните услуги под пазарни услови. Таа ќе формира посебно акционерско друштво составено од членови на разни јавни субјекти кои ќе раководат со просторијата за кардио-фитнес, канцелариите, кафетеријата, салонот за убавина, апартманите, салата за состаноци, џакузи и друго.

Александар Кузмановски
ДНЕВНИК
 
абе дајте некоја карта !!!!!!!!!!!!!!!!!!

ееееееееееееееееејјјјјјјјјјјјј

горан 070383905
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom